3Скопјанец ја исфрли „цела дневна соба“ на улица во Кисела Вода – има ли „лек“ за несовесните граѓани
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
МакедонијаЃорѓиевски за Божик: Секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски упати честитка по повод големиот христијански празник Божик, посакувајќи во секој дом да има многу љубов и здравје, мир, среќа и бериќет.-Христос се роди! Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството. Тој нè потсетува колку е света слогата меѓу најблиските, колку е важно да стоиме еден покрај друг, да се држиме заедно и безрезервно да си бидеме поддршка, и во радост и во искушенија, посочува Ѓорѓиевски во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил. Порачува секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре. -Да бидеме добри луѓе, со чисто срце, со разбирање и почит еден кон друг. Да простуваме полесно, да сакаме повеќе и да не заборавиме дека вистинската сила се раѓа во добрината и човечноста. Да останеме сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството, затоа што токму тоа е темелот што нè носи низ сите препреки и предизвици на нашите животни патеки. Нека светлината на Христовото раѓање ги осветли нашите домови и срца. Честит Божиќ. За многу години!, напиша тој. Ѓорѓиевски во честитката нагласува дека Божик е ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака. -Божик е и најрадосниот празник, празник на Христовото раѓање, празник на животот, надежта и љубовта. Ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака. Денес, во духот на овој свет празник, присуствував на Божествената литургија во Соборниот храм, со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Молитвата, заедништвото и духовниот мир уште еднаш нè потсетија на силата на верата и значењето на единството, посочува Ѓорѓиевски во честитката за Божик. Тагови: Божик Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестицииФилипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, лицемерно се јавија небаре загрижени за животот на граѓаните.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Венко Филипче од СДС, кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев цело лето го поминаа по грчките плажи на скапата јахта, лицемерно се јави небаре загрижен за живејачката на граѓаните. Филипче не сака Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, да се градат дата центри, хидроцентрали, рудници а од друга страна подобар живот. Се спротивставуваат на се што значи економски развој, а сакаат повисоки плати. Не може сите да живеат од бизнисот со марихуаната, како струмичкиот клан и пријателите на Филипче, некој мора да живее и од други економски гранки, за кои тие се против. Каде е Венко Филипче да се јави кога трошоците за живот се намалуваат или во најмала рака остануваат исти, ама штом види раст, ете го, веднаш се јавува. Исто така го нема да се јави и да каже дека Владата добро се справува и ги менаџира работите кога се намалуваат цените и инфлацијата, која сега достигна историски 2,3%, кога во услови на една од најголемите енергетски кризи, Македонија е со најевтини горива. Исто така, Венко Филипче и СДС ги нема никаде и кога реализацијата на капиталните инвестиции, како што се изградбата на автопатските коридори, и растот на градежништвото се големи. Иако од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, десет квартали последователно економијата расте во просек од 3 или над 3%, а кој во вториот од годинава достигна 4,3%, Филипче и СДС пак ги нема збор да кажат. А во однос на потрошувачката кошница која ја изработиле Трендафилов и ССМ, му порачуваме дека не им држи вода, затоа што владината просечна кошничка е за 10% поевтина. Тоа што останува да им порачаме на СДС, Филипче и неговите другари, колку сака може да им смета развојот и да ликуваат на неуспех на државата, Македонија ќе се развива, во Македонија ќе доаѓаат инвестиции, економијата ќе расте и граѓаните подобро ќе живеат. Дополнително, патувањето на премиерот Мицкоски чини неспоредливо помалку од нечесно заработеното Ауди на Филипче или јахтата на Заев, и многу помалку од провизиите на Стабри вакцините за време на ковид кризата, кои ги договараше Венко Филипче во времето кога државата беше меѓу најпогодените од ковид кризата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЖивот со мускулна дистрофија – предизвици и искуства на пациентите со ова ретко заболувањеРетка, генетска и прогресивна – мускулната дистрофија е заболување за кое сè уште нема целосно излекување. Современите терапии, сепак, можат да го забават напредувањето и да влијаат врз текот на одредени форми на болеста. Според последните јавно објавени податоци, се проценува дека во Македонија има меѓу 50 и 60 лица со мускулна дистрофија. Болеста спаѓа во групата ретки заболувања, а една од најтешките и најчести форми е Дишеновата мускулна дистрофија, која главно ги погодува момчињата. Зад дијагнозата, велат од здружението, стојат секојдневни предизвици кои за многумина остануваат незабележливи. Татјана Димовска Атанасова потсетува дека она што за еден човек е банална работа, за друг може да биде голема пречка – и дека токму хуманоста е она што може да нè обедини. „Она што за нас е банална глупост, за некого е поголем предизвик... Само хуманоста може да нè обедини., само доколку барем на еден ден да се ставиме во кожата на оние коишто имаат сериозни проблеми .Сликата кога ќе видите дека еден родител едвај успева да го истурка своето дете во инвалидска количка мислам дека ќе не поттикне подлабоко да размислуваме “– Татјана Димовска Атанасова / МДА-Македонија. Токму солидарноста и подигнувањето на свеста за секојдневните предизвици на овие лица беа и повод повеќе луѓе да дадат поддршка на иницијативата. ,,Да помогнеме меѓутоа тоа да биде со систем , ние ќе направиме ќе направат и други не е проблем, но мора систем да има...,, - Саше Сатаровски поддржувач на иницијативата. Од пристап до соодветна терапија и здравствена грижа, до услови што ќе им овозможат полесно секојдневие – предизвиците, велат, не завршуваат со една хуманитарна акција. Поддршката денеска доби и конкретна хуманитарна акција. На настанот со драмскиот писател Братислав Димитров, посетителите можеа да добијат примерок од неговата најнова книга, а средствата од донациите се наменети за хуманитарни цели. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаВо август над 600 казни за возачи на електрични тротинетиЕлектричните тротинети на мета на полицијата - Над 600 казни изречени во август, додека полицијата во истиот тој период одземала и 18 електрични тротинети.Во текот на август полицијата санкционирала и 20 малолетници кои управувале со електричен велосипед, додека 45 казни биле изречени бидејќи на еден тротинет се возеле по две лица. Најголем број на казни сепак биле изречени поради возење без соодветна опрема, а одземни се и неколку тротинети. -162 санкции се изречени за неносење рефлектирачки елек при управување лесно електрично возило во ноќни услови, 134 поради некористење велосипедска или пешачка патека, 59 поради некористење заштитен шлем, 45 поради превезување на две лица, 20 за малолетници кои управувале лесно електрично возило итн. При тоа, одземени се 18 лесни електрични возила во времетраење од 30 дена,- -МВР. Од МВР велат дека засилените контроли за лица кои возат со електричени тротинети се одвиваат на територија на цела држава, а рекорден број на казни во август биле напишани во Битола. -Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 236, потоа СВР Скопје – 97, СВР Струмица- 82, СВР Охрид – 57, СВР Тетово -27, СВР Велес-18, СВР Штип-13, СВР Куманово – 7 и 69 од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот. -МВР. Засилените контроли на полицијата за електрични тротинети доаѓаат по законските измени од средината на јуни, согласно кои брзината на возење се органичува на максимални 20 километри на час, а лицето коешто управува со електричен тротинет мора да има наполнетои 18 години. Со новите измени заострена е и казнената политика за прекршителите, а освен парични казни, во одредени случаи, како што е на пример возење на тротинет во алкохолизирана состојба, се предвидува и одземање на тротинетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook