Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
2Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
СветГладков: Руската ПВО собори неколку воздушни цели на приодот кон БелгородРуските воздушни одбранбени сили утринава соборија неколку воздушни цели на приодот кон Белгород, а гранати погодија два детски кампа, во напад во кој според првичните податоци нема жртви, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.„Нашиот систем за противвоздушна одбрана работеше над Белгород и Белгородската област, беа соборени неколку воздушни цели на приодот кон градот, немаше прелиминарни жртви“, напиша Гладков на Телеграм. Тој наведе дека во Белгород од директни удари на гранати биле оштетени помошниот објект во еден детски камп и стадионот во друг, како и дека се запалила сува трева на површина од 50 метри квадратни. Покрај тоа, според тврдењата на рускиот функционер, причинета е мала материјална штета на неколку приватни станбени згради во две села во областа Белгород, по нападот на Вооружените сили на Украина. Како што истакна Гладков, сите оперативни служби работат на терен, а информациите за последиците од овој напад се уште се утврдуваат. Претходно руските медиуми јавија дека утрово се случиле серија експлозии во центарот на Белгород во моментот кога во тој руски град во близина на границата со Украина била прогласена ракетна закана. Серија експлозии се слушнале во реонот на централниот плоштад во Белгород во моментот кога се огласила сирената за воздушен напад. Потоа, околу 15 минути подоцна, во градот одекнала уште една серија од дваесетина експлозии. „Ракетната закана во Белгород и Белгородската област е откажана по повеќе од еден час“, објави Гладков. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени09:08Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
СветХакери упаднаа во ФБИ. Трамп: Можеби ќе дознаеме нешто за изборната измамаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации,.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации, вклучително и во врска со истрагата за руското мешање во американските избори и наводните изборни измами. „Секогаш сакам да гледам на работите од позитивната страна“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“, коментирајќи го вториот голем сајбер-напад врз ФБИ во изминатите два месеца. Хакери упаднаа во чувствителна база на податоци на ФБИ Според информации што две лица запознаени со случајот ги потврдија за телевизијата „MS NOW“, хакерите пристапиле до Националниот центар за криминално разузнавање (NCIC) – една од клучните бази на податоци на ФБИ. Базата содржи податоци за отпечатоци од прсти, лица по кои се трага, сторители на насилни кривични дела и исчезнати лица. Пристап до овие информации имаат само органите за спроведување на законот, но податоците не се класифицирани како тајни. Сè уште не е познато колкаво количество податоци успеале да преземат напаѓачите. Од ФБИ не одговорија на барањето за коментар, а веста за нападот прв ја објави Си-Ен-Ен (CNN). За време на телефонско интервју за „Фокс њуз“, Трамп призна дека хакерскиот напад не е добра вест, но истовремено изрази надеж дека тој би можел да открие информации што претходно не биле достапни за јавноста. „Ќе кажам дека тоа не е добро. Не ми се допаѓа. Но, можеби ќе дознаеме работи што инаку никогаш не би ги дознале, бидејќи, знаете, ја имавте целата таа измама ’Русија, Русија, Русија‘“, рече Трамп. „Можеби ќе дознаеме нешто за изборните измами – сите тие изборни измами што се случија“, додаде американскиот претседател, без да понуди какви било докази со кои би го поврзал овој упад со своите тврдења. Трамп со години ги оспорува наодите од истрагите за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година. Тој, исто така, продолжува да изнесува неосновани тврдења за распространети измами на изборите во САД. Ова е втор значаен безбедносен инцидент поврзан со ФБИ во последните два месеца. Во септември, хакерска група позната како „Шајнихантерс“ (ShinyHunters) упадна во системи што содржат податоци за вработените во оваа американска федерална агенција. Тогаш, напаѓачите дојдоа до чувствителни информации за речиси сите вработени во ФБИ, како и за бројни службеници од локалните органи за спроведување на законот, кои учествувале во заеднички истражни тимови.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаТриумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на трката за Големата награда на Лас Вегас од светскиот шампионат во Формула 1.За извонредниот Холанѓанец ова е четвртата победа во последните шест трки. Трката за Големата награда на Лас Вегас, дефинитино беше најнеизвесната и највoзбудливата оваа сезона. Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Верстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него. Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот Верстапен. Холанѓанецот, по голема борба и бројни промени во водството, стигна до триумф пред Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен. Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри. Четвртото место му припадна на Антонели, додека Алпин оствари одличен резултат благодарение на петтата позиција на Гасли и шестото место на Франко Колапинто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир КапијаОд редовна обука во вистинска спасувачка акција: Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија. За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и непристапен терен, при што се здобило со тешки телесни повреди. Веднаш по добивањето на информацијата, припадниците на специјалните сили пристапиле кон организирање и спроведување на спасувачката акција. На повреденото лице му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што, со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, било извршено безбедно извлекување од непристапниот терен и транспорт преку реката. По успешно извлекување до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување. Оваа успешна интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста, подготвеноста и способноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови. Воедно, таа е потврда за нивната пожртвуваност, решителност и подготвеност за ангажирање во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштита на човечките животи.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter