МакедонијаЃорѓиевски: Најдобар прв квартал во историјата на Скопје и убедливо најдобра реализација на капитални инвестиции!Кога се работи со љубов, почитувани мои скопјани, со посветеност и јасна визија, резултатите не можат да изостанат.И покрај затекнатиот хаос, наследените долгови, нефункционалните системи, парализираните јавни претпријатија и град кој со години беше оставен без вистинско водство, успеавме за краток период да го исправиме Скопје на нозе. Денес, со гордост можам да кажам дека Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја, со највисока реализација на капитални инвестиции досега. Во Основниот буџет на Град Скопје за 2026 година беа планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4% во однос на 2025 година. Но, најважно е што овие средства не останаа само бројки на хартија. Во првиот квартал реализирани се 335,75 милиони денари, односно 18,12% од вкупно планираните капитални инвестиции. Тоа е најдобра реализација за прв квартал во историјата на Град Скопје! И ова не е случајност. Ова е резултат на дисциплина, работа, одговорност и секојдневна борба за секој денар да биде насочен таму каде што најмногу им треба на граѓаните - во улици, инфраструктура, јавни услуги, чистота, зеленило, сообраќај, функционални претпријатија и проекти кои го менуваат ликот на градот. И тоа, почитувани, не е сè! Веќе можам да најавам дека и реализацијата на капиталните инвестиции во вториот квартал ќе биде рекордна. Само во месец април имаме реализација на капитални инвестиции во износ од 464,45 милиони денари, што е највисока априлска реализација споредено со било која година досега. Заклучно со 8 мај 2026 година, односно за период од само 4 месеци и 8 дена, реализацијата на капиталните инвестиции изнесува повеќе од 480 милиони денари, со што веќе се реализирани 26% од вкупно планираните капитални инвестиции. За споредба, во првите четири месеци од 2026 година имаме подобра реализација од цел втор квартал, односно од првите шест месеци во повеќе претходни години: [▪️] во 2025 година реализацијата изнесувала 463 милиони денари, [▪️] во 2024 година 385,4 милиони денари, [▪️] во 2023 година 420,5 милиони денари, [▪️] а во 2022 година 368,4 милиони денари. Тоа значи дека за само четири месеци веќе сме надминале цели шестмесечни периоди од претходни години. Ова е разликата кога градот се води одговорно. Паралелно со капиталните инвестиции, обезбедивме средства и за исплата на сите субвенции што ги наследивме како несработена документација од претходното раководство - субвенции за велосипеди, азбестни кровови, инвертер-клими, чистење оџаци, средношколски стипендии и други мерки важни за граѓаните. Дополнително, обезбедивме повеќе од 467,9 милиони денари субвенции за јавните претпријатија: „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Дрисла“, „Лајка“, „Улици и патишта“ и ЈСП. Тоа се средства со кои ги стабилизираме претпријатијата, ја овозможуваме нивната тековна работа и ги враќаме јавните услуги таму каде што треба да бидат, во служба на граѓаните. Особено важно е што, покрај Град Скопје, значително намалување на обврските има и кај јавните претпријатија. За само 4,5 месеци, обврските на јавните претпријатија се намалени за околу 38,5 милиони евра. Предводник во ова намалување е ЈП „Водовод и канализација“, каде што обврските се намалени за 1,55 милијарди денари, односно повеќе од 25 милиони евра. Но, намалување на обврските има и кај ЈСП, „Улици и патишта“, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Градски паркинг“ и „Дрисла“. Ова покажува дека системот почнува да се стабилизира. Дека редот се враќа. Дека одговорното работење дава резултат. Освен намалувањето на долговите, успеавме да воведеме ред и во исплатата на платите. Повеќе нема доцнење по два или три месеци, како што затекнавме на почетокот на ноември 2025 година, кога речиси сите претпријатија беа со неисплатени плати и К-15 за вработените. Денес, јавните претпријатија функционираат постабилно, ги реализираат своите инвестициски програми и капитални проекти, а нивната работа постепено се враќа во нормален и одговорен тек. За само 4,5 месеци, обврските на Град Скопје се намалени за околу 11,6 милиони евра. Тековните обврски на Градот се намалени за околу 5,5 милиони евра. Кредитните задолжувања се намалени за околу 2,2 милиони евра. Исплатени се 0,9 милиони евра долгови за експропријација. Исплатени се и утужени обврски во износ од речиси 2,5 милиони евра, при што мора да се нагласи дека наследивме околу 50 милиони евра обврски по основ на тужби, без пресметани камати и судски трошоци. Дополнително, исплатени се речиси 0,5 милиони евра преземени обврски по основ на субвенции, пензионирања, помош, комисии, управни и надзорни одбори, експропријации и спогодби, а префрливме средства и кон Градската изборна комисија. И ова се факти. Бројки и резултати. За само неколку месеци покажавме дека Скопје може да се движи напред. Покажавме дека и од хаос може да се создаде ред, и од блокиран систем може да се изгради функционален град. Наследивме долгови, проблеми и нефункционалност. Но не баравме изговори. Работевме и решававме. Стабилизиравме. Инвестиравме. И денес, Скопје бележи историски резултат. Ова е само почеток, почитувани! Продолжуваме со уште посилно темпо, со уште повеќе работа за Скопје да стане функционален, уреден, модерен и достоинствен град, каков што заслужуваат сите негови граѓани, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространетФридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс. Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“. „Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој. Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц. Germany's Chancellor Merz: Antisemitism is once again omnipresent. Sometimes it is disguised in the language of anti-colonial liberation struggles or criticism of Israel. https://t.co/centhneh0V — Clash Report (@clashreport) November 9, 2026 Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно. Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година. „Срам за нашата земја“ Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија. „Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерикански претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијатаВо неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс. „За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен. Што ќе се случи со окупираните територии? Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања. Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас. Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања. Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата. Безбедносни гаранции за Украина Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки. Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена. Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Извор: Индекс.хрТагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook