Ѓорѓиевски: По речиси три децении запоставеност сообраќајната артерија „Перо Наков“ конечно добива третман каков што заслужува - Канал 5

Ѓорѓиевски: По речиси три децении запоставеност сообраќајната артерија „Перо Наков“ конечно добива третман каков што заслужува

По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува.

Ѓорѓиевски: По речиси три децении запоставеност сообраќајната артерија „Перо Наков“ конечно добива третман каков што заслужува

По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува, објави синоќа градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

-Се работи и навечер, за наше Скопје! Додека градот мирува, машините не запираат. Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба - за првпат од постоењето на градот со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери. Ова е јасна порака дека кога се работи за Скопје, нема пауза и нема одлагање. По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува - истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека завршува времето во кое делницата, што секојдневно ја користат илјадници жители со години била во катастрофална состојба и претставувала сериозен предизвик за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот.

-За Гази Баба започнува нова ера на уредна општина, безбедност и достоинствено секојдневие. Реконструкцијата е темелна и сеопфатна и опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, целосна замена на асфалтните слоеви на површина од 11.050 метри квадратни, поставување современо улично осветлување и подземно поставување на операторските мрежи - нагласи градоначалникот.

Тој додаде дека дополнително, просторот се оплеменува со џебови за паркирање и уредени позиции за контејнери.

-Со овие зафати, целосно се менува ликот на овој дел од населбата и се создава современ, функционален и безбеден урбан простор, по мерка на граѓаните. Продолжуваме со силно темпо и со целосна посветеност, затоа што секој реализиран проект е чекор поблиску до подобар, поуреден и посовремен град. Скопјани заслужуваат улици по кои се движат со сигурност, со гордост и со чувство дека градот навистина се грижи за нив. Најдоброто, доаѓа! - истакна Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите.

Сѐ уште нема одговор:

• Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе).

• Која фирма го работеше?

• Дали таа фирма има врска со Орце?

• Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава?

Нема одговор ни за водата.

Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките?

Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре,

затоа што тој не е способен да го направи тоа.

Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела.

Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер