Ѓорѓиевски: Втора седница на Управниот одбор на ЗЕЛС во новиот состав - континуитет, одговорност и јасна визија - Канал 5

Ѓорѓиевски: Втора седница на Управниот одбор на ЗЕЛС во новиот состав - континуитет, одговорност и јасна визија

 Ѓорѓиевски денеска претседаваше со втората седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) во новиот состав.

Ѓорѓиевски: Втора седница на Управниот одбор на ЗЕЛС во новиот состав - континуитет, одговорност и јасна визија

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска претседаваше со втората седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) во новиот состав, на која беа разгледани и усвоени повеќе значајни прашања од суштинско значење за понатамошното јакнење на локалната самоуправа и унапредување на јавната администрација во државата, информираат од Град Скопје.

Седницата, како што нагласуваат од Град Скопје, се одржала во духот на континуитет, одговорност и јасна визија, со посебен фокус на деполитизацијата на работата на Управниот одбор, јакнењето на институционалните капацитети на општините и воспоставување поефикасни, потранспарентни и поодговорни системи за управување.

- Во таа насока, беше истакната важноста од воведувањето современи дигитални решенија за управување со човечки ресурси во јавниот сектор, како и приоритетот за воспоставување комунална полиција преку законски измени, со цел поголем ред, дисциплина и ефикасност на локално ниво. Дополнително, беше нагласена потребата ЗЕЛС да настапува обединето и со единствен став по клучните прашања, со што се зацврстува неговата улога како кредибилен партнер на институциите и силен застапник на интересите на општините и граѓаните - се вели во соопштението од Град Скопје.

По седницата, Ѓорѓиевски нагласи дека министерот за јавна администрација Горан Минчев го презентирал надградениот софтвер за управување со човечки ресурси, сега поставен како единствен информативен центар за целата администрација.

- Со ова решение ќе се воспостави современ и функционален модел за собирање и управување со податоци за сите вработени, што претставува сериозен исчекор кон поефикасна, потранспарентна и поодговорна јавна администрација. Неговата имплементација е повеќе од добредојдена и ќе донесе конкретни придобивки и за вработените и за јавните претпријатија. И на оваа седница повторно јасно нагласив дека Управниот одбор на ЗЕЛС е тело во кое политиката нема да има место. Така беше и во мојот претходен мандат, така ќе биде и во иднина.

Овде сме обединети околу заедничките цели и за многу прашања ќе мораме да настапуваме со единствен, заеднички став - нагласи градоначалникот на град Скопје.

Тој очекува силна, искрена и плодна соработка со сите членови, затоа што, како што потенцира, колку ЗЕЛС е пообединет, толку повеќе добиваат општините, а со тоа и народот.

- Воведувањето на комуналната полиција преку новите законски измени останува наш јасен приоритет за конечно воспоставување ред, дисциплина и поголема ефикасност на локално ниво. Убеден сум дека овој состав на Управниот одбор ќе остави значаен белег во унапредувањето на локалната самоуправа и во продлабочувањето на процесот на децентрализација во интерес на граѓаните и рамномерниот развој на општините - вели градоначалникот на град Скопје и претседалел на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење

Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење за националната и финансиската безбедност.

Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење

На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска која истакна дека во услови на сложени и променливи безбедносни, политички и економски околности од особено значење е институциите да постапуваат одговорно, транспарентно и навремено, особено кога станува збор за прашања кои директно влијаат врз стабилноста и довербата во финансискиот систем и посочи дека утврдувањето на причините за одредени институционални постапки, како и јасното дефинирање на одговорноста на надлежните органи се неопходни за заштита на јавниот интерес и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.

„Во услови на динамични геополитички промени и се посложени безбедносни предизвици навременото препознавање на ризиците и правилната процена на нивното влијание врз националната безбедност се од особено значење за секоја држава. Сведоци сме дека безбедносната состојба во Европа и поширокиот регион е под влијание на повеќе паралелни процеси. Нашата држава како членка на НАТО има дополнителна одговорност но и обврска активно да допринесува за колективната безбедност, а тоа подразбира следење на состојбите и ефикасна размена на информации, координација и навремено информирање на институциите кои носат одлуки“, посочи Петкоска.

Петкоска постави прашање во областа на регионалната и националната безбедност, со фокус на следењето на безбедносно-стратешките појави од страна на Агенцијата за разузнавање, навременото информирање на државниот врв и размената на информации со НАТО партнерите.

„Во таа насока би сакала да ви го поставам следното прашање: Кои тековни регионални и безбедносно стратешки појави што може да имаат ефект на прелевање кон Македонија ги следи Агенцијата за разузнавање и со која динамика го известува државниот врв за истите? Дополнително, ме интересира како се одвива текот на информирање на државниот врв за безбедносните предизвици од една страна и размената на информациите со НАТО партнерите од друга страна? Дали станува збор за редовно и систематско известување или динамиката се приспособува согласно интензитетот и сериозноста на конкретните безбедносни случувања. Колку е важно во овој процес навременото споделување на информациите особено кога станува збор за појави кои во почетната фаза можеби не претставуваат директна закана за нашата држава, но доколку не се препознаат навреме можат да прераснат во сериозен безбедносен предизвик“, рече Петкоска, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрација

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се осврна на актуелните случувања поврзани со Алта банка.

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање,  постои мерка на администрација

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се осврна на актуелните случувања поврзани со Алта банка, потенцирајќи дека на надзорната расправа релевантните фактори покажале сериозен и квалитативен пристап при изнесување на фактите.

„Она што е добро, што денес имавме можност да имаме еден исцрпен, сериозен и квалитативен пристап од сите поканети сведоци на расправата, и имавме можност да уште еднаш ги потврдиме фактите како што се, но исто така имаше можност да се разбие една магла, што некој упорно се трудеше да ја направи и во јавноста, а и денеска неуспешно на седницата. И добро е што сите релевантни фактори денеска што имаа искази, ни помогнаа да сфатиме дека сепак има разлика од она што бевме научени порано и дека случајот со Алта банка Битола не е ниту ТАТ, ниту Лавци, ниту Алфа С, ниту пак Еуростандард и дека можеби тоа се токму причини, некогаш во некои диви времиња кога исто така државата беше предводена од СДС, да се направи регулација на овој пазар или на оваа дејност, која што ќе ме исправите ако грешам, можеби најрегулирана во сите сфери и од тој аспект токму тие се мерки, инструменти и чекори коишто се преземаат за такви случувања да не се повторат“, рече Јаревски и додаде:

„И во овој случај ниту имаме стечај, ниту имаме пропаѓање, ниту имаме неисплатени побарувања, ниту неисплатени штедни влогови итн., туку имаме мерка на администрација и каде што можеби сите констатираме дека Народната банка брзо реагирала, соодветно реагирала, ги искористила правите инструменти, секторот е стабилен, банката е ликвидна и дека имаме услови, дури и колегата спомена, мала промена во наративот во првот дел од расправата дека имаме услови каде што банката има основа да биде ставена на продажба и понатаму да функционира“.

Во однос на случувањата со Алта банка, пратеникот Јаревски посочи дека постои мерка на администрација, односно, Народна банка реагирала навремено и соодветно. Тој упати прашање до вицегувернерот на Народна банка, Игор Величковски, во однос на законската основа, односно ограничувањата кои се воведени за располагање на средствата на граѓаните и компаниите и дали се превидени олеснувања за истите.

„Исто така да ви се заблагодарам и во вашето експозе каде што обрнавте внимание и за причините и за законските основи на самата администрација што се однесува, тоа се многу важен сегмент да се направи и разлика од она мешање со термините во јавноста, но исто така би сакал и да изнесам, да ја искористам и можноста да запрашам нешто повеќе околу законската основа и практично зошто се воведуваат ограничувањата за располагање на средствата на граѓаните и компаниите. Можеби тоа е последниот сегмент да го разбиеме комплетно и да ги разобличиме овие наводи што се во јавноста, односно средствата на граѓаните и компаниите и следствено на тоа дали се предвидуваат понатаму и олеснувања во однос на располагањето на средствата на правните лица. Сметам и ценам дека уште овие два елементи доколку обратиме соодветен аспект, конкретната информација, дека некои што сакаат да прават забуни, дека некои коишто сакаат да ја однесат банката во стечај, сите нивни адути ќе бидат отстранети“, рече Јаревски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукровски во Oхрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на свеченоста за доделување на наградите во рамки на Националниот форум за младинска работа, која се одржа денеска во просториите на Младинскиот центар во Охрид.

Лукровски во Oхрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

По покана на организаторите, Лукровски ја подигна наградата „Младински пријателски град“, со која се препознава заложбата на Општина Карпош за унапредување на младинските политики, создавање подобри услови за младите и нивно активно вклучување во процесите на локално одлучување.

Воедно, градоначалникот учествуваше и на панел-дискусијата на тема „Од закон до локална реалност – Институционална и финансиска поддршка за младинските центри и младинската работа“, на која се отворија прашања поврзани со предизвиците и можностите за спроведување на законските обврски во областа на младинската работа. Во рамки на дискусијата, Лукровски ги презентираше искуствата на Општина Карпош во поддршката на младите, посочувајќи ја важноста од обезбедување достапни простори, квалитетни младински програми, развој на капацитетите на младинските работници, како и активно учество на младите во креирањето на локалните политики.

Посебен акцент беше ставен и на потребата од посистемска институционална и финансиска поддршка за младинските центри, со континуирано финансирање и долгорочни програми, наместо исклучиво проектен пристап. Инаку, Националниот форум за младинска работа кој се одржа во Охрид кон крајот на ноември минатата година, претставуваше значаен чекор кон воспоставување заедничка визија за организиран и системски развој на младинската работа во државата. Тогаш, на форумот беше постигнат консензус меѓу претставниците на локалните самоуправи, младинските центри, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Како резултат на заедничките заложби, едногласно беше усвоена Декларацијата за развој и унапредување на младинската работа, која претставува патоказ за идните законски измени и стандардизација во оваа област. Документот ги повикува општините да преземат конкретни чекори за воспоставување и поддршка на младински центри, јакнење на капацитетите на младинските работници и службениците за млади, како и зајакнување на партнерството со младите.

Учеството на Општина Карпош на овој настан и добивањето на признанието „Младински пријателски град“ претставуваат поттик за продолжување на активностите насочени кон создавање локална средина во која младите ќе имаат поголеми можности за личен и професионален развој, активно учество и реално влијание врз одлуките што ги засегаат. Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер