Ѓорчев:За време на оваа влада во 2018 година има најлош наталитет и демографија

За време на оваа влада Зоран Заев и Мила Царовска 2108 година, минатата година е година со убедливо најлош, најкатастрофален наталитет и демографија во историјата на Македонија. 

Никогаш, никогаш во историјата на Македонија немало помалку бебиња.

Во 2018 година одени се 21. 333 бебиња тоа е најлош резултат откако има статистика и демографија во Македонија наназад 70 години.

Ако направите споредба на 2016 година последната година на владата на ВМРО-ДПМНЕ со минатата 2108 година ќе дојдете до податокот дека бројот на бебиња, на живородени деца во Македонија е намален 23.002 бебиња на 21.333.

Уште еднаш бројот на живородени бебиња, бројот на бебиња за време на оваа влада на Зоран Заев и Мила Царовска е намален од 2106 година од 23.002 бебиња на 21.333. Тоа е фрапантен пад, рецесија од 7,3 проценти.

Внимавајте, кога во економијата би имало рецесија од 7,3 проценти сите ѕвона на тревога би биле вклучени, а ова, ова е доказ, ова е врвен доказ дека во Македонија не дојде живот, дека она што демагошки Заев и превенцијата на СДСМ велеа за живот во Македонија, стана парола за живот во Шведска, за живот во Германија, Канада, секаде низ белиот свет.

Ова е пораз и фијаско на политиките на Зоран Заев и Мила Царовска кој што го укинаа надоместокот за трето дете, кој што водат антисемејни политики, кој што на крајот на краиштата придонесуваат преку иселувањето и економската катастрофа да имаме невидена катастрофа во Македонија и егзодус каков што немало 200 години наназад.

Ете тоа е она кое што сакаме да го порачаме од оваа прес конференција.

Навистина бројките се фрапантни и загрижувачки и тоа го гледаме исто така почитувани присутни и со падот на бројот на учениците во уписите.

Гледате дека деновиве имаме уписи во прво одделение, имаме упис во гимназиите, имаме уписи на Универзитетите и секаде бројките паѓаат затоа што имаме масовно иселување и егзодус во Македонија. Тоа е директен доказ дека едноставно Македонија имплудира, Македонија исчезнува, Македонија се сели и Македонија умира со ваквите политики на Зоран Заев и неговите 28 министри.

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински дронови

Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински беспилотни летала при ноќни напади.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека повеќе од 100 украински беспилотни летала се уништени или пресретнати ноќеска во напади на југозапад на руската територија и на полуостровот Крим.

Министерството соопшти дека армијата неутрализирала 51 дрон над Крим, 44 над регионот Краснодар, шест над регионот Белгород и еден над регионот Курск.

Во текот на ноќта, поморската противвоздушна одбрана и патролни бродови на Црноморската флота уништија шест поморски беспилотни летала во водите на Црното Море.

Руската армија редовно објавува дека одбила ноќни напади на украински беспилотни летала, но ретко се наведува толкава бројка, јавија западни медиуми.

Гувернерот на Белгородската област, која граничи со Украина, претходно денеска објави дека мајка и четиригодишно дете загинале при напад со беспилотно летало врз селото Октјабарски.

Во САД марихуаната ќе биде класифицирана како помалку опасна дрога

Американската Влада одлучи да ја категоризира марихуаната како помалку опасна дрога, што значи дека луѓето кои користат или ја поседуваат веројатно нема да одат во затвор во иднина.

- Премногу животи се превртени наопаку од нашиот неуспешен пристап кон марихуаната. Министерството за правда го прави следниот чекор за прекласификација на марихуаната од категорија еден во категорија три според федералниот закон, напиша американскиот претседател Џо Бајден на социјалната мрежа Икс.

Во САД наркотиците се класифицирани во пет различни категории. Досега марихуаната или канабисот беа во првата, а со тоа и најстрогата категорија, која вклучува хероин и ЛСД. Американската Влада сега побара марихуаната да биде вклучена во третата категорија. Како резултат на тоа, марихуаната ќе биде на исто ниво со стероиди или парацетамол.

Американските медиуми ја означија таа прекласификација како историска. Со прекласификацијата се признава медицинската употреба на канабисот, но целосна легализација низ државата за приватна употреба не е планирана. Марихуаната е веќе легална за рекреативни и медицински цели во повеќе од 20 американски држави, а само за медицински цели во повеќе од десетина други држави.

Од денеска пријавување за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисел Вода

Од денеска почнува пријавувањето за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисела Вода

Нова акција за собирање на кабаст отпад ќе се спроведе во општина Кисела Вода. Како дел од активностите за заштита на животната средина, во периодот од 27 мај до 07 јуни во сите месни и урбани заедници на територија на општината, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои бесплатно ќе го подигаат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради, информираат од Општина Кисела Вода.

Пријавувањето почнува денеска и ќе трае до 23 мај. Секој жител на општина Кисела Вода кој поседува кабаст отпад и сака тој да биде подигнат и депониран на соодветна локација, ќе може да закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Од Општината појаснуваат дека кабастиот отпад треба да биде поставен пред објектот кој е претходно договорен, на безбедна локација со што не би се загрозила безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот, кои ќе се движат во тој период.

-Само со одговорно однесување на секој поединец заеднички ќе можеме да ја одржуваме Кисела Вода чиста и уредна. Зачувувањето на природата и животната средина е наша заедничка обврска и одговорност, велат од Општина Кисела Вода.

Оттаму апелираме до сите граѓани да се приклучат на оваа акција, бидејќи, како што велат поддршката и заедничката ангажираност се од суштинско значење за заедницата.

притисни ентер