Ѓорѓиевски и Мециновиќ ја побараа поддршката од скопјани пред финалното соочување в недела - Канал 5

Ѓорѓиевски и Мециновиќ ја побараа поддршката од скопјани пред финалното соочување в недела

Ден пред изборниот молк и два пред конечната одлука на Скопјани – кандидатите за прв човек на градот ги испратија последните пораки до граѓаните, со цел да ги убедат дека тие се подобрата опција за „метрополата“.

Ѓорѓиевски и Мециновиќ ја побараа поддршката од скопјани пред финалното соочување в недела

И двајцата веруваат во победа, повикаа на масовност и будење на скопјани. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ – Орце Ѓорѓиевски вели дека кампањата му дала увид одблиску во проблемите со кои се соочува градот, за кои најавува дека има решение. Сите проекти кои останале нереализирани, вели сега ќе се реализираат и дека промените доаѓаат.

-Оваа кампања беше вистинска можност да се сретнам со граѓаните од цело наше скопје, да ги видиме проблемите со кои живиме реално години наназад, нефункционалноста на ЈП и прокетите кои не се реализирани. Понудивме концепт и стратегија со која што Скопје заеднички ќе го менуваме сите четири години. Јас сум среќен што Скопје е конечно будно, што скопјани се будни, што се спремни за промени, не само промени за Скопје, туку промени и овде во центар каде што се наоѓаме. Повикувам на масовна излезност во недела, на масовна референдумска изленост од нашите сограѓани, што е можно во поголем број да излезат, а од понеделник ги засукуваме ракавите и започнуваме со темелни промени на нашиот главен град. - Орце Ѓорѓиевски – Кандидат за градоначалник на Скопје – ВМРО ДПМНЕ

Кандидатот на Левица – Амар Мециновиќ посочи дека освен борба за Скопје, ова е борба и против, како што кажа, режимот на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно најави и кривични пријави за опструкција и валкана кампања. Вели во понеделник ќе ја преземе градската власт заедно со граѓаните и дека е време за нови политики по 35 години.

-Нам најнеспособните луѓе ни се прават паметни 35 години, ни излегуваат со предизборни програми, кампањим, бројки, ништо од тоа нема да биде исполнето. 30 години истите ветувања ги добиваме и пак ништо нема да биде. Така што, нивната ароганција ги доведе до овде, нивната аргоанција е еден од општествените процеси која ќе доведе до победа на друга опција. Затоа што сега е веќе време за друга политичка култура. Затоа што веќе никој не смее да биде најпаметен, не смее да биде бог, ниту да добива мандат и од неговиот претседател во партијата, народот го дава единствениот мандат во ова граѓанско општество. – Амар Мециновиќ – Кандидат за градоначалник на Скопје – Левица

Ѓорѓиевски со 90.000, и Мециновиќ околу 30.000 гласови, во првиот круг беа избрани како најдобри меѓу 16те претенденти за градоначалник на Град Скопје. И двјацата побараа поддршка од сите граѓани и политички партии во вториот круг да излезат како победници и да ја спроведат својата замисла за развивањето на престолнината на Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Снег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград.

Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час.

Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина.

Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независноста

Албанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“,  Албанија 114 години од независноста

Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег...

Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаат

Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавениот простест на студентите, кога, како што вели, државата им нуди повеќе од тоа што го имаат...  

Јаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаат

Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавените студентски протести. По ултиматумот што и го дадоа – во рок од две недели да има конкретен одговор за зголемување на студентскиот оброк, Јаневска вели дека работна група од министерството веќе работи на решение и дека државата им нуди повеќе од досегашното.

„Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката, но формирана е работната група, многу брзо се развива проектот, заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија, мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението. Оттука не гледам причина, но секако тие имаат свое право како ќе одлучат така, иако повторувам, не гледам логика да протестираш за нешто што ти нудат повеќе.“

Владата дополнителната подршка за студентите ја гледа преку нова студентска картичка. Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека преку М-услуги стидентите ќе можат да добиваат 20% попуст на услугите што ќе ги користат преку апликацијата во текот на целата година.

„Секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги. Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.“

Сепак студентите остануваат на нивното конкретно барање за зголемување на субвенцијата од сегашните 140 на 180 денари дневно, односно 4.500 денари месечно. Според анкета на студентските претставници, спроведена на околу 7.000 студенти, 90% се изјасниле за зголемување на износот, додека 80% бараат да остане досегашниот начин на исплата преку платежни картички. Студентите бараат зголемувањето на оброкот да не се условува со воведувањето на новиот дигитален модел. Рокот за исполнување на нивните барања е 2 недели, во спротивно најавуваат протести.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер