Ѓорѓиевски: Заедништвото почнува во училницата - признанија за професорите што го градат - Канал 5

Ѓорѓиевски: Заедништвото почнува во училницата - признанија за професорите што го градат

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска им оддадоа заслужено признание на професорите.

Ѓорѓиевски: Заедништвото почнува во училницата - признанија за професорите што го градат

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска им оддадоа заслужено признание на професорите кои со својата посветеност, знаење и ентузијазам ги поврзуваат младите преку заедничките наставни часови.

- Позади секој час стојат труд, трпение и искрена верба дека секое дете заслужува да биде прифатено, почитувано и охрабрено да го покаже најдоброто од себе. Токму професорите создаваат простор во кој учениците учат заедно, градат пријателства и откриваат дека различностите се богатство што нѐ зближува. Посебна благодарност упатувам до професорите и училишните тимови од сите осум средни училишта: „Браќа Миладиновци“, „Здравко Цветковски“, „Боро Петрушевски“, „Цветан Димов“, „Д-р Панче Караѓозов“, „Арсени Јовков“, „Димитар Влахов“ и гимназијата „Јосип Броз Тито“. Вашата професионалност, истрајност и секојдневна посветеност се срцето на оваа иницијатива и причината таа да трае и да создава резултати – изјави Ѓорѓиевски.

Од 2018 година, деветта година по ред, Град Скопје континуирано го поддржува овој модел во сите осум средни училишта во градска надлежност во кои наставата се одвива на различни наставни јазици.

- Горди сме што сме единствената локална самоуправа во државата со ваков континуитет, но уште повеќе сме свесни за одговорноста да продолжиме да го унапредуваме. Заеднички создаваме образовни можности што оставаат трајна вредност за младите и за целиот град. На професорите им честитам за заслужените признанија. Град Скопје ќе продолжи да стои зад вашиот труд и зад секоја иницијатива што гради доверба, почитување и заедништво. Иднината на Скопје расте во нашите училници. Наша обврска е секое дете во нив да го најде своето место и својата можност за успех – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност и до Мисијата на ОБСЕ во Скопје за долгогодишното партнерство, стручната помош, обуките и поддршката за нашите професори и училишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 20 контејнери за текстилен отпад во Центар, ја подигнуваме еколошката свест и одговорност

Општина Центар, во соработка со лиценцираната компанија  „Еко-текс груп“,  почна со поставување специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад,  пред основните училишта и детските градинки.

Герасимовски: 20 контејнери за текстилен отпад во Центар,  ја подигнуваме еколошката свест и одговорност

„Првиот контејнер за текстилен отпад го поставивме пред ООУ „Коле Неделковски“. Преку ваквите иницијативи ги учиме децата, но и возрасните, да се однесуваат општествено и еколошки одговорно. Со едукација за собирање, рециклирање и повторна употреба заедно придонесуваме за почиста и поздрава средина“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Во првата фаза ќе бидат поставени 11 контејнери, а во втората уште девет, со што мрежата ќе опфати вкупно 20 локации.

Граѓаните во овие контејнери ќе можат одделно да оставаат стара облека, обувки и други текстилни производи. Наместо да завршат во комуналниот отпад, тие ќе бидат селектирани, сортирани и упатени на натамошен третман и рециклирање.

Со ваквите активности Општина Центар делува во согласност со принципите за заштита на животната средина, важечките законски прописи и меѓународните стандарди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компани се врати на тренерската клупа

Предводникот на германскиот великан Баерн Минхен, Винсент Компани, се врати на работа по здравствените проблеми поради кои беше отсутен во изминатите неколку недели.

Компани се врати на тренерската клупа

Белгискиот стручњак се врати во тренинг-центарот на баварскиот гигант во Минхен, а неговото враќање ги израдува навивачите на германскиот шампион.

Тој пристигна во клупскиот комплекс во вторникот наутро, веднаш по 10 часот. Штом пристигна, седна пред компјутерот во својата канцеларија, а набргу потоа му се придружи и неговиот помошник, Флорибер Нгалула.

Планирано е тој потоа да ги посети фудбалерите кои се опоравуваат од повреди, меѓу кои и Луис Дијаз, за ​​да го следи нивниот процес на рехабилитација на теренот.

Инаку, на 23 октомври на Компани му се слоши, при што колабираше за време на тренингот на вториот тим на Баерн. Белгиецот итно беше пренесен во болница, каде што, по детални прегледи, беше констатирана иритација на мозочните обвивки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер