Ѓорческа против првиот носител во квалификациите на Вимблдон

Македонската тенисерка Лина Ѓореческа во првото коло од квалификациите на Вимблдон за противничка ја доби првата носителка Александра Круниќ од Србија.

Ова може да се оцени како тежок ждреб од причина што Круниќ во 2015 година играше и во 3. коло на главниот турнир. Круниќ има 24 години и се наоѓа на 99. место на ВТА листата.

Ѓорческа за која ова ќе биде прв настап на тревата на Вимблдон на денеска објавената ранг листа на ВТА се наоѓа на 180 место.

Според програмата мечевите од 1.коло од квалификациите во женска конкуренција треба да почнат утре. /МИА




Утре и задутре „Графити фест“ во Куманово

Во Куманово во урбаната месна заедница „Панче Пешев“ утре и задутре со почеток во 12 часот ќе се одржи шестиот „Графити фест“, најавија организаторите, „Форма Куманово“.

На фестивалот ќе цртаат уметници од повеќе држави, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Турција, Хрватска Словенија, Германија. Организаторите велат дека се обидуваат на секој начин да го разубават градот и да поттикнат да се развие оваа современа уметност и дел од урбаната култура.

Младен Трендевски од „Форма Куманово“ ги повика кумановци да го проследат „Графити фест“, на кој покрај уметници-цртачи, ќе има и целодневна музичка програма на која ќе настапат македонски диџеи, ќе има промотивни штандови и забава за сите генерации. Цртачите ќе цртаат на слободна тема на површини во урбаната заедница. Шаренилото од бои и контрасти ќе го разбие сивилото во градот, сметаат организаторите.

- Сите ќе творат на свој начин, фестивалот има ревијаен карактер, изјави Трендевски.

Организаторите сметаат дека полека јакне свеста кај населението за зачувување на изработените мурали во Куманово. Изминатиов период беа исцртани површини на булеварот „Октомвриска револуција“, на неколку локации, меѓу училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, населба Гоце Делчев, скоро цело градско подрачје во Куманово, во повеќе урбани заедници. Уметниците исцртаа мурали посветени на великанот Блаже Конески, репрезентативецот Столе Димитриевски, на Гоце Делчев, на хероите од „Диво Насеље“, на Бобан Трајковски...

- Нè радува што граѓаните го препознаваат нашиот труд, кажа Трендевски.

За годинашниов фестивал, „Графити фест“ „Форма Куманово“ доби поддршка од бизнис заедницата од државата.

Изложбата „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ со второ претставување во Виница

Во галеријата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница денеска ќе биде отворена ликовната изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ составена од дела од поранешни и сегашни студенти од Ликовната академија во Штип.

Изложбата е во рамки на Фестивалот на уметноста „Ликовна визија“, организиран од Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Изложба претходно беше поставена во македонскиот КИЦ во Софија, а нејзиното финално презентирање пред публиката ќе биде на 28 мај во Штип.

Целта на оваа патувачка изложба на делата од поранешни и сегашни студенти од Ликовната академија во Штип е да го претстави квалитетот на ликовната обука и да ја афирмира Ликовната академија во државата и регионот и да го претстави развојниот пат на креативните личности сврзани со институцијата.

Изложбата се состои од дела настанати во Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од 2019 до 2023 година. Застапени се делата на авторите Мики Иванов, Миа Ефремова, Крсте Тарабунов, Ивана Ивановска, Дејан Витанов, Вангел Крстиновски, Бојана Тошевска и Александра Јеротијевиќ-Андреева.

Д-р Иво Пецов, како куратор на изложбата, се погрижи да бидат избрани карактеристичните дела од ареалот на штипската Ликовна академија, во согласност со целите на нејзината програма – да образува кадри од областа на класичното сликарство.

Како што информираат организаторите, во образовната програма „Класично сликарство“ студентите работеле под менторство на различни наставници, и тоа: Викторија Егорова и Игор Егоров од Русија, Лариса Бондаренко и Владимир Недајборшч од Украина, како и македонските професори: Јордан Ефремов, Слободан Милошески, Ванѓа Димитријева-Кузманоска и Јана Јакимовска.

Жанровски, најзастапена е мртвата природа, а може да се видат и лицата на некои од авторите преку жанрот автопортрет, како и дела кои биле дел од специфични задачи од опфатените предмети во Ликовната академија.

Изложбата ги опфаќа класичните сликарски техники: маслени бои на платно, акрил на платно, сув пастел на хартија и слично, а форматите се галериски.

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ја презентираше новата веб страница на општината

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ја презентираше новата веб страница на општина Кисела Вода. 

Страната нуди 20 нови дигитални услуги што претставува втора фаза од дигитализацијата на општината како што е електронско аплицирање и плаќање на услугите како и елекстронски упис на деца во градинките.

притисни ентер