Ѓорѓиевски: И саботата е работен ден кога станува збор за мојот народ - Канал 5

Ѓорѓиевски: И саботата е работен ден кога станува збор за мојот народ

И во сабота, вратите на Град Скопје беа широко отворени за сите граѓани кои побараа прием кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со цел да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози. 

Ѓорѓиевски: И саботата е работен ден кога станува збор за мојот народ

Дел од разговорите ги реализира и телефонски, затоа што, како што посочува „секој е важен, а секоја порака заслужува внимание и одговор“.

Градоначалникот изрази задоволство од искрената поддршка и добриот збор од граѓаните, истакнувајќи дека многумина ретко имале можност лично да бидат примени и сослушани од градоначалникот. Тоа, како што подвлече Ѓорѓиевски, претставува голема чест, но и поголема обврска.

-Како што ветив, градот е отворен за сите – без затворени врати и без игнорирање. Секој проблем е внимателно забележан, секој предлог е запишан. На предизвиците ќе им пристапиме директно и одговорно и заедно, чекор по чекор, ќе работиме на нивно решавање. Јас и Град Скопје остануваме достапни, присутни и секогаш на страната на граѓаните, истакна Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.

Средбите, како што посочува Ѓорѓиевски, продолжуваат во текот на целиот ден, а доколку има потреба, ќе продолжат и утре. За закажување термин, граѓаните можат да се јават на 02/3 297 204.

-Скопје е наш заеднички дом, а обврската кон луѓето не завршува со работното време, истакна градоначалникот на Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

Четири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор.

Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. 

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско.

Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец.

Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население.

Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Денес сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер