Ѓорѓиев: Се оперира со листа на чекање од 120 -150 лица кои чекаат трансплантација на бубрег, - Канал 5

Ѓорѓиев: Се оперира со листа на чекање од 120 -150 лица кои чекаат трансплантација на бубрег,

Се оперира со листа на чекање од 120 -150 лица кои чекаат трансплантација на бубрег, но реалната листа е многу поголема.

Ѓорѓиев: Се оперира со листа на чекање од 120 -150 лица кои чекаат трансплантација на бубрег,

Се оперира со листа на чекање од 120 -150 лица што чекаат трансплантација на бубрег, но реалната листа е многу поголема, изјави денеска Душко Ѓоргиев, претседател на „Нефрон", на одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот.

- Во отсуство на континуирана и зголемена кадаверична трансплантација, таа листа не се збогатува затоа што треба да се прават типизации и испитувања што коштаат, а имаме многу мал број на кадаверични трансплантации или имаме години кога воопшто немаме. Нашиот апел е ако заживее кадаверичната трансплантација, тогаш и таа листа ќе биде зголемена, појасни тој.

Очекуваме, додаде, од оние 1500 - 1600, барем една третина да бидат на листата за чекање.

- Мораме да пофалиме дека листа за чекање за жив донор од познат дарител веќе не постои, туку секој што ќе обезбеди бубрег од сроден дарител, веднаш, за кратко време додека се направат типизациите, се трансплантира, одговори Ѓоргиев.

Од Здружението рекоа дека најмладиот член на дијализа има четири, а најстариот 92 години.

Директорката на Клиниката за нефрологија, доцент д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, меѓу другото, нагласи дека водечки причини за развој на хронична бубрежна болест, се уште се дијабетот и хипертензијата.

Даница Стојкова од Прилеп има 54 години и кажа дека до овој мај месец, веќе 13 години како оди на дијализа.

-Болеста ја открив уште поодамна, генетски е, мојот татко кој е починат исто така беше на дијализа 13 години, многу е битно да се открие во рана фаза. Немам сроден дарител, сум на листата на чекање веќе околу осум години. Се надевам дека еден ден, тоа ми е желба и сон, да бидам трансплантирана, од кадавер, за да се подобри мојот живот и животот на моето семејство, сподели таа.

Стојкова откри дека животот на дијализа е тежок, но е можен. Три дена во неделата по 4 - 4.5 часа, но без апаратот не може да се живее.

- Откако се тргнува на дијализа, се променува цел живот на една личност, самата таа и блиските мораат да се адаптираат, додаде таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Покрај лично во канцеларија, граѓаните  ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот  ќе  биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082,

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Официјални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места.

„Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“.

Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

„САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали.

Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер