Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
1Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
БалканЃукановиќ не знае дека Вучиќ доаѓа на Бадник во Црна Гора Кабинетот на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ објави дека нема добиено соопштение дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја посети Црна Гора приватно на 6-ти јануари, како што најавуваат медиумите во Србија.„Немаме официјално соопштение за приватното пристигнување на српскиот претседател Александар Вучиќ во Црна Гора. Затоа, засега немаме коментар“, соопшти црногорската претседателска служба. Претходно, од канцеларијата на претседателот на Србија беше потврдено за Танјуг дека Вучиќ, со благослов на патријархот на српската православна црква Иринеј, ќе го помине Божиќ на северот на Црна Гора. Според медиумите, тој ќе присуствува на палењето на божикните огнови и на тој начин ќе покаже „дека ова е можност уште еднаш да се покаже единството на српскиот народ во зачувувањето на српските светилишта и српската црква“. Во последните денови од 2019 година Црна Гора донесе закон за слобода на вероисповед, наспроти Српската православна црква и просрпските политички партии во Црна Гора, кои тврдат дека законот е „фронт за оодземање на српските цркви и храмови“, од кои во Црна Гора има околу 700 верски објекти. Од друга страна, тој беше поддржан од Црногорската православна црква, која смета дека ќе го врати имотот одземен од СПЦ. На усвојувањето на законот во црногорското собрание му претходеше инцидент во кој членовите на просрпскиот Демократски фронт, користејќи пиротехника , напаѓаа претседателот на парламентот Брајиќ, се обидоа да го спречат гласањето, по што сите беа уапсени, а против тројца е поведена кривична постапка. Оттогаш, по вечерните служби во црквите, се одржуваат протестни прошетки, особено бројни на северот на Црна Гора. Евентуалното пристигнување на Александар Вучиќ во Црна Гора го поздравуваат водачите на просрпскиот Демократски фронт. Еден од лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ во изјава за белградските медиуми рече дека евентуалната посета на Вучиќ ќе биде одличен ден за Србите во Црна Гора и општо за српското единство. „Ќе ми биде драго ако првиот човек меѓу избраните претставници на српскиот народ дојде и запали бадников оган некаде во Црна Гора. Би било тоа моќна порака за нас Србите да останат тука, потоа порака до Црквата и големо охрабрување за сите нас“, рече Мандиќ. Претходно, коментирајќи го законот за слобода на вероисповед, усвоен од Црна Гора, Вучиќ рече дека рацете на Србија се доста врзани и дека тој работи колку што може и не сака дополнително да ги крева тензиите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Шоу бизАктери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење. Актерка сподели снимка од прославата Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент. View this post on Instagram A post shared by Tamara Dragičević (@tamaradragicevic) „А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото. Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење. Вучиќ го призна поразот За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто. Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.Тагови: актерите Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатитеЗаостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен. Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
ЗдравјеМинистерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемијаМЗ ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес.Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста. Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини. Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим. Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети. На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста. Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800. Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.Тагови: министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook