Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
МакедонијаЃорѓиевски: Градот полека застанува на нозе, го враќаме достоинството на скопјаниГрадоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, испрати силна порака дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој ...Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, испрати силна порака дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој и најголема инвестициска офанзива во својата историја. Тој истакна дека при преземањето на функцијата затекнал урнат систем, град на раб на банкрот, јавни претпријатија со блокирани сметки, вработени без плати, нефункционални институции и долгови од речиси 300 милиони евра. На сметката на градот имало само осум милиони денари реално расположливи средства, додека истиот ден чекале извршни решенија од 48 милиони денари. „Наместо да се жалиме, засукавме ракави и почнавме да работиме. Денес можеме гордо да кажеме дека Скопје полека застанува на нозе и оди напред“, нагласи Ѓорѓиевски. Во само два месеци, како што информираше, намалени се повеќе од 40 милиони евра обврски на Градот и јавните претпријатија, нормализирана е исплатата на платите во Дрисла, Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Лајка, Флораком и Луна, каде што претходно се доцнело по две плати, а се решавале обврски од околу 450 милиони денари. Со првиот ребаланс на Буџетот за 2025 година е засилена наплатата и воведена финансиска дисциплина, а Буџетот за 2026 година изнесува 5,2 милијарди денари – зголемен за 12 проценти. Пренесен е вишок од 482,9 милиони денари, со што за првпат по долги години Град Скопје има повеќе пари отколку обврски. „Тоа ни овозможи да тргнеме во најголемата инвестициска офанзива досега“, потенцираше градоначалникот. Капиталните инвестиции се зголемени за 33,4 проценти, а веќе се реализирани 389,7 милиони денари, при што јануари 2026 година е најуспешен јануари по приходи и реализација. Започната е изградба на 50 мини паркови низ Скопје и на Мега паркот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, кој ќе биде новото зелено срце на градот. Големи вложувања се прават во образованието: изградени се спортски терени во шест средни училишта, обезбедени се 60 милиони денари за реконструкции, прочистувачи за воздух во секоја училница, целосна дигитализација, 86 милиони денари за енергетска ефикасност, лаптоп за секој првенец на генерација, воведување униформи за прва година, летни кампови за ранливи категории и целосно бесплатна психолошка поддршка за сите ученици – за првпат во историјата на Град Скопје. Во инфраструктурата се откочени клучни проекти што со години стоеле заглавени. Кај клучката Момин Поток е исплатена експропријацијата и работите се во полн ек. Во тек е супервештачење за објект на булевар АСНОМ со што ќе се стави во функција таканаречениот мост за ловење риба во 2026 година. Започната е Фаза 1 од булевар „Македонија“, наскоро стартува Фаза 2, а Фаза 4 ќе отпочне до крајот на 2026 година. Со завршување на сите фази, Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница. Во напредна фаза се и преговорите за експропријација на објектите на булевар „Борис Трајковски“, за чиј завршеток се веќе обезбедени средства, со што оваа клучна артерија конечно ќе функционира нормално. Реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“ е во втора фаза, започната е и реконструкцијата на „Перо Наков“, а дополнителни 150 милиони денари се обезбедени за рехабилитација на помали улици. Во Буџетот за 2026 година има средства и за булеварите „Февруарски Поход“, „Цветан Димов“ и други сообраќајни решенија. Во јавните претпријатија започна обнова каква што Скопје не памети – нови специјални возила за Комунална хигиена, Паркови и зеленило, ЈСП и Градски паркинг, нови контејнери и систем за воведување ред во хигиената. Се инвестира и во зонското паркирање и нови монтажни паркинзи, како и во две монтажни гаражи во Клиничкиот центар кои ќе решат долгогодишен проблем. Откочен е и најголемиот еколошки проект во историјата на градот – пречистителната станица за отпадни води вредна околу 185 милиони евра. Во Водовод се реализираат десетици проекти за нови цевководи, атмосферска канализација, заштита од поплави и стабилно водоснабдување. Со Флораком и Луна се обновува зелената инфраструктура и се враќа Луна паркот, кој ќе биде завршен во втората половина на 2027 година. „После повеќе од една деценија лажни ветувања, конечно на децата ќе им обезбедиме современ простор за забава и спомени“, истакна Ѓорѓиевски. Проширени се капацитетите на Лајка со инвестиција од 30 милиони денари, а над 90 милиони денари се обезбедени за реконструкција и опрема на културните установи, плус дополнителни 25 милиони денари за намалување на нивните обврски. Паралелно со инвестициите, сериозно се намалуваат долговите – тековните обврски за над 4,6 милиони евра, кредитите за над 1,2 милиони евра, како и драстично долговите на јавните претпријатија: Водовод за 1,3 милијарди денари, ЈСП за 427 милиони, Комунална хигиена за над 130 милиони, Паркови и зеленило за над 80 милиони, Дрисла за 14,5 милиони и Градски паркинг за 41,6 милиони денари. Градоначалникот им се заблагодари на граѓаните кои го платиле данокот на имот и информираше дека се блокирани 17.694 сметки за долг од 1,3 милиони евра за 2021 година, како и дека во наредните 15 дена се очекува подмирување на обврските од 2022 до 2025 година од вкупно 96.562 физички лица и 2.335 правни субјекти во износ од 19,5 милиони евра. „Ред мора да има. Секој денар во буџетот значи повеќе проекти и подобар живот за сите“, порача тој. На крајот, Ѓорѓиевски нагласи дека ова е само почеток на финансиската консолидација и целосната трансформација на градот. „Наследивме долгови, но градиме иднина. Наследивме хаос, но воспоставуваме ред. Наследивме разочараност, но ја враќаме надежта. Ќе го направиме Скопје модерен, чист, функционален и достоинствен град. Нема враќање назад. Нема изговори. Само резултати. Заедно ќе успееме. Време е скопјани да живеат подобро, време е градот да застане цврсто на нозе и да оди напред.“ Град СкопјеТагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 11. ноември 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 11. ноември 2026 година.Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чувајте се од провев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБогдан Илиевски и Иво Рангеловиќ во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Богдан Илиевски и Иво РангеловиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ЗабаваЦвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?Според „Вајс“ (Vice), мажите сè почесто им порачуваат на жените дека нивните критериуми за врска се превисоки. Купувањето цвеќе, плаќањето вечера или романтичните гестови некои мажи ги сметаат за материјализам и претерани очекувања. Ваквите коментари го отвораат прашањето: зошто од жените се очекува да се задоволат со минимум, додека вложувањето труд и внимание во врската се третираа како нешто посебно? Зошто желбите на жените често се етикетираат како „претерани“? Поради своите очекувања во врските, жените често се опишуваат како „нереални“, „пребирливи“ или дека „премногу бараат“. Сепак, јасното изразување на сопствената желба и очекувањето почит од партнерот не би требало да бидат основа за осуда. Секој има право да постави свои критериуми и сосема е разумно да се очекува партнерот преку своите постапки да покаже дека жената му е важна. Жените при запознавање и излегување често се соочуваат со одредени ризици кои ги надминуваат оние со кои се соочуваат мажите. Затоа, важно е и другата страна да покаже труд и подготвеност да вложи во врската. Мажот кој не се труди да остави добар впечаток, тешко може да очекува да разбуди интерес кај жената. Сè почести се и дискусиите за тоа колку еден маж треба да вложи во една врска. Некои мажи дури и ја исмеваат самата идеја дека жените уживаат кога добиваат цвеќе. Сепак, иако во некои западни земји ваквите гестови може да се сметаат за непотребен трошок, во словенските култури подарувањето букет и покажувањето внимание кон партнерката често се смета за стандарден дел од додворувањето. Од друга страна, некои мажи дури и скромните очекувања ги етикетираат како „материјализам“. Притоа, често забораваат дека вредноста на подарокот не е секогаш најважна, туку намерата што стои зад него. Во една врска, двете страни треба да се трудат да покажат грижа, внимание и подготвеност за заемно вложување. Затоа, мажите не треба да очекуваат дека се изземени од ваквите очекувања. Треба ли мажот да ја плати вечерата? Трендот на средби без обврска и краткотрајни врски го промени начинот на кој многу луѓе денес пристапуваат кон запознавањето. Врските понекогаш се сфаќаат несериозно, а луѓето сè повеќе се доживуваат како лесно заменливи. Прашањето дали мажот треба да ја плати сметката во ресторан и понатаму предизвикува поделени реакции. Иако двете страни би требало, во најмала рака, да понудат да го платат својот дел, јавното изразување незадоволство поради трошоците за средбата, особено кога мажот бил тој што ја поканил жената на вечера, остава впечаток дека тој е скржавец. Ако некој смета дека жената со која излегол не вреди колку една вечера, можеби би било подобро воопшто да не излегува со неа. Бидејќи ја потценува вредноста на нејзиното време, а ја преценува вредноста на вечерата. Притоа, често се заборава дека и жените вложуваат време и пари во подготовките пред излегување, од облека и шминка до фризури и други детали. Особено е проблематично кога од жените се очекува подеднакво финансиски да придонесуваат во врската и да останат емоционално стабилни и независни, додека се занемарува трудот што мажите би требало да го вложат во врската. Некои мажи тврдат дека врската не треба да биде трансакциска, но нивните постапки понекогаш укажуваат на сосема спротивното: тие очекуваат нивната партнерка да им пружи внимание, грижа и поддршка, додека самите не се подготвени да возвратат на ист начин. Германскиот писател Јохан Волфганг фон Гете понудил интересна перспектива за љубовта: „Девојките ги сакаме поради тоа што се, а момчињата поради ветувањето што би станале“. Наместо да прашуваат што жените носат во врската или колку се подготвени да придонесат за заеднички живот, мажите би требало да се фокусираат на личноста покрај себе. Личноста со карактер, некоја на која искрено и значи партнерот, ќе најде начин да го збогати неговиот живот. Освен тоа, ниеден однос не може да функционира без заемна зависност и поддршка еден на друг. Ниту една личност не може да живее сосема одвоена од другите луѓе. Зошто некои мажи веруваат дека жените имаат превисоки стандарди? Ако не се претпазливи, жените можат да се најдат во врска во која другата личност го искористува нивното внимание, време и труд. Не се ретки примерите кога жените по целодневна работа доаѓаат дома и ги преземаат речиси сите домашни обврски, како и грижата за децата, а потоа слушаат како облеката што посакуваат да ја купат е прескапа. Во такви ситуации, концептот за рамноправност понекогаш се користи како оправдување за себичноста. Некои мажи се повикуваат на еднаквоста за да ѝ порачаат на својата партнерка дека не треба да очекува ништо посебно од нив, истовремено земајќи го здраво за готово она што таа им го дава. Слични форми на манипулација се појавуваат и во дискусиите за феминизмот. Некои се претставуваат како заговорници на еднаквоста, а истовремено ги занемаруваат проблемите што директно влијаат на женското здравје и на квалитетот на живот на жените. Ендометриозата, на пример, е состојба на која сè уште не ѝ се посветува доволно внимание, но сериозно влијае врз секојдневието на оние жени што заболуваат од неа. Затоа расправата за „превисоките стандарди“ на жените не треба да се сведува на прашањето кој ќе ја плати вечерата, туку фокусот треба да биде ставен на почитта, заемноста и подготвеноста двете страни да вложат во односот. Да се очекува труд и внимание не е исто што и да се бара од партнерот да го задоволи секое барање. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21