Ѓорѓиевски: Човечките ресурси и сивата економија предизвици за македонскиот бизнис сектор - Канал 5

Ѓорѓиевски: Човечките ресурси и сивата економија предизвици за македонскиот бизнис сектор

Предизвиците кои се повеќе се исправени пред македонскиот бизнис секор се човечките ресурси,сивата економија и потребата од подобрувања за законската легислатива.

Ѓорѓиевски: Човечките ресурси и сивата економија предизвици за македонскиот бизнис сектор

Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија во текот на вчерашниот ден се оствари средба на претседателите на Стопанска комора на Македониja г-дин Бранко Азески, Стопанска комора на северо-западна Македонија г-дин Нухи Алиу и домаќинот преседателот на ССКМ г-дин Горан Ѓорѓиевски, информира денеска Сојузот на стопански комори во соопштение.

Во пријатна атмосфера и честитките за новата функција на Ѓорѓиевски претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија од страна на претседателите на другите две комори се отворија повеќе теми значајни за македонскиот бизнис сектор и можностите за подобро позиционирање и конкурентност во регионот и Европа. Во непредвидливата состојба на економско поле во рамките на европскиот пазар предизвикана од војната во Украина и енергетската нестабилност како ресурс престојат големи предизвици за малите економии како македонската и големата изложеност на европскиот пазар кој во одредени економски гранки бележи стагнација.

Предизвиците кои се повеќе се исправени пред македонскиот бизнис секор се човечките ресурси,сивата економија и потребата од подобрувања за законската легислатива кои би стимулирале раст на домашното производство и македонските компании се дел од барањата на бизнис секторот на кои сите трите комори во периодот ќе работат на заеднички предлози кои ќе бидат преставени пред македонската влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа.

Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка.

На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер.

На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание.

Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата.

Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи.

За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер