Ѓорѓиевски на 42. Маџирмаалски средби: Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентични скопски маала, култно место од кое зрачи посебна енергија и топлина - Канал 5

Ѓорѓиевски на 42. Маџирмаалски средби: Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентични скопски маала, култно место од кое зрачи посебна енергија и топлина

 Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентични скопски маала, култно место од кое зрачи посебна енергија и топлина. 

Ѓорѓиевски на 42. Маџирмаалски средби: Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентични скопски маала, култно место од кое зрачи посебна енергија и топлина

Тука се чувствува Скопје во својот полн сјај, со својата историја, маалски дух и неповторлива хемија што ги поврзува луѓето, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, кој денеска присустувал на 42. Маџирмаалски средби.

-Огромна чест ми беше што бев поканет да присуствувам на Маџирмаалските средби, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и колегата Горан Герасимовски. Речиси половина век овие средби успешно се организираат и претставуваат жив доказ дека традицијата, кога се негува со љубов, трае и обединува генерации, нагласи Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека во рамки на настанот се одржала и ревијален натпревар помеѓу Град Скопје и Општина Центар, пријателска, но исполнета со спортски дух и позитивна енергија, токму во стилот на маалските вредности што ги славиме

-Посакувам уште многу години да продолжат овие собири да ја чуваат традицијата, да го негуваат маалскиот дух и да го потсетуваат Скопје на неговите корени. Честа беше моја, истакна Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите.

Сѐ уште нема одговор:

• Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе).

• Која фирма го работеше?

• Дали таа фирма има врска со Орце?

• Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава?

Нема одговор ни за водата.

Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките?

Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре,

затоа што тој не е способен да го направи тоа.

Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела.

Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер