Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината - Канал 5

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска извршија увид во градежните активности на мостот на „Љубљанска“. 

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината

По години застој, продолжува финалната фаза од поврзувањето на улиците „Љубљанска“ и „Скупи“, со цел до крајот на оваа година мостот да биде ставен во функција.

- Скопје предолго чекаше, време е да се движи напред! Дадениот збор за мене е обврска. А довербата што ја добив од вас, мојот народ, е одговорност што ја носам секој ден. Да работам, да ги решавам проблемите што со години стоеле заглавени и да испорачувам резултати што ќе ги почувствувате во сопственото секојдневие. За нашиот град, ова поврзување има огромно значење. Нова сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на Скопје, подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, побрз и побезбеден излез кон обиколницата и растоварување на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“. Зад сето ова стои она што им е најважно на граѓаните - помалку време во колони, полесно стигнување до работа и повеќе време со семејството – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Значајно е да се нагласи дека застојот поради потребното мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар за заштита на локалитетот „Скупи“ е надминат.

- Со сериозна работа и одговорен пристап, дозволата која моите претходници ја закочија е обезбедена, заштитата на културното наследство е запазена, а градежните активности од денес продолжуваат со засилен интензитет – нагласи Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека се гради современо и целосно сообраќајно решение, со коловоз широк 12 метри и четири сообраќајни ленти, по две во секој правец, на вкупна површина од 5.350 квадратни метри. Од двете страни ќе има пешачки и велосипедски патеки, секоја широка по два метра, со вкупна површина од 3.815 квадратни метри, кои ќе овозможат безбедно и удобно движење за сите учесници во сообраќајот. Изградени се потпорни ѕидови од двете страни на булеварот, со 2.050 кубни метри бетон, атмосферска канализација во должина од 473 метри и улично осветлување со 40 столбови, за поголема безбедност и прегледност.

Паралелно, Град Скопје работи и на изградбата на мега парк на површина од 70.000 квадратни метри во Карпош, со партерно и хортикултурно уредување, пешачки патеки, хидрантска мрежа и урбана опрема.

- Создаваме нов простор за прошетки, рекреација и дружење, а продолжуваат и активностите за расчистување на кејот на Вардар. Скопјани заслужуваат уреден кеј и зеленило во кое ќе уживаат сите генерации - рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за огромната поддршка и личната посветеност, кој со конкретни дела покажува како се сакаат сопствениот град и државата.

- Таа поддршка ни дава сила да ги придвижуваме заглавените проекти и заедно да ги правиме Скопје и Македонија поубаво место за живеење. Скопјани заслужуваат модерен и функционален град. Град во кој се стигнува полесно, се живее поубаво и се гледа дека некој се грижи – истакна Ѓорѓиевски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер