Минчев и Јагџиу потпишаа меморандум за соработка: Ги поврзуваме знаењето и искуството за поквалитетни јавни услуги!
33-годишник од тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, лишен е од слобода
1Минчев и Јагџиу потпишаа меморандум за соработка: Ги поврзуваме знаењето и искуството за поквалитетни јавни услуги!
233-годишник од тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, лишен е од слобода
3ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС шири паника, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги сервисира наследените долгови
МакедонијаЃорѓиевски: Напредува процесот на трасформација на работниот однос на вработените во училиштата, ќе се продолжи по изборитеГрадоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски вели дека има напредок во давањето согласности за трајни вработувања во претхолските установи и училиштата, но оти сега тој процес е прекинат поради предизборниот период.По изборите, смета тој, процесот треба да продолжи согласно направен план колку и со каква динамика која од обштините би добивала согласности. Дециден е дека овој процес се одвива согласно потребите на устаниците, а не по политичка приоадност на градоначалниците под чија надлежност се тие. -Дека има одблокирување на процесите, има. Дека има напредок, има. Дека тоа е доволно, не е доволно и треба со посилен интензитет тоа да се спроведе после изборите. Сега е период на предизборие. Во овој период не можат да се даваат согласности. Согласностите треба да се дадат по изборите. Не верувам дека наеднаш ќе може сите да се дадат. Но, треба да се направи еден план секоја општина колку би добила во најбрзо време и да знае и градоначалникот и институциите под градоначалникот со што ќе се соочат и како да ги планираат средствата, изјави Ѓорѓиевски во одговор на новинарски прашања зошто се уште има вработени во образовниот процес кои по 10-20 години работат без решенија туку со договори. Тој вели дека проблемот не е само во училиштата, туку и во согласностите за вработувања во градинките. -Тоа е состојба која често ја дискутираме во ЗЕЛС и апсолутно е генерален проблем во државата. Ние треба да знаеме дека после неколку години сега се овластија лица да лиценцираат воспитувачи и негуватели во градинките. Ние имавме многу посериозен проблем од тоа трајно вработување во образованието, а тоа е да нема со години овластени лица кои ќе работат на лиценцирање негуватели и воспитувачи во градинките. Значи нашите најмлади да се ставени во состојба да нема кој да ги чува во текот на еден работен ден, рече Ѓорѓиевски кој по повод почетокот на новата учебна година заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска го посетија ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода. Нагласува дека има напредок и во одност и на вработувањата во ушилиштата и во градинките, но и во лиценцирањето на негувателите и воспитувачите. -Ако направиме паралела колку согласности се добиени во сите општини генерално, затоа што јас кога се јавувам добив согласност за пуштање во употреба на градинка, која е неопходно да добие согласности, во општина Липково без разлика што градоначалникот е од ДУИ, се добија потребните согласности и таа е функционална, рече претседателот на ЗЕЛС. Додаде дека изминатите 14 месеци откако ја имаат централната власт, како што нагласи, не дека е припадник на политичка партија на чие чело е премиерот Мицкоски, објективно нема делби и секаде се постапува рамномерно. Ништо, вели Ѓорѓиевски, не може да се реши преку ноќ и за некои процеси треба време. Прашан дали општините се подготвени да ги следат идеите и најавените реформи од страна на Министерството за образование тој истакна дека речиси на сите седници на ЗЕЛС се дискутирало за нив, а оти и на некои седници била присутна и министерката за детално да биде образложена реформата и ти тоа е прифатливо за општините. -Апсолутно тоа што го предлага Министерството е прифатливо за нас и мора час поскоро да се спроведе. Така што сметаме дека е неопходно да се спроведе. Сите процеси нормално е дека имаат и одредени негативни ефекти, но, многу поголеми се позитивните. Знам дека со реформите ќе се доведеме во ситуација во населени места каде има, две, три или пет дечиња, тире да се припојат кон некое поголемо училиште. Логично е да е така, затоа што дали има пет, 50, 500 деца трошоците се слини ако не за наставен кадар, тогаш за загревање, ладење, одржување..., рече тој. Смета дека подобро е тие средства да се наменат во изградба на нови установи онаму каде за тоа има реална потреба. -Еве ако земеме предвид во Аеродром има 600 деца на листа на чекање за градинка. затоа подобро е од две населени населени места да ги припоите децата во една градинка со ултрасовремени соодветни услови каде детето ќе го поминува времето, а останатите средства за нова градинка во Аеродром, отколку да се расплинуваат средствата на неколку позиции и од сето тоа да немаат бенефит граѓаните, рече Жорѓиевски во одговор на новинарски прашања.Тагови: Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44
МакедонијаМинчев и Јагџиу потпишаа меморандум за соработка: Ги поврзуваме знаењето и искуството за поквалитетни јавни услуги!Средбата, одржана на маргините на меѓународната конференција „Косово ПАР 2026“ во Приштина.Зајакнување на билатералната соработка, размена на експертски знаења и добри практики и унапредување на професионалните капацитети на институциите беа во фокусот на билатералната средба меѓу министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и министерот за дигитализација и јавна администрација на Република Косово, Лулезон Јагџиу. Средбата, одржана на маргините на меѓународната конференција „Косово ПАР 2026“ во Приштина, резултираше со потпишување Меморандум за соработка, со кој се отвора простор за поконкретно партнерство меѓу двете министерства. Двајцата министри ја истакнаа важноста од воспоставување директна институционална комуникација и поврзување на експертските капацитети, со цел разменетото знаење да се преточи во применливи решенија. „Соработката меѓу институциите има вистинска вредност кога знаењето се споделува, искуството се претвора во конкретни решенија, а придобивките ги чувствуваат граѓаните. Верувам дека Македонија и Косово имаат простор за уште поблиско партнерство, преку кое ќе ги разменуваме успешните практики, ќе учиме едни од други и ќе отвораме нови можности за професионално унапредување. Нашата цел е институции што работат поефикасно, постапуваат професионално и им овозможуваат на граѓаните поквалитетни услуги“ истакна министерот Минчев. Со потпишаниот Меморандум се предвидува соработката да се развива преку заеднички обуки, размена на експерти и обучувачи, развивање програми за унапредување на стручните и раководните вештини. Дополнителен простор за соработка се отвора во управувањето со човечките ресурси, како и преку заеднички проекти и регионални иницијативи. Со ова партнерство, Македонија и Косово ја потврдуваат определбата за градење посилни институционални врски и споделување знаења во интерес на поквалитетното функционирање на јавната администрација. Бидејќи вистинската вредност на меѓуинституционалната соработка се мери преку конкретните придобивки за граѓаните, навремени услуги, професионален однос и поедноставни, поефикасни постапки. Ви благодариме. Со почит, Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44
ЖивотРенесансен раскош во современата мода – Јована Филиповиќ со нова колекцијаНе секоја елеганција е тивка. Ниту секоја женственост е нежна. Постои нешто речиси инстинктивно во начинот на кој Јована Филиповиќ се враќа во Фиренца. Не само како место на кое се создаваат нејзините кампањи, туку и како град што го обликува нејзиниот креативен израз. Ogni cosa al suo posto — Atto II ја продолжува приказната започната претходно оваа година, но носи поинаква атмосфера. Додека првиот дел од колекцијата истражуваше леснотија и одмереност, Atto II носи подраматична и послоевита естетика, со нагласени волумени, поостри линии и архитектонски силуети. Црната и бојата на слонова коска ја поставуваат основата на палетата, надополнети со длабоки чоколадни и нежни, лилави тонови. Корсетите, предимензионираните ракави и флуидните драпирања обликуваат силуети во кои прецизноста на кројот се среќава со слободата на движењето. Кристалните детали внесуваат раскош, додека новиот фирентински JF монограм, извезен тон во тон, се појавува како дискретен потпис на брендот. Влијанието на ренесансната облека е присутно преку пропорциите, конструкцијата и деталите, но без дословно потпирање на историските форми. Филиповиќ ги преточува овие референци во современ моден израз, создавајќи колекција во која историското наследство се препознава, но не доминира. Сепак, зад естетските референци, колекцијата носи и лична приказна. За Јована Филиповиќ, Фиренца е град што и дава многу, без да бара ништо за возврат. Во него наоѓа сила, слобода и посебен вид самодоверба што тешко се опишува со зборови. Токму тоа чувство ја сочинува емотивната основа на Atto II. Жената во центарот на оваа колекција ја носи истата енергија. Таа е сензуална без потреба да го привлекува вниманието, силна без потреба да ја докажува својата сила. Нејзината женственост не е ниту кревка ниту потчинета. Својот израз го одредува сама — инстинктивно, слободно и без потреба да се извинува. Кампањата е фотографирана во Фиренца, меѓу другото и во историската галерија Galleria Romanelli, каде што современата мода се среќава со скулптурата, историјата и монументалната архитектура. Овде минатото не ги поставува правилата, туку отвора простор за поинаков израз на женственоста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија33-годишник од тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, лишен е од слобода Полициските службеници ги лишиле и неговите сопатници А.Ј.(27) од с.Нераште и Н.А.(38) од с.Доброште затоа што агресивно и дрско се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.На 28.10.2026, по претходна пријава дека на патот Гостивар - Тетово патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки се движи во спротивен правец, преземени се мерки и на наплатна станица Тетово полициските службеници го сопреле возилото и по извршени проверки било констатирано дека возачот Б.О.(33) од с.Доброште е под дејство на алкохол, односно му буле измерени 2,06 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. Полициските службеници ги лишиле и неговите сопатници А.Ј.(27) од с.Нераште и Н.А.(38) од с.Доброште затоа што агресивно и дрско се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дејство на алкохол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook