Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“
1Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“
БалканЃуриќ: Исклучени се разговори за признавање независност на Косово Никој во Владата на Србија не води разговори за независноста на Косово. Србија и САД немаат идентичен став за статусот на Косово, но дијалогот е неопходен. Тоа денеска за РТС го изјави шефот на српската дипломатија, Марко Ѓуриќ кој беше во неколкудневна посета на САД. „Очигледно е дека немаме исти ставови за прашањето за статусот на Косово и Метохија, но дали треба да разговараме, да ги презентираме нашите аргументи и да лобираме - апсолутно да. И ќе се борам за тоа без оглед на тоа дали е популарно или не“, рече Ѓуриќ. Осврнувајќи се на наводите во дел од јавноста за наводни разговори за признавање на Косово, министерот нагласи дека таквите тврдења се невистинити. „Приказните за разговори за независноста на Косово се апсолутни лаги. Такви разговори не само што не се водат, туку се исклучени - и по Устав и во човечка, морална смисла. Никој од нас никогаш не би направил ништо на штета на интересите на Србија“, рече Ѓуриќ. Тој изјави дека имал „непланирана, кратка, но значајна“ средба со американскиот државен секретар Марко Рубио. „Разговаравме за тоа како да ги подобриме дополнителните резултати, го споменав и стратешкиот дијалог, разјаснивме одредени работи поврзани со Одборот за мир. Имавме и вонредни разговори во Советот за национална безбедност, каде што можевме да разгледаме многу детали поврзани со положбата на нашиот народ во Косово“, рече Ѓуриќ и додаде дека владата се обидува да го искористи „секој милиметар простор“ во односите со другите земји за да му помогне на српскиот народ на Косово. На крајот од посетата на Вашингтон, министерот за надворешни работи на Република Србија, Марко Ѓуриќ, се сретна со помошникот државен секретар на САД, Брендан Ханрахан, со кого разговараше за подобрување на билатералната соработка, регионалната стабилност и конкретни проекти во областа на енергетиката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“126 денари за килограм – толку се плаќал лебот во 2025 година во студентскиот дом „Пелагонија“ иако според пазарот цената му е 70 денари – државните ревизори утврдија низа неправилности и несоодветно трошење на јавните средства во домот. Во 2023 година, „Пелагонија“ распишала тендер за леб и брашно, а истиот го добила фирма која воопшто нема таква дејност. Договориле цена по 57 денари од килограм, но добавувачот, при фактурирањето едно парче, односно векна леб го прикажувал двојно, како килограм. Ваквото постапување поради ретките контроли немал кој да го „детектира“ дури до крајот на 2024 година. А, подобра состојбата не била и подоцна. -Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари/кг, што укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на јавните набавки,- - Државен завод за ревизија. Освен кај лебот, државната ревизија констатирала пропусти и при набавката на душеци. Извештајот нотира дека биле набавени 250 душеци, кои биле со поголеми димензии од самите кревети, па истите стојат складирани. А, мерка не била земена ниту за претходната набавка, па тоа ги оштетило и креветите. -Утврдивме дека и претходно биле набавени 450 душеци од истиот добавувач, иако постоечките биле во добра состојба, а поради тоа што димензиите на креветите се помали од душеците, била нарушена стабилноста и статиката на креветите. Тендерската документација на набавката на душеци од 2023 година содржи ограничувачки услови, а договорот е склучен со избраниот економски оператор без обезбедена банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот,- - Државен завод за ревизија. Канал 5 стапи во контакт со Агим Фејзулаху, кој директоруваше со „Пелагонија“ до крајот на 2023 година, но тој одби да даде изјава, единствено посочи дека во тендерските постапки има јасни законски услови и клаузули, кои според него се испочитувани. Актуелниот директор Орхан Алиу пак најави дека дополнително ќе одговори на наодите од ревизорите. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП ТабановцеВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на Граничниот премин Табановце.Камерите на „сејф сити“ конечно почнаа да ги санкционираат и странците, па така покрај македонските возачи, сега и странските ќе мораат да ги почитуваат сообраќајните правила и да возат безбедно. Казнувањето на самиот граничен премин вчера предизвика нервоза кај дел од возачите, бидејќи биле затекнати дека и за нив важат правилата. Каква е денес сликата го прашуваме Дејан Србиновски, кој се наоѓа на Табановце. Дејан, дали повторно имаме метеж и нервозни возачи? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаОЈО ГОКК го затвори предметот за јавните набавки на модуларните болнициПо речиси пет години предистрага, ОЈО ГОКК го затвори предметот за набавката и изградбата на модуларните болници за време на ковид кризата. Не е утврдена злоупотреба на службената положба ниту друго кривично дело. Предметот беше отворен по допрен глас во 2021 година по пожарот во модуларната болница во Тетово со цел да се провери дали при набавката, договорите и изградбата имало незаконитости. Обвинителката Верица Бержецка Крстева која е трета која го презела предметот и ја донесе одлуката, на брифинг со новинарите објасни дека анализирани биле постапките за јавни набавки, техничките спецификации, договорите, проектната документација и релевантната законска регулатива. -Од анализата на целокупната документација и извршените проверки, Обвинителството не утврди факти од кои би произлегло дека во постапките за набавка службено лице ја искористило или пречекорило службената положба или овластување, односно не ја извршило службената должност, со цел да прибави значителна имотна корист или да нанесе значителна штета,- -ОЈО ГОКК. Клучен дел од проверката била и набавката на модуларните објекти преку проектот за итно справување со Ковид-19, финансиран со заем од Светска банка. Дополнително, Светска банка по пожарот во Тетово извршила проверки на повеќе модуларни болници – во Гостивар, Струга, Прилеп, Велес и Штип. Според документацијата доставена до обвинителството, било потврдено дека набавката била спроведена согласно правилата на банката, а испорачаните објекти одговарале на техничките спецификации. -Со измените на Законот за градење објавени на 24 ноември 2020 година, модуларните градби наменети за вршење здравствена дејност биле опфатени во категоријата градби за кои не е потребно одобрение за градење. Од прибраната документација произлегува дека дел од јавните здравствени установи имале решенија од Министерството за здравство за поставување на модуларните градби, како и соодветна проектна документација,- -ОЈО ГОКК. Со ваквата јавнообвинителска одлука практично значи дека нема обвинение за Кочо Анѓушев кој е еден од споствениците на компанијата Брако која го доби тендерот за изградба на 19 модуларни болници. Ова е одвоен предмет од оној за пожарот во модуларна болница во Тетово во кој загинаа 14 лица на по три години затвор правосилно се осудени двајцата поранешни директори на тамошната болница Флорин Бесими и Артан Етеми. Инаку на брифингот со новинарите присуствуваше и шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази чиј четиригодишен мандат истекува на почетокот на ноември. Рече дека не размислува за повторна кандидатура на оваа позиција и ќе се врати во Вишото јавно обвинителство во Гостивар. Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31