Ѓоргиев и Јосифов во идеалниот тим на Европската лига - Канал 5

Ѓоргиев и Јосифов во идеалниот тим на Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација трета година по ред го освојува сребрениот медал во Европската лига.

Ѓоргиев и Јосифов во идеалниот тим на Европската лига
Иако црвено-жолтите не успеаја да се искачат скалило погоре, односно да стигнат до шампионскиот трофеј, сепак со прикажаните игри на осумте натпревари двајца наши репрезентативци заслужено се најдоа во идеалниот тим на лигата.
Капитенот Никола Ѓоргиев е избран за најдобар коректор, додека Ѓоко Јосифов за најдобар среден блокер.
Покрај македонските одбојкари, во „идеалниот тим“ се и тројца Украинци, Володмир Ковачук, Олексеј Клиамер и Максим Дрозд, како и Швеѓанецот Антон Вијк Тегенрот и домашниот дански одбојкар Расмус Нилсен.
Признанието „најкорисен играч на турнирот – МВП“ му припадна на Украинецот, Максим Дрозд.
Со триумфот во Европската лига селекцијата на Украина се избори за настап во Светската лига.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Гази Баба: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Кокиче“

Општина Гази Баба доби нова градинка. 

Мицкоски од Гази Баба: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Кокиче“

Секогаш кога пуштаме еден ваков објект во функција, јас сум посебно задоволен и среќен, бидејќи на овој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на многумина, се разбира најмногу на најмладите, на дечињата. Впрочем, намената на ваквите објекти е токму за нив, да почнат да другаруваат уште од најрани години, да стекнуваат знаења, пријателства, да се формираат како личности.

Првите 6-7 години во животот се секогаш најзначајни, и тие не пратат до крајот на животот. Вредностите коишто во првите 6-7 години ќе ги стекнете, вредностите со коишто ќе другарувате и ќе ги споделувате, тие вредности понатаму најверојатно ќе ве пратат до крајот на вашиот живот.

Така што, јас пред сѐ би сакал да им посакам на нив многу нови другарства, многу знаење, коешто понатаму во животот, живот ќе им значи.

Истовремено би сакал тука исто така да ги потенцирам квалитетот на живот на родителите, коишто сега имајќи ги овие објекти на располагање, ќе знаат дека нивните дечиња се во сигурни раце. Дека се во сигурни раце кај воспитувачите, кај оние коишто ќе се грижат за нивното образование и за нивниот живот и на тој начин ќе можат да се посветат на реализирање на своите професионални обврски и реализирање професионално како личности.

И на крај би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, на пратениците коишто доаѓаат од регионот на Општина Гази Баба, на советниците, на администрацијата, којашто ги поддржува ваквите објекти, бидејќи ова се навистина објекти како што кажавме од капитално значење, градиме автопати, градиме булевари, градиме градинки, градиме училишта, градиме игралишта. Сѐ се тоа капитални инвестиции, коишто за жал, со децении не биле изградени или да бидам уште подиректен и попрецизен, за жал, многу пати во минатото биле украдени.

Истовремено, му се заблагодарувам и на министерот за социјална политика, демографија и млади и заменикот за целокупната поддршка, којашто ја даваат при реализацијата на ваквите објекти, институционалната поддршка на централно ниво е исклучително значајна и важна и затоа мојата голема благодарност и почит како тим ја имаат сите учесници во реализирањето на овие проекти. И конечно на крај, на жителите коишто имаа трпение во целиот овој период.

Се надевам дека многу скоро ќе зазелени и партерното уредување околу објектот и навистина ќе го добие својот полн сјај и изглед онака како што го замислуваме.

Им благодарам и на крај и на воспитувачите, на директорката, на сите оние коишто ќе се грижат за образованието и воспитувањето на најмладите, коишто доаѓаат од ова населено место, изјави во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска актерка во секси бикини

Убавата српска актерка Ивана Дудиќ одлучила да помине еден жежок летен ден на вода, во друштво на своите блиски пријатели. 

Фото: Српска актерка во секси бикини

Таа сподели моменти на чисто уживање со своите следбеници на Инстаграм додека во бело бикини, со насмевка на лицето и пијалок во рака, самоуверено управуваше со бродот.

Со оваа објава, атрактивната бринета повторно покажа совршена линија, но и дека совршено ја контролира ситуацијата на брановите.

Таа потврди дека мисли на своите следбеници дури и додека крстари, со кратка порака „Ве сакаме“ што ја напиша преку видеото.

34 годишната Ивана Дудиќ се смета за една од најатрактивните и најдобрени актерки од помладата генерација. Сепак, како што вели самата, зад нејзината добра форма не стојат ригорозни диети или исцрпувачки тренинзи, туку рамнотежа, дисциплина и здрави навики што ги стекнала со текот на годините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Суперкомпјутерот објави кој ќе игра во финалето на Светското првенство?!

Светското првенство во 2026 година носи возбудливи елиминации. Кој ќе се бори за титулата во финалето? Еве што вели суперкомпјутерот.

Суперкомпјутерот објави кој ќе игра во финалето на Светското првенство?!

Светското првенство во САД, Мексико и Канада влезе во втората фаза, односно елиминациите. Утрово Канада стана првиот учесник во осминафиналето, а пред нас е возбудливо коло во кое ќе бидат елиминирани уште 15 репрезентации кои ја поминале групната фаза.

Ждрепката е таква што е јасно дека некој добил полесен пат, некој потежок пат. Што вели суперкомпјутерот?

Специјализираниот профил „Football Meets Data“ пресметал дека најголеми се шансите Франција - Аргентина да играат во финалето на Светското првенство на 19 јули.

На овој начин, би се повторило финалето на Светското првенство од Катар, едно од најдобрите досега, кога Аргентина славеше по подобро изведување пенали.

Патем, само еднаш во историјата сме имале „повторување“ на финалето, па така во 1986 година, Аргентина и Западна Германија играа за титулата, а повторно четири години подоцна - со различен исход.

Шансите за тоа финале моментално се околу осум проценти, додека малку помалку (6,5 проценти) се даваат за финалето Шпанија-Аргентина. Еве како изгледаат „најверојатните“ финалиња на Светското првенство:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер