МакедонијаЃорѓиевски: Старата чаршија заслужува грижа, Скопје заслужува достоинство Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, денеска беше во посета на Старата Скопска чаршија, каде што имаше средби со граѓани.-Денес бев во посета на срцето на Скопје – старата скопска чаршија. Место кое е полно историја, традиција и душа. Место каде секој камен раскажува приказна. Заедно со еснафот, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски и вредните занаетчии кои со генерации го чуваат духот на оваа културна ризница, разговаравме искрено за нивните предизвици, објави Ѓорѓиевски на својата Фејсбук страница. Тој посочи дека на средбите со граѓаните бил информиран дека со години реагирале писмено до градската администрација, но нивниот глас ретко кога бил слушнат. -Проблемите се многу – раскопаната калдрма, оставена од Водовод по санација на дефекти, не е убава слика пред очите на посетителите. А токму таа калдрма е законски заштитено културно наследство, симбол на автентичноста на чаршијата, истакнува Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски наведува дека граѓаните бараат реконструкција и обновување на делови од чаршијата со почит кон традицијата, вградување подземни контејнери за почист и поуреден јавен простор и конечно, сериозен однос од градската власт кон ова национално богатство. -Овие барања се праведни и оправдани и за мене ќе бидат приоритет! Чаршијата заслужува грижа. Скопје заслужува и ќе биде повторно достоинствен град – метропола со иднина, привлечна за посетителите, но и топол дом за граѓаните. Град кој зрачи со култура, ред и автентичност. Заедно ќе го направиме тоа возможно, нашиша Ѓорѓиевски на Фејсбук. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и синТатко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница. Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група. По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста. Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје. Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице. Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата. Мотивот сè уште непознат Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж. По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи. Извор: Индекс.хрТагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанче Тошковски на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Панче ТошковскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: „Путин, дали прифаќаш?“Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот. „Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски. Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став. „Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски. Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter