МакедонијаЃорѓиевски: Најдобар прв квартал во историјата на СкопјеГрад Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја според реализацијата на капиталните инвестиции, соопшти градската администрација, посочувајќи дека за првпат е постигната рекордна реализација уште во првите месеци од годината.Според податоците од Градот, во Основниот буџет за 2026 година биле планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4 проценти во однос на претходната година. Во првиот квартал биле реализирани 335,75 милиони денари, односно 18,12 проценти од вкупно планираните капитални инвестиции, што претставува најдобар резултат досега за овој период од годината. Од Град Скопје истакнуваат дека позитивниот тренд продолжува и во вториот квартал. Само во април биле реализирани капитални инвестиции во вредност од 464,45 милиони денари, што е највисока априлска реализација во историјата на градот. Заклучно со 8 мај 2026 година, реализацијата надминала 480 милиони денари, односно веќе се реализирани 26 проценти од планираните капитални инвестиции за целата година. Во соопштението се наведува дека резултатите се постигнати и покрај, како што велат, наследените долгови, нефункционалните системи и тешката финансиска состојба во јавните претпријатија. Градската администрација оценува дека со дисциплинирано и одговорно работење започнала стабилизација на системот и враќање на редот во функционирањето на институциите и јавните служби. Паралелно со капиталните инвестиции, обезбедени биле средства и за исплата на наследени субвенции за велосипеди, азбестни кровови, инвертер-клими, чистење оџаци, средношколски стипендии и други мерки за граѓаните. Дополнително, за јавните претпријатија биле обезбедени повеќе од 467,9 милиони денари субвенции за „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Дрисла“, „Лајка“, „Улици и патишта“ и ЈСП, со цел стабилизација на нивното работење и подобрување на јавните услуги. Од Градот информираат и дека во изминатите 4,5 месеци обврските на јавните претпријатија биле намалени за околу 38,5 милиони евра, при што најголемо намалување е регистрирано во ЈП „Водовод и канализација“. Воедно, обврските на Град Скопје биле намалени за околу 11,6 милиони евра, а исплатени биле и долгови по основ на експропријација, тужби и преземени обврски. Од градската администрација порачуваат дека ова е само почеток на процесот на стабилизација и развој на Скопје, со најави за продолжување на инвестициските активности и реализација на нови проекти во интерес на граѓаните. Со почит, Град Скопје Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter