Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
1Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
МакедонијаЃорѓиевски: Бесплатно летување за дечињата од социјален ризик и спортските таленти од општина Кисела ВодаОбезбеден е бесплатен седумдневен спортско-едукативен камп за децата од социјален ризик и спортските таленти на територијата на општина Кисела Вода. Тие во август ќе заминат на бесплатно летување во Охрид каде што ќе можат да се дружат, социјализираат и да се едуцираат, сподели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Бесплатен летен спортско-едукативен камп во август, како што посочи, ќе посетуваат учениците од социјално ранливите семејства и младинските екипи составени од ученици кои учат во основните училишта во Кисела Вода, а се членови на спортските клубови регистрирани на територија на општината. -Овој бесплатен седумдневен камп на брегот на Охридското Езеро ќе биде повеќе од обично дружење. Тој претставува можност за нашите ученици да се социјализираат, да создадат нови пријателства и да ги развиваат своите спортски таленти. Верувам дека преку вакви активности, децата ќе можат да ги зајакнат своите спортски вештини, но и да научат важни животни лекции за тимска работа, дисциплина и посветеност, посочи Ѓорѓиевски и додаде дека иницијативата, која е плод на посветеноста за промовирање на спортот и здравиот начин на живот, ги промовира и еднаквите можности за учество и развој на сите деца без разлика на нивната финансиска состојба. Спортските кампови, како што нагласи, се стимул за спортистите да продолжат да се натпреваруваат и да ги постигнуваат своите цели, но исто така претставуваат и обид да се избегне маргинализацијата на децата од социјално загрозените семејства. -Сите деца, без разлика на нивната социјална позадина, треба да имаат еднаква шанса за успех и развој. Се гледаме на заедничко дружење од кое ќе останат многу спомени, изјави Ѓорѓиевски.Тагови: Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
БалканПетрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договоренотоНе постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното во европскиот компромис од 2022 г. , вели во интервју за бугарскиот дневен весник „Стандард“ министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова Чамова.„За жал, оттогаш до денес не постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното. Ние не поставуваме нови услови и не бараме ништо надвор од веќе договорената европска рамка. Довербата се гради кога преземените обврски се исполнуваат и кога гледаме конструктивен пристап насочен кон изнаоѓање решенија. Конфронтацијата и антибугарската реторика не ја приближуваат Македонија до Еу – тие само водат кон губење драгоцено време, вели Петрова за Стандард.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДен на рударите – МАНУ повикува на одржливо рударствоМеталите се предуслов за современите технологии, зелениот раст без пристап до суровини е неодржлив. На Македонија ѝ е потребно рударство како предуслов за остварување на зелената транзиција, истакна научниот соработник во МАНУ, Александар Дединец на настанот посветен на Денот на рударите. Дединец нагласи дека во земјава прашањето не треба да биде „за или против рударството“, туку „какво рударство сакаме“, а ваквиот пристап отвора простор за развој на проекти со современи технологии и високи еколошки стандарди, при што економските придобивки од минералните ресурси би се комбинирале со одговорност кон животната средина. Во тој контекст, тој смета дека „Иловица-Штука“ може да биде еден од проектите преку кои „ќе се тестира примената на принципите на одржливото рударство во Македонија“. „Имаме што да понудиме.. Стратегијата на МАНУ ги препознава бакарот,среброто, златото, оловото, цинкот, никелот, хромот, манганот, но и значаен број нанаметалични минерални суровини, како и јагленот и водата за пиење. Тоа е потенцијал кој не треба ниту да го преценуваме, но ниту да го игнорираме. Треба паметно да го истражиме, да знаеме со што располагаме и да знаеме под кои услови треба да се користи.“- Александар Дединец, научниот соработник во МАНУ Во земјава во моментов функционираат четири рудници за метални суровини, но само еден од нив произведува критичен и стратешки минерал – „Бучим-Боров дол“, каде се експлоатира бакарна руда. Кај новите инвестиции активен е проектот за ископ на критичен минерал – рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Инвеститорот го најавува проектот како најголема странска гринфилд инвестиција од над 340 милиони евра само во првите две години и би можел да ја позиционира компанијата меѓу трите најголеми извозници во земјата. „Не можеме да зборуваме за идниот економски развој без да зборуваме за енергија. Не можеме да зборуваме за иднина на енергетиката без да зборуваме за климатските промени, а се повеќе станува јасно дека не можеме да зборуваме за декарбонизација и зелена транзиција без да зборуваме за минералните суровини… За да изградиме нискојаглеродна економија ќе ни бидат потребни повеќе, а не помалку од одредени минерални суровини. Нема соларни електрани без минерални суровини, нема ветерни електрани без метали, нема електрични возила, батерии, мобилни телефони и современа електроника без суровини кои некаде треба да бидат истражени, ископани, преработени и ставени во функција. - Александар Дединец, научниот соработник во МАНУ Македонија има минерални суровини и долгогодишна рударска традиција, а зелениот раст без пристап до суровини за зелените технологии е недостижен, вели научната фела. Економското влијание на рударството не завршува на портите на рудникот. Еден рудник создава работа и за транспортни компании, градежништвото, машинската индустрија, лабораториите, инженерските и проектантските компании, локалните добавувачи и голем број мали и средни претпријатија, порача Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини. Инаку, според последните податоци, во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, а рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЛекарите апелираат да не се игнорираат евентуалните промени на кожата по летните одмориЛетото е во полна сила и докторите со апел да се носи светла лесна облека и задолжителен висок фактор за заштита на кожата.Секоја промена на кожата, рана која не зараснува две до три недели, пигментација која што не постоела се шири во должина и ширина има крварење, треба да биде аларам за јавување на кожен доктор или на пластичен хирург, со апел доктор Маргарита Пенева од клиниката за пластична хирургија. Најчесто реакциите на граѓаните се по завршување на летото и летен одмор кога кожата е подоложна на сончање. Но прегледите треба да се редовни преку цела година, да се следи фамилијарната состојба доколку има појава на меланом или канцер на кожа, луѓето со светол тен и светли очи треба почесто да се прегледуваат и неколку пати во годината, објаснува доктор Пенева. „Но најдобро е да кожата редовно да се прегледува, да се прават тие превентивни прегледи во текот на којшто се откриваат кожните карциномски промени се откриваат во најрана фаза. Во таа фаза лекувањето е наједноставно за пациентот и за лекарот и прогнозата е најдобра“ вели „д-р Маргарита Пенева Клиника за пластична и реконструктива хирургија. На клиниката за пластична хирургија во голем број случаи граѓаните доаѓаат навреме и резулатите се одлични, но има дел кои доѓаат доцна и многу често користеле одредени надри лекови што дополнително ја комплицираат состојбата, објаснува доктор Пенева. „Пациентите се почесто доаѓаат во порана фаза на кожните карциноми. Иако, го имаме и другиот крај на спектарот кога некои промени се третираат со надрилекарства или пациентот не се јавил подолго време на лекар. Од 3.18 Кога некоја промена на кожата ќе се изгори, потоа и ние да ја отстраниме таа е уништена и не можеме точно да знаеме за каква промена или кожен карцином станувало збор. И тие се тие промени што се случуваат доколку имало лекување со надрилекарство“, објаснува д-р Маргарита Пенева Клиника за пластична и реконструктива хирургија. Летото е во полна сила и докторите со апел да се носи светла лесна облека и задолжителен висок фактор за заштита на кожата, со порака доктор Пенева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter