Ѓурчиновски го донесе првиот медал за Македонија на ЕП во билијард - Канал 5

Ѓурчиновски го донесе првиот медал за Македонија на ЕП во билијард

 Петнаесетгодишниот Андреј Ѓурчиновски испиша историја со освојување на бронзен медал во категоријата „десетка“ на Европското првенство во билијард за играчи до 17 години, кое се одржува во Подчетртек, Словенија.

Ѓурчиновски го донесе првиот медал за Македонија на ЕП во билијард

Ова е четврт настап на Ѓурчиновски на големите континентални собири, при што тој минатите години остваруваше пласмани како делба на петтото место со пласман во четвртфинале.

Согласно пропозициите, младинците играат во четири поединечни дисциплини, а некои земји се натпреваруваат и во екипна конкуренција.

До својот прв медал Андреј Ѓурчиновски стигна со пет победи во низа меѓу вкупно 77 пријавени играчи од триесет и две европски земји.

- Денот беше навистина долг, имав пет дуели и во нив успеав да остварам победи, па дури во полуфиналето почувствував замор. Сепак, бев сопрен на патот кон финалето од актуелниот првак Макс Бенко (Словенија) кој покажа дека е подобро подготвен во моментов. Среќен сум што ја оправдав довербата и што успеав да стигнам до медал со кој нашата земја може да се гордее, изјави Ѓурчиновски.

Натпреварите на Европското првенство ќе траат до 22 јули, кога се игра последната дисциплина, популарно наречена „деветка“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на познат српски пејач

Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .

Запален автомобилот на познат српски пејач

Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип.

Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец.

Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Јануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година.

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер