Ѓорческа се пласираше во финале во двојки на турнирот во Љубљана

Maкедонската тенисерка, Лина Ѓорческа со својата партнерка Џил Тајхман ќе игра финале во двојки на ВТА Челинџер турнирот во Љубљана кој е со награден фонд од 100.000 евра.

Ѓорческа се пласираше во финале во двојки на турнирот во Љубљана

Во денешното полуфинале, Ѓорческа и Тајхман беа подобри од Естел Касино (Франција) и Анастасија Детиук (Чешка) откако победија со 2-0 во сетови (6-1, 6-2).

Натпреварот траеше само 58 минути.

Нашата тенисерка и нејзината партнерка од Швајцарија ќе играат со Ромеро Гормаз (Шпанија) и Нурија Бранкачо (Италија) за трофејот од турнирот./МИА

Вкупно 597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање

Во рамки на сообраќајните контроли на МВР вчера на територија на целата држава издадени се 597 платни налози, од кои 200 се однесуваат на непрописно паркирање.

Вкупно 597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање

Вкупно 92 случаи се за непочитување на пропишаната брзина на движење.

Како што информира МВР, по основа на неносење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење евидентирани биле 47, односно 16 прекршоци.

Полициските службеници откриле 50 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи. Во осум случаи санкционирани се возачи кои управувале под дејство на алкохол, додека изречени се и четири мерки за возачи на моторцикли кои не носеле заштитна кацига, а изречени се и 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата вчера биле евидентирани 17 нерегистрирани возила во сообраќајот, а седум возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.

Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката Георгиева

Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) ја суспендира својата обвинителка Теодора Георгиева во рамките на покренатата административна истрага за евентуално прекршување на правилата на институцијата од нејзина страна

Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката Георгиева

Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) ја суспендира својата обвинителка Теодора Георгиева во рамките на покренатата административна истрага за евентуално прекршување на правилата на институцијата од нејзина страна, соопшти оваа тело на ЕУ со седиште во Луксембург.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, европската главна обвинителка Лаура Ковеши веќе ги информирала институциите на ЕУ дека против Георгиева, кој по потекло е од Бугарија, е покрената „истрага без преседан“ за утврдување дали таа го почитувала „целиот спектар на внатрешни мерки за заштита на интегритетот“ на постапките на Обвинителството.

- Независноста на сите наши обвинители е една од основните вредности на ЕППО, што е од суштинско значење за извршување на нашата мисија, се наведува во соопштението на Европското јавно обвинителство, без да се наведат дополнителни детали за истрагата.

Според медиумските извештаи, постапката против Георгиева е покрената откако таа решила да се повлече од истрагата за сомнежите за потенцијална корупција и изнуда при реализацијата на проектот за обнова на најголемото складиште за гас на Балканот во местото Чирен во северозападна Бугарија.

Истрагата за обновата на складиштето во Чирен започна во август 2024 година, откако Европското јавно обвинителство доби информации од „свиркачи“ за неправилности при реализација на проектот и потенцијален ризик по објектот. Врз основа на овие информации европските обвинители извршија претреси во бугарската државна енергетска компанија „Булгартрансгаз“.

За обновата на складиштето во Чирен беа издвоени 78 милиони евра од Европската агенција за клима, инфраструктура и животна средина (ЦИНЕА).

Георгиева изјави дека се повлекла од истрагата за Чирен затоа што „се чувствувала загрозена“ од бугарскиот пратеник, олигарх и лидер на Движењето за права и слободи (ДПС), Дељан Пеевски.

Пеевски, кон кого САД и Велика Британија имаат воведено санкции поради сомнежи за вмешаност во корупција, ги отфрли наводите на Георгиева.

„Гответе со Дракче“ - Штрудла со јаболка

Во четврток (27.03.2025) во емисијата гостин ни бeше  Славе Кочовски)

„Гответе со Дракче“ - Штрудла со јаболка

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување готови кори

1 кг. јаболка

250 гр. шеќер

50 мл. масло

1 ќесичка пециво

1 ќесичка ванилин шеќер

50 гр. ореви

цимет и шеќер во прав за поросување

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер