Ѓорѓовски: Се трудам да го дадам максимумот на секој тренинг - Канал 5

Ѓорѓовски: Се трудам да го дадам максимумот на секој тренинг

Новата надеж на македонскиот ракомет младиот Емилјан Ѓорговски е ракометар со голем потенцијал,кој во новата сезона ќе настапува за Алкалоид.

Ѓорѓовски: Се трудам да го дадам максимумот на секој тренинг

Тој досега беше член на првакот Еурофарм Пелистер, но се реши за промена на средината и ќе бара шанса за ново докажување.

- Презадоволен од тоа како сум прифатен од новите соиграчи. Подготовките течат без проблеми, а јас се трудам да го дадам својот максимум на секој тренинг, а потоа и на терен. Со дел од играчите имаме играно заедно во младинската репрезентација, па не беше тешко да се вклопам во тимот. Супер-лигата е поквалитетна секоја нова сезона и има поголема конкуренција. Покрај Вардар, Пелистер и Алкалоид, сезонава засилен е и Охрид. Но, секогаш има и по некое изненадување плус, не смее да се потцени ниту еден тим, изјави Ѓорѓовски.

Алкалоид веќе неколку дена е на базични подготовки во Маврово, а првиот официјален натпревар го играат во Лигата Европа - квалификации каде ривал им е бундеслигашот Хановер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер