Ѓорѓиевски: Заедно го креираме градскиот буџет за 2026 година - Канал 5

Ѓорѓиевски: Заедно го креираме градскиот буџет за 2026 година

Град Скопје оваа година го започнува процесот на креирање на буџетот со максимална транспарентност, отчетност и вклученост на јавноста. 

Ѓорѓиевски: Заедно го креираме градскиот буџет за 2026 година

Со јасна определба да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, буџетот за 2026 година ќе биде изработен преку отворен и партнерски пристап, во кој секој жител, организација или заедница ќе може да даде конструктивен придонес, соопштуваат од Градот Скопје.

Како град кој се стреми кон стабилен развој, модернизација и поефикасни услуги за граѓаните, велат оттаму, Скопје го става дијалогот во центарот на сите процеси. Со тоа, нагласуваат од Град Скопје, ја потврдуваат заложбата дека буџетот не е само финансиски документ, туку стратегија што се гради врз реалните потреби, предизвици и визија за иднината на градот.

-Почитувани скопјани, транспарентноста и отчетноста отсекогаш биле моја водилка. И за време на кампањата кога ја барав вашата доверба, но и кога секојдневно раководев со Кисела Вода. Истото начело го води и градот Скопје денес. Токму затоа, годинава го отвораме процесот на планирање на буџетот за 2026 година заедно со вас, жителите на Скопје, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите кои сакаат да придонесат за подобро, поуредено и пофункционално Скопје. Вашите потреби, ставови и идеи ќе бидат основата врз која ќе го градиме овој важен документ, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој додава дека работејќи во постојана комуникација со граѓаните, веќе собрале голем број конструктивни предлози. Но, вели, процесот е отворен и затоа ги повикува сите партнерски да се вклучат во создавањето на буџетот кој, како што нагласува, ќе го забрза повторното заживување на нашиот град.

-Скопје има огромен потенцијал, а со заедничка визија и мудро планирање можеме да го претвориме во град со кој секој ќе се гордее. Во новиот буџет ќе бидат опфатени и приоритетните капитални проекти што ги најавивме во делот на инфраструктурните зафати, културата, спортските содржини, животната средина - подобрувања кои ќе го олеснат секојдневието на скопјани и ќе донесат поголем квалитет на живот. Ова е моментот кога секој може да влијае со конкретна идеја, предлог или забелешка. Верувам дека токму со ова отворено партнерство ќе создадеме стабилна основа за долгорочен развој и силно, достоинствено Скопје, истакнува градоначалникот Ѓорѓиевски.

Од Град Скопје идеите и предлозите ги очакуваат на [email protected].

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најновиот Ауди Q9 има светла какви што не се видени во автомобилската индустрија (ФОТО)

Новиот најголем Audi Q9, како водечки модел во гамата, носи технологија на задни светла каква што никој друг во автомобилската индустрија досега не видел. 

Најновиот Ауди Q9 има светла какви што не се видени во автомобилската индустрија (ФОТО)

Станува збор за закривени дигитални OLED светла кои се состојат од шест стаклени плочи, секоја со дебелина од само 0,1 милиметар. Панелите се обликувани да ги следат страничните линии на каросеријата, за разлика од класичните рамни светла.

Aуди ја претстави оваа иновација како светска премиера уште во јули, за време на најавата на моделот Q9. Технолошката основа се состои од хардвер со вкупно 512 светлосни сегменти распоредени на шест плочи, каде што секој сегмент може да се контролира независно.

Како функционираат закривените OLED светла

Кај класичните LED светла, рамните леќи го ограничуваат ширењето на светлината кон страните на возилото. Q9 го решава тој проблем со стаклена основа која е закривена и ја следи линијата на каросеријата. На овој начин, светлината не се прекинува ненадејно, туку продолжува по должината на страната на автомобилот.

Стаклената подлога со дебелина од 0,1 милиметар е доволно флексибилна за да се свитка без да го скрши OLED слојот нанесен на неа. Последниот светлосен елемент е дебел само еден милиметар. Ауди веќе десет години работи на развојот на оваа технологија за сериско производство.

Ауди веќе беше првиот производител со сегментирани OLED светла во сериски модел, а дигиталната верзија во Q9 претставува нов чекор напред. Секое задно OLED светло е поврзано со контролна единица преку шина, овозможувајќи индивидуална контрола врз стотици сегменти. Затоа, тие не се активираат како еден блок, туку можат да се активираат одделно.

Благодарение на прецизната контрола, закривените панели се видливи од страна, како и одзади. Ова значи дека возачот што се приближува до возилото под агол, на пример на раскрсница или паркинг, може појасно да го види активирањето на стоп-светлата или трепкачите за насока.

Дизајн и дополнителни функции

Системот од шест панели се протега по целата ширина на задниот дел и се протега до страните. Ауди вели дека надворешниот закривен панел на секоја страна е најголемиот што некогаш го произвеле. Според спецификациите, надворешните плочи имаат 99 сегменти, централните имаат 84, а внатрешните имаат 73, што дава вкупно 512 сегменти.

Задните OLED светла работат во согласност со предните дигитални матрични LED светла. Така, Q9 може да проектира стилизиран шаблон на трепкачите на патот пред возилото, а проекцијата е синхронизирана со динамичните трепкачи напред и назад. Audi ја тестираше оваа функција на Q7 пред да ја имплементира на својот нов водечки SUV.

Податоците за бројот на плочи, вкупниот број на сегменти и дебелината на стаклото беа објавени од Audi како дел од официјалните спецификации на презентацијата на моделот Q9. Технологијата на дигитални матрични LED предни светла е веќе достапна на некои модели на Audi за американскиот пазар.

Audi сè уште не објави детали за нивото на персонализација на системот од 512 сегменти што ќе им биде достапен на возачите. Исто така, не е познато дали анимациите на светлата при отклучување и заклучување на возилото ќе бидат исти на сите пазари. Овие детали, како и цената, се очекуваат како што се приближува датумот на почеток на продажбата на Q9.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопјанец во струшко и кичевец во Кичево возеле пијани- уапсени се

На 25.10.2026 во 01:00 часот во струшкото село Мислешево, полициски службеници го лишија од слобода Н.П.(60) од Скопје. 

Скопјанец во струшко и кичевец во Кичево возеле пијани- уапсени се

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мг“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,22 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, по насоки на јавен обвинител одземено му е патничкото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.10.2026 во 05:45 часот на ул.„4 јули“ во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Д.С.(30) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 1,63 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, по насоки на јавен обвинител одземено му е патничкото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Честитки коалиција СДС и ДУИ, Кузеска се секира дали ДУИ ќе победи во Брвеница, каде СДС нема кандидат во втор круг

Честитки за коалицијата СДС–ДУИ. Кузеска толку се грижи дали ДУИ ќе победи во Брвеница, а притоа СДС воопшто нема свој кандидат во вториот круг.

ВМРО-ДПМНЕ: Честитки коалиција СДС и ДУИ, Кузеска се секира дали ДУИ ќе победи во Брвеница, каде СДС нема кандидат во втор круг

Па, откако СДС остана без свој кандидат, од каде толкава загриженост за изборниот резултат на ДУИ?

Наместо СДС да се грижи за сопственото членство и да зборуваат за сопствената политика и поддршка, СДС се грижи за ДУИ.

СДС се занимаваат со се освен за сопствениот дебакл кој го доживееа во Брвеница. Граѓаните им испратија јасна порака на Филипче и СДС во Брвеница.

Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

Кога СДС нема кандидат во финалната трка, а толку внимание посветуваат на тоа дали ДУИ ќе победи, тогаш нека се изјаснат јавно за граѓаните да знаат кој за кого навива и чии интереси всушност од СДС се бранат?

Честитки коалција СДС- ДУИ,се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер