Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце - Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град - Канал 5

Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце - Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите и волонтерите, ја продолжија големата акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце - Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град

- Илјадници луѓе повторно ја претворија љубовта кон Скопје во дело. Со засукани ракави и со искрена желба да придонесат, покажаа дека чист и уреден град се создава со труд, со одговорност и со заедништво. На секој што се приклучи му благодарам од срце. Денес покажавте колку сме силни кога работиме за иста цел. Посебна благодарност упатувам до советниците од опозицијата кои се придружија на акцијата. Скопје е дом на сите нас, а грижата за него треба да нè обединува. Само заедно, со меѓусебна почит и подготвеност секој да го даде својот придонес, можеме да ги направиме промените што сите ги посакуваме. Зад секое исчистено катче има нешто многу поважно од убавата слика - поздраво место за живеење, побезбеден простор за детска игра и маало во кое е убаво да се расте. Нашите деца заслужуваат зеленило, чисти паркови и уредени населби – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски им порача на сите што несовесно фрлаат отпад да го почитуваат трудот на нивните сограѓани.

- Некој денес одвои од своето време, се наведна и го собра она што друг го фрлил. Вложи сила и труд за сите да живееме поубаво. Никој нема право со својата неодговорност да го погазува тој придонес. Ние продолжуваме со истата решителност. Ги повикувам сите сограѓани да почнеме од својот праг, од својата улица, од паркот во кој ги носиме децата. Да го чуваме исчистеното и со сопствениот пример да поттикнеме уште некого да се приклучи. Дополнително, во употреба е пуштена и новата механизација, а низ Скопје веќе се поставуваат и новите 3.300 контејнери. Со ова ги зајакнуваме капацитетите за побрзо и поефикасно собирање и транспортирање на отпадот, за почисти улици и поуредени населби. Обезбедуваме опрема, работиме на терен и создаваме услови за јавна хигиена каква што скопјани заслужуваат. За нашето Скопје. За нашите деца. За град со кој ќе се гордееме – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции ќе се организираат двапати месечно, со цел заедничкиот труд да прерасне во трајна навика, а грижата за Скопје да стане дел од нашето секојдневие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

Директорот Гоце Димовски денес ја посети Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот на компанијата, по што следеше и обиколка на производствените капацитети. 

Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно унапредување на соработката со Дирекцијата за ТИРЗ.

Директорот Димовски посочи дека компаниите како Гересхајмер имаат значајна улога при позиционирањето на Македонија како атрактивна дестинација за странските директни инвестиции. Тој додаде дека ваквата континуирана комуникација и партнерски однос меѓу Дирекцијата за ТИРЗ и сите инвеститори е со цел навремено адресирање на нивните потреби и создавање услови за одржлив раст и понатамошен развој.

Менаџментот на компанијата ги презентираше досегашните активности и резултати, при што беше истакнато задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата. Тие ја истакнаа важноста на институционалната поддршка и предвидливата деловна средина што ја нуди ТИРЗ, оценувајќи ја како еден од клучните предуслови за одржување на ефикасноста.

Инаку, на почетокот на годинава, Гересхајмер започна со производство на медицинско стакло во својот втор производен капацитет. Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува активно да работи на унапредување на деловната клима, со цел привлекување на нови странски диреДиректорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2ктни инвестиции, како и поттикнување на постоечките инвеститори за проширување на своите проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

Шестмина полициски службеници се повредени по насилните инциденти на вчерашниот протест во Тирана, соопшти албанската полиција.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

16 лица биле уапсени, а против 50-ина е покрената кривична постапка по протестот кој прерасна во судир со полицијата, кога дел од учесниците почнаа да фрлаат камења, бетонски плочи, пиротехнички средства и молотови коктели кон полицајците и кон зградата на министерството за образование.

Протестот го организираа студенти и млади луѓе незадоволни од состојбите во образованието, високите трошоци за студирање, недоволната финансиска поддршка и слабите можности за вработување по дипломирањето, објави Ројтерс.

Приведените се товарат за напад врз службено лице, незаконско постапување со експлозивни и запаливи материи и оштетување и палење имот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна сообраќајка во Словенија - возел во рикверц, двајца мртви, четворица повредени

Две лица загинаа, а четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопат во Словенија. Меѓу повредените е и едно дете кое е во животна опасност.

Страшна сообраќајка во Словенија -  возел во рикверц, двајца мртви, четворица повредени

Несреќата се случила околу 1 часот по полноќ на автопатот Љубљана – Марибор, кај одморалиштето Луковица. Според првичните информации од полицијата, 28-годишен странски државјанин, кој управувал автомобил со романски регистарски таблички, откако го поминал излезот од одморалиштето застанал на десната лента на автопатот и потоа почнал да се движи наназад.

Во тој момент, во неговиот автомобил удрило комбе што доаѓало одзади. Загинатите се романски државјани, кои седеле на задните седишта од автомобилот. Повреденото дете е француски државјанин. Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата морале да користат специјална опрема за да извлечат две лица кои биле заробени во уништениот автомобил.словенечката полиција отвори истрага поради сомнеж за сторено кривично дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер