Ѓуровски: Со воената донација за Украина се остваруваат најмалку три стратешки цели

Нашата држава со воената донација за Украина остварува најмалку три стратешки цели за што постои консензус меѓу сите релевантни парламентарни политички партии во земјата.

Тоа го изјави за МИА проф.д-р Марјан Ѓуровски, универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”.

-Мaкедонија се потврдува како сериозен партнер – земја членка на НАТО преку манифестирање на реална поддршка и воена помош на Украина, е првата цел, појаснува Ѓуровски. Наведува дека ваков тип на воени донации направија и други помали земји како Словачка, која донираше авиони МИГ и тенкови Т-72 за украинските вооружено сили.

– Со овој потег, Армијата се ослободува од вооружувањето и од опремата кои не се од западно производство и не се дел од новата формација на Армијата согласно НАТО стандардите, а може да се користи. Воените донации воопшто не ја нарушуваат борбената готовност на Армијата која е на највисоко ниво и официјално високо оценета и од НАТО на последната вежба во Криволак, вели универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”.

Истовремено, нагласува, треба да се истакне дека се реализира долгогодишниот план за модернизација на Армијата. САД, истакнува Ѓуровски, директно помогна за модернизација на македонската армија со финансиска помош од 40 милиони долари што е особено значајно за нејзината опременост и готовност за идниот период.

Опремата за која зборуваме, потсетува тој, Македонија ја набави од Украина за време на воениот конфликт во 2001 година. Согласно Стратегискиот одбранбен преглед и со новата формација на вооружените сили, појаснува Ѓуровски, авионите Сухои 25 не се користат долг период во македонското воено воздухопловство зошто за нив по членството во НАТО воопшто и нема потреба.

Како трета стратешка цел, што се постигнува според Ѓуровски, нашиот народ и држава преку донацијата на воена опрема и вооружување за Украина искажува благодарност до Украина и до украинскиот народ кои беа меѓу ретките кои во најтешката 2001 година ни помогна со вооружување и опрема за Армијата и тоа во услови кога бевме под ембарго и под будното око на меѓународната заедница.

– Одлуката на Владата се темели и на резолуцијата на Собранието на Република Македонија за осуда на воената агресија на Русија врз Украина. Оттука, целосно се несериозни обидите да се девалвира нашата Армија заради овој чекор пред се од структури кои служат на проруските елементи во регионот. Политиката на Путин за промена на курсот на државите во регионот ќе биде поразена и на Балканот, изјави за МИА проф.д-р Марјан Ѓуровски, универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Уште еднаш нагласи дека со употреба на новата опрема и системи во приоритетните единици, нужно е Армијата да се ослободува од постарите системи и опрема. Посочува дека процесот на аквизиција со новото вооружување и опрема, односно опремувањето и модернизација е предвиден и во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности поддржан со посебна резолуција од Парламентот.

– Да потсетам, согласно законската регулатива се имплементираат осум проекти за модернизација на Армијата преку склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на НАТО.

Со планот за модернизација на Армијата предвидени се набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО-систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили. Со новата опрема дополнително ќе се зголеми подготвеноста на Армијата и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји, нагласува во изјавата за МИА професорот Ѓуровски. /МИА

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер