3Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЖивотЃорѓевска: Трчањето ми донесе нова димензија во живототЃорѓевска ни открива дека трчањето ѝ донело нова димензија во животот. Маја Ѓорѓевска е првата Македонка што ја доби титулата Six star finisher, впечатливо постигнување во светот на маратонското трчање кое го добиваат оние кои ќе ги истрчаат шесте најголеми светски маратони во Њујорк, Чикаго, Токио, Берлин, Бостон и Лондон. Тркачите можат да ги завршат овие маратони во кој било редослед и со свое темпо. Крајната цел е да се заработи шестзвезден медал. Во МИА интервју Ѓорѓевска ни открива дека трчањето ѝ донело нова димензија во животот. Со неа разговаравмеме за искуствата од маратоните, процесот на подготовка и нејзините идни планови. Предизвикот си го задала во 2022 година, како цел да стане првата македонска што ќе ги истрча шесте светски маратони и успеала да го заврши подвигот за помалку од две години. - Пред две години во 2022 година си поставив голема цел за себе. Тоа ми беше мотив и предизвик секој ден да сум првата жена, односно првата Македонка која што го направила тоа да ги истрча сите шест светски маратони Њујорк, Чикаго, Токио, Берлин, Бостон и Лондон. Во 2022 во септември го истрчав првиот маратон Берлин, потоа следеше Њујорк истата година. Во 2023 ги истрчав Токио и Чикаго и оваа година Бостон и Лондон, што значи дека помалку од две години ми требаше да го направам сето ова, вели таа, во интервјуто што е спроведено во рамки на проектот „Зајакнување на девојки преку спорт“ на „Спорт Соушал Солушн“, поддржан од Францускиот културен центар и Амбасадата на Франција во земјава. Нејзината најмала временска дистанца од еден маратон до друг, изнесува шест дена, на два различни континенти. - Најголем предизвик беше да се истрчаат двата маратони оваа година. За шест дена имав голем предизвик за себе да го истрчам Бостон на 15 април и по шест дена на различни кониненти, со временска разлика, да го истрчам Лондон. Навистина е огромен напор кој што го издржав. Едноставно, кога човек сака нешто е подготвен да издржи сè. Во меѓувреме, Ѓорѓевска е активна и на домашен терен. Таа е редовен учесник на трките „Трчај бе“, „Халк ЕКО“ и „Колор ран“. - Можам да речам дека сум доста активна. Еве, дури и по враќањето од Лондон не можев да ја понудам понудата од организаторот на „Поетри ран“, Маријан Тортуров, ме покани како гостин, а воедно и како тркач, па ете, успеавме да се закитиме со прво место екипно на пет километри, иако јас ревијално учествував, тимот повеќе се посвети и го направивме тоа заеднички. Така што, да учествувам на како на пример на „Трчај бе“, „Халк ЕКО“ и „Колор ран“, на сите домашни трки. Но, секако зависи од мојот тренажен процес па одбирам на која трка ќе се појавам во текот на годината, образложува Ѓорѓевска. Нејзиниот тренажен процес се состои од различен тип на тренинзи кои ги прави во текот на неделата и се со различна километража. - Ако се подготвувам за маратон можеби тоа често знае да биде и над 100 километри неделно. Кога сум во процес на подготвување на маратон, секоја трка која што е добредојдена да го тестирам моето темпо, дали е тоа на 21 километар, го правам тоа. Сите други трки ги оставам за понатака, вели маратонката. Во однос на условите и инфрастуктурата кај нас, за луѓето што професионално се занимаваат со трчање, вели дека треба да се подобрат. - Дури и јас како посветен рекреативец моите тренинзи ги правам токму во парков и на кеј и можам да заклучам дека и покрај моето учество на светски маратони, моите подготовки ги правам на кеј и сметам дека треба да се подобрат условите за нас тркачите, бидејќи ние, освен овој тартан немаме патека за трчање конкретно за нас. Тоа се патеки кои што ги користат велосипедистите, пешаците, исто така, си поминуваат на тие траки, така што, ние доста поминуваме низ тој предизвик со такви услови сепак да можеме да настапиме на светски маратони. Односно, иако ги немаме истите услови за подготовка, сепак сум среќна што можев да учествувам на такви светски маратони и да бидам со тркачи од целиот свет, вели таа. Дополнува дека предизвикот бил скап, а сонот и финансиските средства, според неа, не одат секогаш заедно. Но, вели дека е среќна што зад неа застанале сериозни фирми како НЛБ Банка АД Скопје. - Доколку има човек сон и тежнее тоа да го оствари, не секогаш финансиските средства и сонот одат заедно. Затоа, ако е сон значи нешто што во тој момент е невозможно да се оствари. Јас сум многу благодарна што овој пат зад мене застанаа сериозни фирми НЛБ Банка АД Скопје покри дел од трошоците за Бостон, Лондон, како и за Њујорк. Другите три маратони ги покрив од сопствени средства. Исто така, тука да ги споменам и Еурофарм аптеки, Креатив хаус фирмата и Спорт Лаб. Би сакала да ја најавам и соработката, една сериозна болница застанува зад мене за сè што следи, а тоа е соработка со Аџибадем Систина која што ќе се грижи отсега понатака за моето здравје и за поголеми успешни резултати. Тоа е навистина голем ветер во грб за мене, вели Ѓорѓевска. Споделува дека не почувствувала родова нерамноправноста на маратоните од кои била дел, и дополнува дека жените сè повеќе ги има во сите спортови. - На овие светски маратони нормално си има квалификации кои што се различни како за жените така и за мажите и не се почувствував дека сум различна во однос на другите земји во светот. Од 2013 кога го истрчав мојот прв маратон и кога бевме седум жени целосно во Балканот, сега можам да кажам дека жените ги има во сè поголем број во сите спортови, па и во трчањето. Во меѓувреме, таа работи во НЛБ Банка АД Скопје, а кога не е на работа и не се подготвува за маратон времето го посветува на своите најблиски. - Си ја работам работата која што ја сакам. После работно време, кога не тренирам, иако тоа е само во денови кога одмарам, сакам исто така да прочитам добра книга, да се дружам со пријатели, да посветам време на моето семејство, на моите најдраги и сите што ги сакам, вели таа. Трчањето на Маја Ѓорѓевска ѝ донело нова димензија во животот, и направило таа да стане подобра верзија од себе. Нејзината препорака е сите што можат, да се занимаваат со физичка активност. - Трчањето за мене навистина донесе нова димензија во животот. Јас едноставно си го подобрив животов, односно, сето тоа придонесе да сум подобра верзија на себе и искрено препорачувам сите да почнат да се занимаваат со која било физичка активност – дали тоа ќе биде трчање, возење велосипед, пешачење, нешто што сакаат да го прават за себе, да се упорни и да не се откажат. Маратонката во моментов е во процес на опоравување од подвигот, но, најави дека размислува за нови предизвици со успешни резултати и достигнувања. Ангела Рајчевска/МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Петар БогојескиВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКолку пати дневно треба да се шета кучето? Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленикОсобините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно. За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија. Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот. Колку прошетка е доволно во текот на денот? На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра. Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор. Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот. Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош. Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата. Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот. Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеШто откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“. Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар. Маркетиншки ветувања и едноставна логика Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива. Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките. Што вели науката? Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот. Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот. Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот. Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24