Ѓорѓиевски: „Скопје - европска престолнина на културата 2028“ да биде трајна промена во начинот на кој се разбира, управува и живее градот - Канал 5

Ѓорѓиевски: „Скопје - европска престолнина на културата 2028“ да биде трајна промена во начинот на кој се разбира, управува и живее градот

Културата мора да стане двигател на урбаната трансформација и трајна основа за развојот на градот - порача градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на свечениот настан „Скопје - европска престолнина на културата 2028.

Ѓорѓиевски: „Скопје - европска престолнина на културата 2028“ да биде трајна промена во начинот на кој се разбира, управува и живее градот

Културата мора да стане двигател на урбаната трансформација и трајна основа за развојот на градот - порача градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на свечениот настан „Скопје - европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје - култура, урбани политики и одржливи европски градови“ во рамките на „Скопје - европска престолнина на културата 2028“.

Во својот говор тој ја нагласи историската можност што ја носи титулата и повика културата да се разбере како јавна инфраструктура, а не како украс.

- Што навистина значи Скопје да биде европска престолнина на културата? Дали тоа значи само една година исполнета со настани? Или, како што за мене значи, нешто многу подлабоко - можност културата да стане трајна трансформација, јавна трансформација на инфраструктурата на градот, двигател на урбаниот развој, средство за социјална кохезија, извор на нова економија и основа на нов урбан идентитет - истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот потсети и на солидарноста по земјотресот во 1963 година нагласувајќи дека тоа наследство мора да се претвори во современа сила за обнова на јавниот интерес и довербата во институциите.

- Ако во 1963 година солидарноста значеше обнова на разрушениот град, тогаш денес таа мора да значи обнова на јавниот интерес, на довербата во институциите, на културниот живот, на чувството на припадност и на правото на секој граѓанин да учествува во создавањето својот град - порача тој.

Ѓорѓиевски ја нагласи и потребата културата да се поврзе со секојдневниот живот на граѓаните:

- Добар град не е само град со настани. Добар град е град во кој човек сака, пред сè, да остане. Град во кој јавните простори се безбедни, зелени, достапни и креативни. Град во кој културата не е луксуз, туку дел од неговото секојдневие - рече тој.

Со визија за Скопје како жив град, градоначалникот заклучи дека титулата европска престолнина на културата не смее да биде само едногодишна прослава, туку трајна промена во начинот на кој се разбира, управува и живее градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Целосно реконструирано детско игралиште во У.З. Кузман Јосифовски Питу

Општина Карпош ја заврши комплетната реконструкција на детското игралиште кое се наоѓа во у.з. Кузман Јосифовски Питу, помеѓу зградите на улицата „Јуриј Гагарин“ бр.25 и 35.

Општина Карпош: Целосно реконструирано детско игралиште во У.З. Кузман Јосифовски Питу

Во рамки на реконструкцијата беа обновени сите детски реквизити и пропратната урбана опрема со што игралиштето доби нов, побезбеден и пофункционален изглед.

Со оваа инвестиција значително ги подобруваме условите за игра, рекреација и дружење на намладите жители на овој дел од општината. Општина Карпош и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција и обновување на останатите детски игралишта на целата своја територија. Алепираме до сите граѓани совесно и одговорно да ги користат и чуваат детските реквизити и урбаната опрема, бидејќи нивното зачувување е заедничка одговорност и придонесува за побезбедна и поуредна средина за сите.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Валанчунас се врати во Европа

Литванската кошаркарска ѕвезда Јонас Валанчунас (34) ќе потпише двегодишен договор со Жалгирис.

Валанчунас се врати во Европа

Според локалните медиуми, едногодишната сага е завршена и Валанчунас се враќа во својата татковина.

Валанчунас се врати во Европа, по 14 години поминати „преку барата“. Изминатата сезона ја помина во Денвер, каде што пристигна откако неговиот трансфер во Панатинаикос не успеа.

Валанчунас ја започна својата кариера во Лиетвос Ритас, најголемиот ривал на Жалгирис. Во НБА, тој ги носеше дресовите на Торонто, Мемфис, Њу Орлеанс, Вашингтон, Сакраменто и Денвер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка употреби ново оружје против Иран! За првпат се употребени поморски дронови-камикази

Америка употреби ново оружје против Иран! Изведен е уште еден бран напади, а за првпат се употребени поморски дронови-камикази – како одговор на одмаздата на Револуционерната гарда.

Америка употреби ново оружје против Иран! За првпат се употребени поморски дронови-камикази

САД за првпат употребија поморски дронови-камикази против Иран во нов бран напади, на што Револуционерната гарда одговори со одмазднички акции.

Централната команда на американската војска (CENTCOM) соопшти дека го „завршила“ новиот бран офанзивни напади врз Иран, при што биле погодени десетици цели на повеќе локации.

„Скај њуз“ пренесува дека според CENTCOM, целта на нападот била да се намали способноста на Иран „да продолжи да го напаѓа меѓународниот поморски сообраќај низ Ормускиот Теснец“.

Британската телевизија известува дека САД за прв пат користеле камикази дронови за морнарички напад во најновиот бран напади врз Иран.

Морнарички дронови натоварени со експлозив се распоредени заедно со борбени авиони, бродови и камикази дронови за воздушен напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер