Ѓуриќ: Полноправното членство во ЕУ е крајната цел на Србија и ништо помалку од тоа - Канал 5

Ѓуриќ: Полноправното членство во ЕУ е крајната цел на Србија и ништо помалку од тоа

-Ако сакаме регионот да биде целосно интегриран, мораме да ги здружиме силите во залагањето за влез на регионот во ЕУ, без разлика на разликите меѓу нас, рече Ѓуриќ.

Ѓуриќ: Полноправното членство во ЕУ е крајната цел на Србија и ништо помалку од тоа

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ на состанокот на европските министри за надворешни работи на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ и партнери од Западен Балкан, што се одржува во Гетвајг, Австрија, зборувајќи за процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ, рече дека за да ги решиме сите предизвици со кои се соочува не само нашиот регион, туку и Европа во целина, мора да ги здружиме сите наши ресурси, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ако сакаме регионот да биде целосно интегриран, мораме да ги здружиме силите во залагањето за влез на регионот во ЕУ, без разлика на разликите меѓу нас, рече Ѓуриќ.

Според соопштенеито на срспкото МНР, тој кажа дека многумина во Западен Балкан имаат впечаток дека во одредени политички кругови постои принципот „еден внатре, еден надвор“ кога станува збор за проширувањето на ЕУ, што влијае на перцепцијата на јавноста за процесот на проширување.

-До 2027 година Србија планира да ги заврши сите поголеми законодавни, економски и политички реформи неопходни за пристапување во Европската унија. Нашите приоритети се многу јасно поставени. Дополнително, Србија сака да продолжи да биде фактор на стабилност и да помогне во зачувувањето на мирот во регионот, нагласи шефот на српската дипломатија, подвлекувајќи дека тоа може да се постигне само во соработка со Брисел и другите страни во регионот.

Исто така, Ѓуриќ рече дека Белград одлуките ги носи самостојно и се стреми што повеќе да се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија на патот кон постигнување полноправно членство.

-Сакаме полноправно членство како крајна цел и ништо помалку од тоа. Нема да имаме компромис по тоа прашање, изјави шефот на српската дипломатија.

Кога станува збор за политичките односи во регионот, Ѓуриќ според соопштенеито на МНР, посочи дека се уште има нерешени прашања од 1990-тите и дека ќе бидат потребни сериозни напори за решавање на овие прашања на праведен начин, како и целосна посветеност и поддршка од највисоките европски претставници./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа и натаму зависи од американските ракети за поставување сателити- разликите се огромни

Европа во своите ракетни програми далеку заостанува зад САД и ќе продолжи да зависи од американските ракети за лансирање сателити во орбитата во годините што доаѓаат.

Европа и натаму зависи од американските ракети за поставување сателити- разликите се огромни

Европа во своите ракетни програми далеку заостанува зад САД и ќе продолжи да зависи од американските ракети за лансирање сателити во орбитата во годините што доаѓаат, изјави за Ројтерс извршниот директор на полскиот производител на сателити Creotech Instruments, Гжегож Брона.

Минатата година, во светот беа извршени вкупно 324 лансирања во Земјината орбита, од кои САД извршија дури 193, а Европа само осум. Само Starlink изврши 122 лансирања, според податоците од Европската вселенска агенција.

Кина изврши 93 лансирања, што претставува 25 проценти од вкупниот број, според ESA. Creotech не вклучува американска технологија во своите сателити за да ги избегне законите за извоз на оружје на САД, кои му дозволуваат на Вашингтон да ја блокира продажбата на сателити ако содржат делови произведени во САД.

Но, сателитите на Creotech продолжуваат да достигнуваат орбита на американски ракети, вклучувајќи четири што компанијата ги изгради за програмата MikroGlob на полската војска и ги лансираше Starlink.

Европа сè уште зависи од американските сателити

Европската индустрија може да произведе илјадници сателити, но сè уште нема компанија што би ги лансирала во орбитата, наведува раководителот на полската компанија.

„Европа, секако, се буди“, додава Брона, истакнувајќи ги новите европски ракетни програми, вклучувајќи ја и германската, но изградбата на доволен број ракети веројатно ќе трае десет години, предупредува тој.

