Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!
Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
1Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!
2Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
2Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
МакедонијаЃорѓиевски: Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд, Град Скопје не издал дозвола за вршење дејностИнспектори во координација со Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска спровеле акции на улица „Пластичарска“, како и на Зимзоленд.Инспектори во координација со Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска спровеле акции на улица „Пластичарска“, како и на Зимзоленд, каде било утврдено дека Град Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. За ова информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, нагласувајќи дека Град Скопје заедно со Инспекторатот и во координација со ДПИ и МВР, спровел широка акција со единствена цел, да се врати редот и достоинството на јавниот простор на целата територија на градот. Изречени биле повеќе од 20 казни. - Како што најавив, така и постапуваме. Нема отстапки, нема компромиси со хаосот. Ги отстрануваме сите појави кои го узурпираат просторот што им припаѓа на скопјани, го попречуваат движењето и го нарушуваат јавниот ред. Скопје мора да биде град во кој владеат правила, а не самоволието. Вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстрануваа неправилно паркираните возила долж улицата „Пластичарска“. По пријави од граѓани, постапивме и на Зимзоленд. Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект. Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи, истакна Ѓорѓиевски. Нагласи дека Град Скопје и тој како градоначалник ќе продолжат бескомпромисно да се борат против секоја неправилност, секој обид за узурпација и секој хаос кој го загрозува јавниот простор. -Овој град заслужува ред, а скопјани заслужуваат достоинствено, безбедно и уредено место за живеење. Редот е обврска. И ние ја исполнуваме, додаде Ѓорѓиевски. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАрсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Пробиштип, се обратија потпретседателот на ЗНАМ и пратеник во Собранието, Павле Арсоски, заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, директорот на ПИОМ и директор на Центарот за комуникација и аналитика на ЗНАМ, Никола Мемов, како и пратеничката и член на Извршниот одбор на ЗНАМ, Даниела Белимова. Потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски, истакна дека изминатите две години се доказ дека Движењето ја оправдува довербата на граѓаните преку конкретни политики, одговорност и мерливи резултати. Посебно го потенцираше Извештајот на Европската комисија за 2026 година, кој нотира напредок во реформските области и претставува значајна потврда за работата на институциите. „Европскиот извештај е важна надворешна оценка за напредокот на државата. Онаму каде што ЗНАМ презеде одговорност, се преземаат конкретни чекори и се постигнува видлив напредок. Не бараме признание за она што го зборуваме, туку за она што го работиме. Нашата политика се темели на дела, а не на празни ветувања“ истакна Арсоски. Тој посочи дека зад политиките на Владата стојат конкретни придобивки за граѓаните, меѓу кои околу 1.300 капитални проекти во општините низ државата, насочени кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот, како и зголемувањето на платите во повеќе сектори. „Кога зборуваме за 1.300 проекти, зборуваме за реални инвестиции во општините, за подобри улици, водоводи, училишта и инфраструктура. Кога зборуваме за растот на платите, зборуваме за вреднување на трудот и подобрување на животниот стандард на работниците. Платите во образованието се зголемени за 20 проценти, здравствените работници добија зголемување. Со договорот со синдикатите е предвиден и натамошен раст на платите на административните службеници до 40 проценти до март 2028 година. Тоа се конкретни резултати што граѓаните ги чувствуваат, а не политички пароли“ нагласи Арсоски. На панел-дискусијата Лабудовиќ ги истакна резултатите во енергетскиот сектор, меѓу кои инвестициите во околу 200 мегавати нови фотоволтаични капацитети, финансирањето на втората фаза од ветерниот парк „Богданци“, рехабилитацијата на шест хидроелектрани и засилената контрола врз концесионерите, со раскинување на повеќе од 50 концесии поради неисполнување на обврските. Овие активности се дел од поширокиот инвестициски циклус за зголемување на домашното производство, енергетската сигурност и заштитата на националните природни ресурси. Никола Мемов ги презентираше резултатите од двегодишното работење на Фондот ПИОМ, посочувајќи дека пензиите од септември 2024 до март 2026 година се зголемени за вкупно 7.000 денари, а во септември 2026 година следуваше и дополнително усогласување од 3 проценти. Даниела Белимова ги истакна парламентарните иницијативи на ЗНАМ, меѓу кои обезбедувањето 55.000 вредносни ваучери за студентите, како и предлог-измените на Законот за семејството. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски. Две години се доволна потврда дека ЗНАМ е движечка сила на конкретни промени и резултати. Движењето продолжува да работи за силна и стабилна Македонија, функционални институции, економски развој и подобар животен стандард за граѓаните.Тагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХари Кејн опериран – познато е колку долго ќе отсуствува од тимот на Баерн МинхенФудбалерот на Баерн МИнхен, неверојатниот стрелец Хари Кејн е успешно опериран и ќе отсуствува од зелениот терен најмалку три месеци.Најдобриот фудбалер за 2026 година, асот на Баерн, Хари Кејн, имаше успешна операција и ќе отсуствува најмалку три месеци. „Хари Кејн синоќа беше успешно опериран поради скинат лигамент на левиот скочен зглоб, повреда што ја заработи на натпреварот од Бундеслигата против Келн. 33-годишниот фудбалер сега ќе започне програма за рехабилитација“, се наведува во соопштението на Баерн, а германските медиуми пренесуваат дека тој ќе отсуствува најмалку три месеци. Добитникот на „Златната топка“ се здоби со сериозна повреда во 10-тото коло од Бундеслигата, на натпреварот одигран во петокот, при што мораше да го напушти теренот уште во 20-тата минута. Отсуството на Кејн ќе претставува огромна загуба за Баерн, бидејќи капитенот на Англија ја игра сезоната на кариерата . Англичанецот постигна 10 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеОд јануари догодина Здравствениот дом во Делчево добива мамограф Од јануари догодина Здравстевниот дом во Делчево ќе добие мамограф, со што пациентките нема да мора повеќе за овој преглед да патуваат до Кочани. Ова го најави министерот за здравство Сашо Клековски при денешната посета во Делчево, при што најави и дека итната медицинска помош во оваа општина ќе добие две нови амбулантни возила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter