Ѓорѓиевски: по Конвенцијата почнуваме со интензивни средби по сите населени места

Ние како ВМРО-ДПМНЕ интензивно започнуваме со подготовка на нашето членство за претстојните претседателски избори изјави во Прилеп Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.   

Видовме и самите, иако имаше фрлена ракавица кон социјалдемократите да прифатат предвремени парламентарни избори, сепак ги одбија на крајот соочени се и тие со моментот на страв и паника во нивните редови. Знаат и самите дека изминатиот период од нивното владеење само срам донесоа во Република Македонија.

Крајно погубни се сите нивни политики. Гледаме дека изминатиот период немаме ниту една капитална инвестиција во Република Македонија.

Исто така немаме ниту едно отворено ново работно место, ако не се земат во предвид оние работни места кои што служат за да се згрижат потесните и пошироките семејства на функционерите од СДСМ.

Прилеп е град кој што секогаш ја давал поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, така и сега.

Утре веќе имаме Конвенција во Струга за избор на кандидат за претседател од нашите редови. Веднаш по Конвенцијата започнуваме со интензивни средби по сите населени места низ Република Македонија, а токму во тој контекст и денес се овие средби со месните комитети, полека да започнеме со припремите и да ги поразиме социјалдемократите на претстојните претседателски избори, а веднаш потоа да бидат поразени на предвремени парламентарни избори, рече Ѓорѓиевски.

Одбележани 81 година од смртта на првоборецот Иљо Антески Смок во Тетово

Во Тетово денеска се одбележаа 81 година од смртаа на првоборецот Иљо Антески-Смок. Одбележувањето се одржи пред неговиот споменик во населбата Два бреста каде повеќе делегации положија букети цвеќе, а беше одржан и историски час за негово дело и лик

-Иљо Антески Смок загина на неполни 24 години и немаше можност и среќа да ја почувствува и да ја дочека слободата во која толку многу веруваше. Тој како член на Мавровско-гостиварскиот одред во април 1943 во битката кај Ново Село, Гостиварско бил заробен заедно со 12 други соборци од балистичките одреди кои служеле на италијанскиот окупатор. Подоцна фашистите го осудуваат на смрт, а на денешен датум 17 мај во 1943 година Иљо е обесен. При бесењето извикува „Смрт на фашизмот-слобода на народот“ и самиот го поттурнува столчето за да биде обесен, беше истакнато во пригодниот реферат од наставникот по историја, Љубиша Марковиќ.

Во Тирана покрај Иљо Антески Смок, италијанските фашисти осудиле на смрт и обесиле уште петмина други негови соборци Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Христо Оџаклиески, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски. /МИА

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина.

„Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот Зенески како единствена мировна формула која треба да се разгледа и поддржи. Тоа за нас е неприфатливо. И други направија мировни планови што не полоши“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Тој изјави дека ставил вето на резолуцијата бидејќи бил одбиен неговиот предлог во неа да се вклучат и други мировни планови. /МИА

Ван Перси презеде елитен холандски тим

Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси е нов тренер на Херенвен, соопшти холандскиот клуб. 40-годишниот стручњак потпиша за две сезони.

За Ван Перси, кој е играчот со најмногу голови во историјата на „лалињата“ со 50 погодоци, ова ќе биде деби како тренер на сениорска екипа.

Досега имаше искуство како тренер на младински тимови на матичниот Феенорд.

-Тренерската професија е сеопфатна и предизвикувачка, и ја практикувам со многу страст и задоволство. Имам желба да продолжам со мојот развој и улогата на главен тренер совршено одговара на оваа амбиција. Затоа сум воодушевен од можноста што Херенвен ми нуди многу убав елитен клуб со богати традиции и лојални поддржувачи. Фантастичен предизвик е да се дозволи да се придонесе за спортските амбиции и развој на клубот овде како главен тренер, истакна легендарниот стрелец.

Официјално ќе биде претставен во вторник на 21 мај. Херенвен е на 10. место во Ередивизи пред крајот на првенството./МИА

притисни ентер