Ѓорѓиевски: За почисто Скопје - го чистиме и Скопскиот Аквадукт -акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ’25!. - Канал 5

Ѓорѓиевски: За почисто Скопје - го чистиме и Скопскиот Аквадукт -акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ’25!.

За почисто Скопје - го чистиме и Скопскиот Аквадукт во рамки на акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ’25!.

Ѓорѓиевски: За почисто Скопје - го чистиме и Скопскиот Аквадукт -акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ’25!.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претседателот на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, вицепремиерот Изет Меџити, Потпретседателот на ЗЕЛС Висар Ганиу, Амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерката за образование Весна Јаневска и стотици волонтери денес беа дел од отворањето на GENERALKA WEEKEND 25, кое се одвива кај Скопскиот Аквадукт.

Оваа тридневна еколошка акција „Генералка викенд“ ја организира ,,МЕН ЕНД МАУНТЕН” во партнерство со горенаведените институции, а соработка со повеќе општествено одговорни компаниии, ќе опфати 500 локации ширум целата држава.

--Денес сме овде, кај Скопскиот Аквадукт, за да дадеме поддршка и да спроведеме една мошне важна и значајна иницијатива – GENERALKA WEEKEND 25. Се работи за национална акција за чистење што ја организира МЕН ЕНД МАУНТЕН и зад која веднаш застанав како Претседател на ЗЕЛС, како градоначалник и како човек на кој му е важна чистата животна средина. Горд сум што денес тука се и претседателот на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, вицепремиерот Изет Меџити, градоначалникот Висар Ганиу, Амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерката за образование Весна Јаневска, повеќе јавни личности, активисти и граѓани. Сметам дека сите треба да дадеме целосна поддршка и уверен сум дека ова не е само еднодневен ангажман, туку симболичен и суштински поттик за системски пристап кон унапредување на хигиената и односот кон животната средина во сите општини.

Особено значење има тоа што денешното отворање се случува токму тука – кај Скопскиот Аквадукт – место со голема историска и културна важност, но истовремено, би рекол и “жртва” на долгогодишна негрижа. Затоа, денешната акција не е само чистење отпад, туку и обид за враќање на вредностите и вниманието кон јавниот простор, кој ни припаѓа на сите.

За жал, Скопје никогаш не било во полоша состојба кога станува збор за јавната хигиена. Недостигот од одржување, неорганизираниот пристап и очигледната негрижа доведоа до состојба во која главниот град е полн со отпад, диви депонии и запуштени површини. Градоначалничката на Скопје не ја врши својата работа – и неопходноста од ваквите акции, иако благородни, се сведоштво дека институциите кои треба да се грижат, молчат или не дејствуваат.

Во Кисела Вода, каде што сум градоначалник, за последните 3.5 години се расчистени 157 диви депонии. Акции за чистење организираме редовно, а GENERALKA WEEKEND веќе два пати успешно ја спроведовме. Овој пат настапуваме уште помасовно – денес во нашата општина се чисти на неколку локации, со вклучена општинска администрација , сезонски работници и најмладите, учениците од основните училишта.

Чистата животна средина не е само слика – таа е предуслов за здравје, достоинствен живот и одговорно општество. Ако сакаме почисти улици, поубави паркови, поздрава иднина – мораме сите да бидеме дел од решението. Ваквите настани се важни, но уште поважно е оваа енергија да се пренесе во секојдневието, во секојдневната работа на институциите и во навиките на сите граѓани.

Ова е порака дека општествената одговорност не познава функција или титула– таа е наша заедничка обврска. Нека GENERALKA WEEKEND 25 биде потсетник – дека кога ќе се здружиме, можеме да направиме вистински, опипливи промени. Денес чистиме, но од утре – бараме континуитет, системска грижа и одговорност-изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди.

Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања.

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер