Други спортовиЃорѓиевски: Горд сум што Кисела Вода е дел од „Европскиот младински олимписки фестивал 2025“ Се работи за најголемиот спортски настан кој ќе биде поддржан од Општина Кисела Вода, кој за првпат се одржува во Македонија и на едно место ќе собере 4000 учесници од речиси цела Европа. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со Претседателот на Македонскиот Олимписки комитет, Даниел Димовски и делегација од 49 земји, денес присуствуваа во салата во ООУ “Невена Георгиева Дуња” во Кисела Вода, каде се одржа подготвителен настан за претстојниот Европскиот младински олимписки фестивал 2025. Се работи за најголемиот спортски настан кој ќе биде поддржан од Општина Кисела Вода, кој за првпат се одржува во Македонија и на едно место ќе собере 4000 учесници од речиси цела Европа. Од 20-26 јули младински екипи ќе се натпреваруваат во 15 спортови. Како што беше договорено денес, спортски настани ќе има на повеќе локации во Скопје и во Куманово, а во салата во ООУ “Невена Георгиева Дуња” во Кисела Вода, ќе се одржуваат натпревари во бадминтон. - Со големо задоволство денеска присуствувам на оваа значајна подготвителна активност за претстојниот Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025. Особена благодарност сакам да упатам до Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димовски, за укажаната чест Општина Кисела Вода и јас, како нејзин градоначалник, да дадеме поддршка и да бидеме дел од организацијата на најголемиот спортски настан што досега се одржал во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал. Посебно ми е драго што денешниот настан се одвива токму во спортската сала на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, објект под надлежност на Општина Кисела Вода, кој ќе биде една од официјалните локации на фестивалот, каде што, конкретно, ќе се одржуваат натпреварите во бадминтон. Фокусот на фестивалот е да ги обедини младите од цела Европа преку спортот, да ги промовира пријателството, солидарноста и врвниот спорт. Како општина која континуирано вложува во спортот, ни претставува особена чест што нашата посветеност е препознаена. Инвестиравме во десетици спортски терени, современи сали и комплекси, и токму благодарение на тие резултати, денес Кисела Вода е дел од ова најзначајно спортско случување за млади во Европа. Со нетрпение го очекуваме фестивалот од 20 до 26 јули, кога околу 4000 учесници од 49 земји ќе се натпреваруваат во 15 спортови. Општина Кисела Вода ќе продолжи да дава активен придонес во реализацијата на фестивалот и ќе остане доследна на својата визија – преку спортот да создава здрави генерации, силна заедница и европска иднина-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Тагови: Македонскиот олимписки комитет Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook