Ѓоргиев за Канал 5: Придавката „македонски“ била и ќе биде во записниците - Канал 5

Ѓоргиев за Канал 5: Придавката „македонски“ била и ќе биде во записниците

Придавката македонски била и ќе биде во записниците од работата на Мешовитата комисија со Бугарија, уверува шефот на македонскиот тим историчари, професорот Драги Ѓоргиев.

Ѓоргиев за Канал 5: Придавката „македонски“ била и ќе биде во записниците

Тој во изјава за Канал 5 појаснува дека напредокот што е направен на вчерашната средба на никаков начин не ја засега употребата на придавката македонски за именувањето на народот, јазикот и историјата, како што објавија некои медиуми.

Напредокот што е постигнат, вели Ѓоргиев, се однесува на техничко ниво, односно за да нема блокада во работата, договорено е во записниците дословно да се цитирааат дискусиите на двете страни, со оглед дека и двете страни остануваат на своите позиции околу придавката.

-Дискусиите ќе се цитраат точно онака како што ги кажале дискутантите, дискусиите.При тоа мора да кажеме дека придавката македонски беше во употреба и пред тоа и сега е во употреба.Само во одредени ситуации тие инсистираат таа придавка согласно со Преспанскиот договор, согласно со договорот што го има меѓу Македонија и Бугарија за јазикот , тука да се применува то договор. И не станува збор за апсолутно целосно не употреба на придавката македонски . Во историски концепт таа придавка ќе се употребува, македонски народ, македонска нација,..Значи на технички начин сите дискусии и нивните и нашите ќе бидат целосно пренесени во записникот. истакна меѓу другото професор Ѓоргиев.

Следната средба, која ќе биде во полн состав и на која ќе се разговара за учебниците и заедничкото славење на Гоце Делчев, е закажана за 25 и 26 февруари..

Во видеото погледнете ја целата изјава на професор Драги Ѓоргиев.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мафијата криела над 3 милиони евра во ѕидови и под на стан кај Неапол- уапсени се 34 лица (ВИДЕО)

Италијанската полиција пронајде 3,2 милиони евра во кеш скриени во ѕидовите, подовите и мебелот на стан во близина на Неапол. 

Мафијата криела над 3 милиони евра во ѕидови и под на стан кај Неапол- уапсени се 34 лица (ВИДЕО)

34 лица се уапсени во голема операција против мафијата, објави Ил Матино. Парите беа откриени во населбата Каивано, а стануваше збор главно за банкноти од 50 евра.

Тие беа завиткани во целофан и наредени под подни и ѕидни плочки и во фиоки од плакарот. Полициските службеници ги извадија сноповите пари во пластични кофи и ги префрлија во оклопно возило. За време на претресот, беа пронајдени и 11 луксузни часовници „Ролекс“, оружје и опрема за кои полицијата вели дека се користеле за продажба на дрога.

Акцијата следеше по повеќемесечна истрага предводена од обвинителот за борба против мафијата во Неапол, Никола Гратери. Меѓу другото, истражителите ги прислушкуваа мобилните телефони на затворените членови на криминални групи. Гратери рече дека нивните мобилни телефони биле внесени во затворот од членови на семејството.

Кланот е толку силен во градот што владата е ставена под судска администрација.

„Само во еден дом, запленивме 3,2 милиони евра во готово, како и вредни часовници“, рече Гратери. Полицијата, исто така, добила информации за скриените пари и криминалната група од информатори кои дале изјави во замена за заштита.

Полицијата вели дека уапсените се поврзани со кланот Анџелино. Со текот на времето, овој клан го зајакнал своето влијание во Каиван толку многу што локалната самоуправа била ставена под судска администрација минатата година. Истрагата, исто така, го открила наводниот начин на организирање на криминални активности.

Обвинителот Гратери го опишал нивниот модел на работа како „претприемачки“, каде што луѓето работеле во смени и организирале трговија со дрога и изнуда. Против 34 уапсени лица се покренати сомневања за приклучување кон мафијашка организација, трговија со дрога, изнуда и поседување дрога за продажба.

Акцијата предизвика политички реакции

Пронајдените пари ќе бидат уплатени во Италијанскиот фонд за правда, кој финансира помош на жртвите на организиран криминал. Акцијата, исто така, предизвика политички реакции. Опозицијата го искористи случајот за да ја критикува владината програма „Каивано“, која беше започната во 2023 година за реновирање на запоставени области и борба против криминалот. Обвинителот Гратери, исто така, се осврна на проблемот со финансирањето на полициското прислушување. Тој иронично рече дека запленетите 3,2 милиони евра би можеле да ги покријат трошоците за прислушување во Неапол во текот на цела година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Британија се враќа во Европската Унија?!

Британскиот премиер Енди Барнам денеска изјави дека негов моментален приоритет е „обнова на мостови со европските сојузници“, но дека не ја исклучува можноста Обединетото Кралство (Велика Британија) повторно да се приклучи на Европската Унија .

Дали Британија се враќа во Европската Унија?!

Барнам, кој ќе го одржи својот прв состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторник не ја исклучи можноста за вклучување на пресврт во Брегзит во следниот манифест на Лабуристите, објави Гардијан.

Тој рече дека земјата прво треба да се фокусира на обезбедување поблиски трговски врски со ЕУ.

„Она што треба да го направиме сега е да преминеме на следното ниво во однос на постигнување практичен договор што дополнително ќе ја поттикне британската економија и тие прашања се од суштинско значење“, рече Барнам.

Граѓаните на Велика Британија гласаа на референдум во 2016 година за напуштање на ЕУ, а во 2020 година земјата официјално ја напушти унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Њујорк се сретна со словенечкиот премиер Јанша: Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат

Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша.

Мицкоски во Њујорк се сретна со словенечкиот премиер Јанша: Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат

Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу нашите две држави, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот.

Македонија останува цврсто посветена на европската иднина и на реформите кои носат подобар живот за граѓаните. Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности.

Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер.

Словенија е наш долгогодишен пријател и важен партнер во Европската Унија и НАТО. Заеднички интерес е ова пријателство да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството.

Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат. Ќе продолжиме да ја развиваме економијата, да ги спроведуваме реформите, да ги зајакнуваме нашите меѓународни партнерства и достоинствено да ги браниме македонските национални интереси.

Градиме пријателства, создаваме можности и работиме Македонија да биде економски посилна и почитувана држава, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер