ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?
1ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
МакедонијаЃорѓиевски и Митески остварија средба со „Мобилност“ - најголемото македонско здружение на лица со попреченостЃорѓиевски, пред сѐ, ги покани своите соговорници, да даваат свои идеи и предлози, покрај другите здруженија со коишто, како досегашен градоначалник на Кисела Вода, соработува активно, како што е Здружението на родители на деца со церебрална парализ На покана на кандидатот за градоначалник на Скопје номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и в.д. градоначалник на Општина Аеродром, Дејан Митески, се оствари средба меѓу нив двајца и претставници на најголемото македонско здружение на лица со попреченост, „Мобилност Македонија“, поточно скопскиот огранок. Ѓорѓиевски, пред сѐ, ги покани своите соговорници, да даваат свои идеи и предлози, покрај другите здруженија со коишто, како досегашен градоначалник на Кисела Вода, соработува активно, како што е Здружението на родители на деца со церебрална парализа. Тој предочи дека работејќи заедно, пристапноста до шалтери, и воопшто - до јавните установи, може да се подобри, бидејќи тоа се „ситни потфати“ коишто на граѓаните со попреченост многу им значат. - Целта мене ми е да направиме инклузивен град кајшто сите ќе имаат еднакви права и можности. Така, парковите што ќе ги правиме, јавните објекти, итн. ќе бидат во тој дух. Јас ќе барам само ваша логистичка поддршка т.е. потсетување кога, некогаш, ете нешто ќе заборавиме... Зашто, знаете - ние ќе бидеме потрупани со проекти, изјави Ѓорѓиевски. Митески ги презеде истите задачи и потфати типични за Аеродром. Тие ветија и поредовна и поблиска комуникација со граѓаните со попреченост. Граѓаните побараа - во иднина, пристапноста до зградите, јавните, деловните и станбените објекти, да биде не препорачана, туку законски обврзувачка и задолжителна. Беа спомнати и нередовните автобуси, како и несакањето на управувачот на возилото да ја спушти рампата заради пристап за лице со ортопедска количка или какво било друго помагало. Ѓорѓиевски рече дека сѐ тоа спаѓа во правилата што во иднина ќе мора да се почитуваат. - Има нови автобуси коишто седат по паркинзи - 60 возила коишто се подобри од сегашниве, но некој не сака да потпише лиценца и тие да бидат пуштени во промет, појасни Ѓорѓиевски. Тој додаде дека почитувањето на правилата и прописите мора да се преточи во систем, како и почитувањето на надлежностите на првиот човек на општината, кој мора да ги заштити своите граѓани пред сѐ. На крајот здружението „Мобилност“ ги повика граѓаните со попреченост да им се обратат, да си ги кажат своите проблеми коишто (најверојатно еднаш месечно), систематизирани ќе му бидат пренесени на новиот градоначалник. Тагови: Митески Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока огорченост од секојдневните скандали кои ја потресуваат македонската јавност, а кои укажуваат на натамошно пропаѓање на државните институции и градење систем на неправда. Случајот со Ива Михајлова го апстрахираме од етничкиот предзнак и нема да им дадеме простор на тие зовриени национал-шовинистички глави во регионот да си прават етно-популистички кампањи на човечки трагедии. Пораките од Софија се скандалозни и грозни и говорат за земја во која постои целосно помрачување кога станува збор за владеење на правото, а уште помалку за европски систем на правда. Михајлова сега треба да биде гонета за ново кривично дело, а скандалот да биде уште поголем, нејзиниот адвокат изврши кривични дела и пред бугарската и пред македонската правда со јавната изјава дека си ја „зеле судбината во свои раце“. Каква правна хаварија! Во овој случај, вистинска трагедија во Македонија е тоа што целосниот крах на функционирањето на институциите доведе до тоа лице, кое е осомничено за предизвикување смртни последици во сообраќајна несреќа, наместо да се соочи со правдата и да ги почитува судските забрани, добива статус на наводна жртва и шоу-ѕвезда, како од некое одвратно евтино реално шоу. Нема човек во Македонија кој не е згрозен од фактот што вакво нешто беше воопшто возможно. Живееме во држава во која би требало да има функционална полиција, безбедносни камери на граничните премини и служби што осигуруваат дека лица на кои им се одземени пасошите и имаат забрани за излез, ќе бидат достапни на органите. Ако сѐ тоа е нефункционална фарса, пораката е кристално јасна: во Македонија можете да убивате, да крадете, да уништувате и на крајот, слободно да си прошетате во странство и да се сликате како жртва. И тоа се случува во земја каде што власта има апсолутна контрола – со целосна законодавна власт, уставно мнозинство, целосна контрола на локалната власт, доминација над медиумскиот простор, па дури и целосен преглед на безбедносните камери. Пораката која ја добија криминалците во власта со менувањето на Кривичниот законик и ослободувањето од вина на функционерите беше дека од позиција на власт може да прават што сакаат. А сега, пораката која ја добија останатите криминалци со скандалот Михајлова е дека слобода на акција имаат и тие. Ова неодоливо личи на почеток на општ хаос и анархија. Имаме ли сѐ уште моќ да го спречиме ова пропаѓање? ЛДП верува дека во народот постои огромен бес, кој заедно наскоро ќе мора да го изразиме и да му ставиме крај на ова секојдневно државно тонење. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДојава за бомба на лет од Њујорк кон Израел: Патниците евакуираниПатниците на летот на „Делта ерлајнс“ од Њујорк кон Тел Авив утринава беа евакуирани по слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ поради анонимна дојава за бомба, пренесува „Мирор“.Според дојавата, наводно во авионот имало експлозивна направа, што довело до итно спроведување на безбедносни процедури. Патниците биле евакуирани во терминалната зграда, а авионот е преместен на оддалечен дел од аеродромот за безбедносните служби да можат да извршат темелна проверка. Израелските власти изјавија дека немало непосредна опасност за патниците. При проверката на авионот не било пронајдено ништо сомнително. „Инцидентот е завршен“ Израелскиот весник „Џерусалим пост“ објави дека првичните проценки укажувале на лажна закана со бомба. Безбедносните служби потоа извршиле детална проверка на авионот, но не пронашле ништо сомнително, објави израелскиот информативен портал „Ynet“. „Инцидентот заврши без никакви необични наоди. Операциите се вратени во нормала“, соопшти Управата за аеродроми на Израел. Извор: Индекс.хрТагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во СофијаНародот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша. Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата. Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група. Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност. СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook