Ѓорческа со скок од една позиција на ВТА ранг-листата - Канал 5

Ѓорческа со скок од една позиција на ВТА ранг-листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа има скок од една позиција на ВТА ранг-листата. Скокот на ранг-листата се должи на 9-те нови поени освоени за пласманот во второто коло на ИТФ турнирот во Порторож, Словенија.

Ѓорческа со скок од една позиција на ВТА ранг-листата

Нашата најуспешна тенисерка сега има вкупно 385, освоени на 24 турнири.

Ѓорческа следниот настап треба да го има на ИТФ турнирот W100 во германскиот град Висбаден. Таа засега е дел од квалификациите на турнирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември

Во насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работење на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. 

Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември

Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.

Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција.

Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10% во однос на почетната цена на претходната аукција.

Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови.

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите.

По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ограничената брзина на американскиот сателитски систем „Старшилд“ ја отежнува одбраната на Украина од руските напади.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели.

Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен.

Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер