Ѓорѓиевски: Градиме нова поликлиника - вкупно 22 нови капитални проекти! - Канал 5

Ѓорѓиевски: Градиме нова поликлиника - вкупно 22 нови капитални проекти!

Општина Кисела Вода до крајниот рок на јавниот повик за капитални инфраструктурни инвестиции од страна на Владата, поднесе вкупно 22 проекти. 

Ѓорѓиевски: Градиме нова поликлиника - вкупно 22 нови капитални проекти!

Последните 6 апликации се доставени во средата, со што се заокружи процесот на аплицирање со серија внимателно подготвени и стратешки значајни проекти. Проектите се насочени кон суштински подобрувања во здравството, образованието, комуналната инфраструктура, сè со цел создавање подобри услови за живот и рамномерен развој на сите делови на општината. Новите 6 проекти за кои се аплицираше се:

1.Поликлиника на ГП 06.01, формирана со урбанистички план согласно член 63 од Законот за урбанистичко планирање.

2.Фекална канализација за населбата Бабин Дол, согласно урбанистички план за четврт Ј15.

3.Основен проект за реконструкција на објектот на месната заедница Драчево, КП 8411/1, КО Драчево 1.

4.Основен проект за реконструкција на објектот на месната заедница Пинтија, КП 6377, КО Кисела Вода 2.

5.Основен проект за доградба на спортска сала во ООУ „Кузман Шапкарев“, населено место Драчево, КП 8824, КО Драчево 1.

6.Основен проект за јавно улично осветлување на патот кон манастир Пеленица.

Овие 22 проекта се директна инвестиција во секојдневието на нашите граѓани – во нивната безбедност, здравје, образовни и социјални услови. Со нив сакаме да го поттикнеме локалниот економски раст, да создадеме нови можности и да ги унапредиме услугите што ги добива секој жител. Искрено сум благодарен на Владата за отворањето на овој повик и за можноста да се пријавиме со конкретни проекти кои нудат суштински решенија. Верувам дека токму преку вакви партнерства се градат заедничките вредности – постигнување на рамномерен развој и еднакви можности за секој граѓанин, без разлика каде живее-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Шесте нови, се надоврзуваат на претходно поднесените 16 проекти:

1.Атмосферска канализациона мрежа на дел од ул. Томе Арсовски од Шампионче со парк Бирарија на територија на Општина Кисела Вода;

2.Реконструкција на улица Жил Верн, општина Кисела Вода;

3.Реконструкција на улица 527, општина Кисела Вода;

4.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти - Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода- Опфат: Улица Иван Хаџиниколов со краци и улица Герника;

5.Основен проект за пешачки патеки со партерно уредување на просторот пред сала „Расадник“

6.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти - Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода -Опфат: Улица Речиште со краци;

7.Основен проект за Реконструкција на коритото на р.Мала Рада (Дното на коритото, довршување на венец на потпорни ѕидови и пешачка патека на насипот на р.Мала Рада);

8.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти - Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода - Опфат: Улица Саса со краци;

9.Основен проект за спортска сала (затворено спортско игралиште) – подрачно Основно училиште „Круме Кепески“ – Припор и

10.Основен проект за реконструкција на Атмосферски канал (Црн Канал) од ул. Малешевска 1 до Мала Рада во КО Драчево 2, општина Кисела Вода.

11.Основен проект за Реконструкција на линиски објект – дел од локален пат од мост Драчево до Охис на територија на општина Кисела Вода;

12.Основен проект за реконструкција на улица Киро Фетак во дел кај мостот;

13. Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје и Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје (втор дел – адаптација и новопланиран партер);

14.Новопроектирана „Улица 2“ и паркинг простор во КО Кисела Вода 1 (позади ООУ “Кузман Јосифовски Питу”) на територија на Општина Кисела Вода;

15.Основен проект за Реконструкција на ул. Томе Арсовски во ДУП за локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода и

16.Основен проект за Реконструкција на ул. Фредерик Шопен во ДУП локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англичаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци!

 Портал „GiveMeSport“ од Англија го состави хипотетички список од 26 фудбалери кои потекнуваат од поранешна Југославија кои, според нив, би патувале на Светскиот шампионатво  2026 во Канада, САД и Мексико.

Англичаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци!

На списокот меѓу 26 фудбалери, се и двајца Македонци, голманот на Валенсија, Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас.

Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026:

Голмани: Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид), Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Столе Димитриевски (Македонија, Валенсија)

Одбрана: Јошко Гвардиол (Хрватска, Манчестер Сити), Јосип Станишиќ (Хрватска, Баерн), Страхиња Павловиќ (Србија, Милан), Никола Миленковиќ (Србија, Нотингем Форест), Сеад Колашинац (БиХ, Аталанта), Јака Бијол (Словенија, Лидс), Марин Понграчиќ (Хрватска, Фиорентина), Амар Дедиќ (БиХ, Бенфика).

Среден ред: Лука Модриќ (Хрватска, Милан), Матео Ковачиќ (Хрватска, Манчестер Сити), Марио Пашалиќ (Хрватска, Аталанта), Никола Влашиќ (Хрватска, Торино), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија, Ал Хилал), Немања Гудељ (Србија, Севилја), Саша Лукиќ ( Србија, Аталанта), Елиф Елмас (Македонија, Лајпциг)

Напад: Бенјамин Шешко (Словенија, Манчестер јунајтед), Един Џеко (БиХ, Шалке), Душан Влаховиќ (Србија, Јувентус), Ведат Муриќи (Косово, Мајорка), Анте Будимир (Хрватска, Осасуна), Андреј Крамариќ (Хрватска, Хофенфајм) Иван Перишиќ (Хрватска, ПСВ).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи против македонските национални интереси

Филипче да престане да работи против македонските национални интереси.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи против македонските национални интереси

Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси.

И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на Бугарија кои бараат нови отстапки од македонска страна, без никакви гаранции и без никаква извесност за европската иднина на државата.

СДС и Венко Филипче не нудат визија, не нудат план и не нудат решенија. Единствената политика на СДС и Филипче е слепо прифаќање на сите барања кои доаѓаат однадвор, без притоа да покажат минимум достоинство и грижа за државните интереси.

Филипче продолжува да ја пласира истата реторика која со години ја слушаме од бугарските власти дека Македонија мора безусловно да попушта, а Бугарија не мора да направи ниту еден чекор кон почитување на македонскиот народ и неговите права.

Наместо да се бори за подобра преговарачка позиција на Македонија, Филипче упорно се бори за спас на сопствената политичка кариера. Токму затоа секој негов јавен настап е исполнет со истите пораки, истите флоскули и истите притисоци врз македонскиот народ.

Време е Венко Филипче да разбере дека Македонија нема да оди напред преку понижувања, уцени и национални отстапки. Македонија ќе оди напред само со политики кои ги штитат државните и националните интереси, а не со политики кои служат на туѓи агенди.

Граѓаните заслужуваат политичари кои ќе ја претставуваат Македонија, а не политичари како Филипче кои ќе ги оправдуваат позициите на другите држави.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена кон европскиот пат, но тој пат треба да биде базиран на принципи а самиот процес да е кредибилен и предвидлив.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелскиот министер Бен-Гвир го критикува договорот со Либан: „Сериозна грешка“

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД,.

Израелскиот министер Бен-Гвир го критикува договорот со Либан: „Сериозна грешка“

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД, нарекувајќи го „сериозна грешка и пуста фантазија на советниците кои го влечат премиерот во погрешни одлуки“.

Министерот од крајна десница, кој е на социјалната мрежа X, тврдеше дека договорот ќе има спротивен ефект од предвидениот. „Хезболах само ќе стане посилен, а Израел, наместо да го порази, ќе го прифати неговото постоење“, напиша тој.

Во својата објава, тој исто така рече дека Израел мора да знае како да им се спротивстави на своите сојузници кога е потребно. „Има моменти кога дури и претседателот на Соединетите Американски Држави треба да знае како да каже „не“. Кога ние не знаеме, следниот пат ќе се соочиме со многу посилен и поопасен Хезболах“, додаде тој.

Бен-Гвир заклучи со доведување во прашање на спроведувањето на договорот, велејќи дека Хезболах не се повлекол јужно од реката Литани и изразувајќи сомнеж во способноста на либанската армија да го спроведе договорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер