Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение
2Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение
3Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
БалканЃорѓе Давид се расплака на прес конференцијата: Беше страшно она што го видов Рокерот Ѓорѓе Давид денеска организира прес конференција на која детално ја опиша несреќата што ја доживеа во Македонија, а во која загина жена.Давид пристигнал во студиото на Гранд со мал градски автомобил, видно нерасположен. На крајот на краиштата, тој за прв пат јавно проговори и откри што се случило кобната вечер кога предизвика сообраќајна несреќа на автопат во Македонија во која загина жена. -Прво, сакам првпат јавно да изразам сочувство за нејзиниот сопруг Ахрим, кој ја загуби сопругата. Неговата ќерка невнимателно влегла на коловозната лента, таа штотуку го положила возачкиот испит и по многу кратко време доживеала несреќа. Сочувствувам со неговата болка и грижа, имам ќерка која сакам да ја израдувам еден ден со кола и возачка. Кога јас првпат седнав зад волан, ми рекоа дека сум ставил куршум во цевката - рече тој. Како што изјавил, видно е физички „пропаднат“ поради лошиот сон и грижите што го снашле, но истакнува дека е психички силен. - Мислам дека се гледа дека сум физички видно скршен, тоа е затоа што не спијам, тоа се сцените кои штотуку почнаа да се враќаат. Многу ми е важно вие, медиумите, да разберете колку е ова важно. Мислам дека сум еден од најсилните кога е психата во прашање, но тоа се работи кои те кршат како кибрит. Ова е нешто со кое ќе се борам, морам да се предизвикам и да бидам што е можно посилен. Ова е сега моја борба со себе, отсекогаш сум бил победник, ќе бидам и сега - нагласи Ѓорѓе Давид. Тој детално објасни што се случило на автопатот кобната вечер. -Бев таму околу десетина дена, имав обврски во вид на вештачење, правеа траги од кочници и слично, имав голема помош од самиот старт од двајца. Имам адвокат кој ме застапуваше таму, го имам и овде во Белград. Еднаш месечно ќе треба да се јавувам во Обвинителство или кога ќе наредат, тоа е сега моја обврска – рече тој и додаде: -Три четири дена пред немилиот настан сѐ одеше одлично, бев среќен и горд на себе и бендот, се јавував дома... Во саботата наутро кога тргнав имаше ненормално невреме и снежна бура која беше доста изненадување. Стигнавме во Скопје, пиевме кафе, вечерта околу 7:15 заминав за Белград, некаде околу 2.400 метри пред граница се случи таа приказна. На таа приказна ѝ претходеше тоа што девојката влегла на спротивната лента на автопатот и директно се судрила со автомобил каде сите се повредени, не знам кои се последните информации. Лицето кое било во автомобилот кој тргнал во погрешен правец, мајката на девојката која била зад воланот, жената излегла од тотален шок, не знам што се случило и како. Таа беше неповредена или со полесни повреди, влегов во тотален мрак од зрак светлина што ми дојде од десно, од пумпата што беше десно. Во тој момент налетав на облаци од магла, ја намалив брзината и во еден момент ми се чинеше дека нешто не е во ред. Сè се случи во секунда. Свртев десно за да излезам од автопат за да пропуштам сѐ околу мене, таа несреќа, забележав жена со бел мантил и тоа се случи. Кога застана автомобилот, се контролирав, излегов од автомобилот, тоа што го видов беше страшно. Не знаев што се случува. Видов човек чија глава беше отворена, мислев дека го удрив. Ме однесоа во болница, па ми рекоа дека сум удрил жена - рекол Ѓорѓе Давид, пренесе Телеграф. По трагедијата тој поминал повеќе од четири часа во полиција. -Отидов од болница во полиција каде останав 4 и пол часа, потоа отидов во хотелот и легнав да спијам. Од 9 часот наутро во недела, до 11 и пол навечер имав 2.842 телефонски повици. Тогаш не можев да давам изјави, ме повикаа луѓе кои треба и не треба да ми се јавуваат. Се повлеков, сѐ беше наредено како на лента. Ме советуваа да не давам изјави, за да нема погрешно толкување. Бев загрижен за семејството, тие беа во катастрофална емотивна состојба. Прашаа што се случило, што ќе биде... Се смириле во вторникот, третиот ден по несреќата - рекол рокерот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаБерлин одби екстрадиција на Македонка: Женските затвори во Македонија не ги исполнуваат стандардите 21-годишна Македонка приведена во Германија, а во земјава осудена во отсуство на пет години затвор за сообраќајка со смртни последици во Македонија, нема да биде испорачана назад во земјава за отслужување на затворската казна. Германските власти процениле дека во македонските женски затвори нема хумани услови за издржување на казната. 21-годишната Викторија Зерзева набргу по сообраќајката била лоцирана во Германија, а тамошните власти ја привеле во имиграционен притвор, по што македонското министерство за правда побарало нејзина екстрадиција. Сепак, германските власти, сега го одбија барањето. -Надлежниот виш покраински суд ја прогласи екстрадицијата за недозволена од причини поврзани со внатрешното право. Судот смета дека не се обезбедени услови за сместување во притвор во Казнено-поправната установа Скопје, како и, во случај на подоцнежна правосилна осудителна пресуда, во Казнено-поправната установа Идризово, кои би ги исполнувале барањата на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи од 5 ноември 1950 година,- Министерство за правда. Станува збор за сообраќајна несреќа од 5 ноември 2024 година, во близина на општина Росоман, кога Зерзева при судир во друг автомобил го усмртила 40-годишниот Марјан Петровски од Белес. Во Германија, Вишите регионални за секој поединечен случај одлучуваат дали екстрадицијата е правно дозволена. Доколку постојат конкретни индиции дека лицето кое се наоѓа во притвор е изложено на ризик од нехумани или понижувачки услови во земјата во која треба да биде пренесено, екстрадицијата се одбива. Ова важи сè додека државата што ја бара екстрадицијата не даде обврзувачки гаранции дека лицето ќе биде сместено во услови што се во согласност со стандардите за човекови права. Во однос на нехуманите услови во македонските затвори со неповолен извештај пред два дена излезе и народниот правобранител. Во него се констатира дека затворите се пренатрупани, а во најголемиот затвор во земјава еден доктор се грижи за речиси 700 пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМуцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решениеДијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски .Дијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски уверува дека за евроинтеграциите на земјава има активен дипломатски ангажман во кој нема отстапки од македонските позиции. Без да навлегува во детали за бегството на Ива Михајлова која во изминатиот период предизвика заострување на реториката меѓу двете земји, Муцунски ја оцени како непристојна нејзината заштита во Бугарија. Најави дека во декември ќе има неколку министерски самити кадешто ќе има можност отворено за сите прашања да разговара со Чамова. -Навистина е непристојно една земја членка на ЕУ да станува прибежиште за тие што или се осудени за кривични дела или се лица за кои има степен на сомнеж и се водат постапки во рамки на судовите во државата. ќе бидам внимателен во јавните изјави, како што неодамна кажа и претседателот на Владата Мицкоски, Македонија нема интерес да стане дел од „естрадата“ поврзана со оваа тема во Бугарија, која е поврзана и со претседателските избори што се во тек во таа држава. Дијалог има и тој ќе продолжи. Воспоставуваме билатерален дијалог со Бугарија, но и со претставници на Европската Унија и со земјите членки на ЕУ,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија. Муцунски беше домаќин на неговиот колега од Словачката Република Јурај Бланар со кој зборувале и на оваа тема и за блокадата на Македонија во ЕУ. Бланар рече дека Братислава е голем поддржувач на македонските евроинтеграции и треба да направи исчекор со оглед на спроведените реформи, во спротивно вели фрустрациите ќе се зголемат. Потенцираше дека во проширувањето на унијата нема еднаков третман за сите земји кандидатки. -Словачка Република е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија помеѓу државите како Украина, Молдавија или Грузија. Не можеме да прифатиме европска интеграција заснована на европски стандарди да има различни критериуми за различни држави,- Јурај Бланар – министер за надворешни работи на Словачка. Муцунски и Бланар кажаа дека Македонија и Словачка имаат одлични билатерални односи и економска соработка која најавија дека ќе се продлабочува. Покрај тет-а-тет и билатерлната средба на делегациите, шефот на словачката дипломатија оствари средби и со претседателката Сиљановска Давкова и со собранискиот спикер Гаши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев За операции на очи наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Голема полициска акција се одвива на 10-ина локации во земјава, во чија истрага се опфатени вработени во Фондот за здравство и одговорни лица од позната приватна болница..Штетата на буџетот, што ја причиниле се проценува на околу еден и пол милион евра. Пред Фондот за здравство е Дејан Трајкоски.. Дејан, неофицијално, во истрагата е опфатен и поранешен директор на Фондот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00