Ѓорѓиевски: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и нашата историја - Канал 5

Ѓорѓиевски: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и нашата историја

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес беше дел од настан по повод одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик, што се одржа во Домот на култура „Билјана Беличанец“. 

Ѓорѓиевски: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и нашата историја

Пред присутните директори, наставници, советници, ученици и еминентни гости, градоначалникот Ѓорѓиевски упати силна порака за значењето на македонскиот јазик како темел на нашиот културен и национален идентитет и за суштинската важност на оваа годишнина.

-Денес сме тука не само да одбележиме еден датум од нашата историја, туку уште еднаш да се потсетиме кои сме. Да се поклониме пред вредноста што нè одржува и нè поврзува низ генерациите – нашиот македонски јазик. Македонскиот јазик постоел многу пред неговата кодификација, но без стандардизирана норма. Живеел во секојдневието на народот, низ говорот, песните, преданијата, народните мудрости... Со неговата кодификација, на 5 мај 1945 година, тој доби официјална систематизација на јазичните правила и закони, како и пропишување задолжителна јазична норма. Тоа беше историски чин со кој му се призна достоинството на еден јазик, и со тоа – на еден народ, македонскиот. Со таа кодификација, македонскиот јазик доби темел врз кој потоа се изградија денешната книжевност, образование, науката, медиумите и културата во целост-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Во рамки на настанот, тој истакна и една значајна иницијатива чие спроведување започнува во претстојниот период, доделување на примероци од „Правописот на македонскиот литературен јазик“ на сите основни училишта.

- Особено ми е драго што периодов, реализираме една симболична, но исклучително значајна акција – на нашите основни училишта им се доделуваат примероци од правописот на македонскиот литературен јазик, со што не само што го збогатуваме библиотечниот фонд, туку уште поважно – го јакнеме духот на почит кон јазикот што е темел на нашиот идентитет. Оваа акција следува откако во депоата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ беа откриени неискористени примероци од ова значајно издание, кои со години не биле дистрибуирани и чувани во несоодветни услови, иако биле наменети токму за институции како вашите. Тие во текот на следните денови ќе бидат дистрибуирани до сите основни училишта и конечно добиваат вредно и заслужено место – во училишните библиотеки, каде што ќе им служат на наставниците и на вас, драги ученици, како водич и потсетник за важноста на нашиот јазик. За донацијата на прaвописите, сакам да упатам голема благодарност до директорот на Националната и универзитетска библиотека, г-дин Јовица Никчевски, со кого заеднички, преку ЗЕЛС, ја реализираме оваа акција на ниво на сите општини-истакна Ѓорѓиевски, се наведува во соопштенето.

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025” од денеска до 17 мај ќе се одржи во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Скопје 13. пат ќе биде домаќин на повеќе од 70 млади иноватори и експерти од земјата и странство.

Студентите, како што најавуваат организаторите, ќе имаат можност да се запознаат со последните технолошки иновации поврзани со роботиката, автоматиката, електрониката и вештачката интелигенција, преку богатата програма и практични работилници. Работејќи во тимови, студентите ќе имаат можност да ги употребат своите теоретски знаења и практични вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски, Ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и претседателот на македонската секција на IEEE Анастас Мишев.

РобоМак 2025 е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, заедно со Македонската секција IEEE и Факултетското студентско собрание на ФЕИТ.

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година.

СДСМ

Ана де Армас и Том Круз во врска: Актерот потрошил богатство само за да ја импресионира

Нов пар кој ја шокира холивудската сцена се Том Круз и Ана де Армас – актерскиот пар влезе во романса по заедничко снимање, а сега се следени на секој чекор!

Ана де Армас и Том Круз во врска: Актерот потрошил богатство само за да ја импресионира

Том Круз се обидува да ја импресионира својата нова девојка Ана де Армас — потрошил 8.600 фунти само за пат до аеродромот.

Холивудскиот актер, кој има 62 години, не штедел пари на патување до Њујорк, пишува „Сан“.

„Тој е вистински џентлмен. . Ако тоа значи да се фрлаат пари – така нека биде“

Тој изнајмил хеликоптер вреден 1 милион фунти за да ја однесе Ана од центарот на Лондон до аеродромот Хитроу, што го чинело 4.850 фунти.

Потоа платил уште 3.812 фунти за пристап до ВИП Виндзор салата на аеродромот.

Вкупната сума од 8.662 фунти е повеќе од двојно од цената на нејзината прва класа авионска карта со Бритиш Ервејс.

Извор изјави: „Том сака Ана да знае дека може да го добие најдоброто од најдоброто и не се замара со цената. Тој е вистински џентлмен и само сака да биде добар со неа. Ако тоа значи да се фрлаат пари – така нека биде.“

Ана, која глумеше во Бонд филмот „Нема време за умирање“ во 2021 година, првпат беше поврзана со Том кога беа видени на вечера за Денот на вљубените.

Оттогаш, врската се развива — Том дури ја однел на краток одмор во Мадрид за Велигден.

Јавно ја потврдија врската на прославата на 50-тиот роденден на Дејвид Бекам во Лондон минатата недела.

притисни ентер