Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот
2Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот
3ВРЕДИ: ДУИ со нова лага и нов театар, кога немаат одговор за сопствениот имот и афери, измислуваат конструкции за ВРЕДИ
РакометЃоргоновски: Клубовите мора да поработат на доближување на ракометот кај децатаФактите покажуваат дека ракометот е спорт број 1 во Македонија. Но морам да кажам дека во Скопје ракометот не е ниту во првите три центри кои придонесуваат до регрутирање деца во базата. Во организација на специјализираниот портал за ракомет „samorakomet.mk“ денес во Скопје се одржува панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“. Горан Ѓоргоноски основач на проектот „Ракомет за секое дете“ зборуваше за промоцијата на ракометот, регрутирање и услови за создавање млади играчи. -Фактите покажуваат дека ракометот е спорт број 1 во Македонија. Но морам да кажам дека во Скопје ракометот не е ниту во првите три центри кои придонесуваат до регрутирање деца во базата. Фудбалот, женската одбојка и кошарката се пред ракометот кај децата од 6-12 години. Затоа, клубовите мора да сфатат дека треба да поработат на промоција кај децата на оваа возраст. Клубовите мора да имаат маркетинг служба која ќе им го доближи ракометот на младите генерации и да им посочат на родителите што ќе добијат нивните деца со практикување на овој спорт, рече Ѓоргоноски. Тој ги повика и медиумите да им отстапат повеќе простор на ракометните натпревари и да имаат свој придонес во афирмацијата на овој спорт. За ракометот помеѓу младите во Битола говореше Стефче Стефановски, координатор за младите категории во Еурофарм Пелистер. -Ние се соочуваме со проблеми околу термините во салите. Немаме доволно слух од надлежните. Во Битола ракометот е спорт број 1 без сомневање. Затоа заслужуваме поддршка, а на нас е да ги поттикнеме и децата од целиот регион. Неопходна е и поддршка од федерацијата од аспект на селектирање на најдобрите млади ракометари, испраќање на кампови, организирање повеќе натпревари, особено меѓународни, истакна Стефановски во својата дискусија. Учесниците во првиот дел од панел-дискусијата заклучија дека финансиите, стручноста на тренерите, условите за работа, медиумската поддршка, федерацијата, наставниците, но пред сè клубовите се факторите кои се клучни за регрутирање и создавање млади ракометари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЗабаваВидео- Фото: Дејвид Бекам има ново хоби: „Ги проверувам моите кокошки“Легендата на светскиот фудбал, сега сопственик на Интер Мајами, Дејвид Бекам повторно ги изненади фановите.Бекам им даде на своите следбеници нов увид во неговиот живот на имотот Котсволдс, објавувајќи фотографии и снимки од неговиот кокошарник и градини на Инстаграм. Поранешната фудбалска ѕвезда покажа како ги проверува своите кокошки и како се грижи за градината. View this post on Instagram A post shared by David Beckham (@davidbeckham) „Ги проверувам моите кокошки 🐓 🌹“, напиша Бекам покрај објавата, која беше придружена со изведба на „Speed Demon“ од Џастин Бибер. Првиот клип го покажува како влегува во кокошарникот и наоѓа неколку јајца, додека вториот ја покажува неговата раскошна цветна градина и стаклена градина полна со растенија. Сега Бекам на Инстаграм ги запозна своите 86,8 милиони следбеници и со „нови членови на семејството“, како што ги нарече група црни кокошки. Во друга приказна, тој покажа повеќе јајца што ги собрал од кокошарникот. Покрај неговиот живот на фармата, Бекам се фалеше и со колекција од прекрасни, меки бели рози именувани по него. Цветовите, одгледувани од Дејвид Остин Роуз, беа откриени на Цветниот саем во Челзи во мај за да се одбележи неговиот 50-ти роденден.Тагови: Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Бред Пит ужива во Париз во друштво на 29 години помлада девојкаБред и Инес веќе не ја кријат својата љубов.Холивудскиот заводник, актерот Бред Пит и неговата девојка, дизајнерката на накит Инес де Рамон, ја поминаа саботата во Париз, каде што од трибините го гледаа финалето на Отвореното првенство на Франција во женска конкуренција. На теренот, двојката го гледаше историскиот меч меѓу квалификатнката од Полска, Маја Чвалинска и младата Русинка Мира Андреева, која го доби финалето со 6:3, 6:2 и ја освоија својата прва Гренд слем титула. Пит, познат како голем љубител на тенисот и чест гостин на најзначајните турнири, со голем интерес го следеше секој поен. Во напнатите моменти од натпреварот, 62-годишниот актер и 33-годишната Инес, кои се во врска од 2022 година, не ја криеја својата нежност. Во еден момент Бред ја прегрна Инес околу нејзиниот струк и таа му шепна нешто. World class actor Brad Pitt was here for today's final, hosted by @emirates 🤝 #RolandGarros pic.twitter.com/5qbqh8lELL — Roland-Garros (@rolandgarros) June 6, 2026 Ваквите сцени не се вообичаени кога станува збор за познатиот актер. Иако Пит и Инес веќе неколку пати се појавија заедно во јавноста, тие не разменуваа често нежности пред фотографите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАЛуди цени на билетите за НБА финалето!!: Колку чини да се седи до претседателот Доналд Трамп?Интересот за финалето на НБА во Њујорк достигна невидени размери, што најдобро го потврдуваат цените на билетите за натпреварите во познатата „Медисон Сквер Гарден“ меѓу Никси и Сан Антонио Спарс. Според податоците на платформата „TickPick“, најевтиниот билет за третиот натпревар од финалната серија помеѓу Никс и Сан Антонио чини 11.461 долари, што е нов рекорд кога станува збор за натпреварите од финалето на НБА. За седишта веднаш до теренот, кои традиционално ги привлекуваат најголемите ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот, треба да издвоите дури 104.435 долари. Се очекува интересот дополнително да се зголеми пред четвртиот натпревар од серијата, па цените уште од сега се веќе високи. Најприфатливите билети се продаваат за 13.065 долари, и покрај фактот дека ова се седиштата на лоша позиција во Медисон. Плејоф натпреварите на Никс со години се омилено место за собирање на познати личности, па овој пат се очекува да пристигнат лојални навивачи на клубот како што се режисерот Спајк Ли и актерите Бен Стилер и Тимоти Шаламет. Од особен интерес се најавите дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да присуствува на натпреварот, што би претставувало преседан во историјата на НБА, бидејќи ниту еден американски претседател не присуствувал на финален натпревар за време на неговиот мандат. Се очекува на трибините да биде и градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, познат како голем навивач на Никс, кој веќе јавно го поддржува својот тим. По два натпревари во Сан Антонио, Никс водат во серијата со 2:0 и се на чекор од нивната прва шампионска титула од 1973 година. Последен пат играа во финалето на НБА во 1999 година, кога Спарс победија со 4:1. Третиот натпревар од финалната серија е закажан за понеделник во Медисон Сквер Гарден, каде што Њујорк ќе биде домаќин на натпреварот што ќе го одлучи шампионот на НБА за прв пат по 27 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16