Во посебна изјава, директорот на полската компанија рече дека ЕУ веќе започнала програми за инсталирање на неколку големи сателитски констелации и Креотек има намера да испрати понуди на тендери.

Производителот на сателити планира да отвори објект во 2029 година со годишен производствен капацитет од 40 сателити од различни типови или до 100 сателити од ист модел. Во моментов, компанијата има објект со капацитет од 10 сателити годишно.

„Кротех“ ќе започне со отворање филијали во Франција и Германија во наредните недели, додаде Брона, истакнувајќи дека компанијата има намера да започне со производство на сателити со тежина од 500 килограми до 2032 година.

Приходот за следната година е веќе загарантиран, а компанијата веројатно ќе потпише уште неколку договори во рок од шест месеци, изјави директорот на полската компанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца им се предале на властите по пробивањето на заштитната ограда на аеродромот во Лајпциг (ВИДЕО)

Двајца мажи се предадоа на германската полиција откако со автомобилот поминале низ безбедносна ограда на аеродромот во Лајпциг. 

Двајца им се предале на властите по пробивањето на заштитната ограда на аеродромот во Лајпциг (ВИДЕО)

Инцидентот привлече внимание бидејќи на истиот аеродром во август се случи напад со беспилотно летало, за што германските власти ја обвинуваат Русија, пишува АП.

Полицијата во Лајпциг денес објави дека двајца мажи, на возраст од 20 и 32 години, се предале синоќа. Помладиот маж изјавил преку својот адвокат дека ја изгубил контролата врз возилото претходната ноќ додека возел во близина на аеродромот и удрил низ ограда.

Потоа, тој избегал од местото на несреќата и повикал служба за влечење за да го отстрани автомобилот. Полицијата утврдила дека 20-годишникот нема возачка дозвола. 32-годишникот потврдил дека е сопственик на автомобилот, но не дал никакви дополнителни детали. Возилото е запленето и истрагата продолжува.

Дупка во оградата

Германските власти истражувале како е создадена голема дупка во оградата на аеродромот, а штетата била откриена завчера околу 23 часот. Првичните докази укажувале дека возилото пробило ограда од јавниот пат. Службите за итни случаи што ја пребараа областа не го пронајдоа ниту возилото ниту натрапниците.

Во август, на овој аеродром се случи напад со беспилотно летало натоварено со експлозив. Германските власти ја обвинија Русија за чинот, што Москва го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најпопуларната инфлуенсерка ги воодушеви сите во Лос Анџелес со длабокото деколте (ВИДЕО)

На забавата по овогодинешната модна ревија на „Викторијас сикрет“, одржана во Лос Анџелес, немаше недостиг од смели модни изданија. 

Најпопуларната инфлуенсерка ги воодушеви сите во Лос Анџелес со длабокото деколте (ВИДЕО)

Откако покажаа прекрасна долна облека и препознатливи ангелски крилја на пистата, многу познати девојки ја продолжија забавата, а некои избраа подеднакво предизвикувачки комбинации за пригодата.

Меѓу нив беше и Ирина Шајк, која се појави во црн градник и проѕирни црвени панталони со низок струк, а под нив се гледаа гаќички. Нејзиното издание привлече големо внимание, но таа не беше единствената што одлучи да покаже малку повеќе кожа.

Аликс Ерл во мини фустан со длабоко деколте

Американската инфлуенсерка Аликс Ерл (25) исто така привлече внимание, која за забавата избра краток црн фустан со долги ракави со особено длабоко деколте што се спушташе речиси до папокот.

Минималистичката, но многу смела манекенка ја нагласи својата фигура, а комбинацијата ја надополни со црни чевли со високи потпетици, мала црна чанта и пристоен накит. Косата ја држеше спуштена, а остатокот од изгледот го држеше едноставен, дозволувајќи фустанот да зборува.

@alixearle

mantra 💋💋💋💋💋

♬ Housewife - Tate McRae

Фустанот е достапен во Revolve

Аликс носеше црн двостран мини фустан од брендот Peik Helsa, кој се продава на Revolve за 315 евра. Изработен е од лесен вискозен материјал, а благодарение на реверзибилниот крој, може да се носи со длабок преден или заден дел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер