Ѓорческа ја совлада поранешната тенисерка број 1 Плишкова - Канал 5

Ѓорческа ја совлада поранешната тенисерка број 1 Плишкова

Голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од првото коло денеска ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 .

Ѓорческа ја совлада поранешната тенисерка број 1 Плишкова

Голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од првото коло денеска ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3) за 75 минути игра.

Плишкова во кариерата осум недели беше на чело на ВТА ранг-листата, а има и два финални меча на Грен слем турнирите (Вимблдон и УС опен).

Македонската тенисерка со сигурна игра во текот на целиот меч заслужено ја запиша највредната победата во кариерата.

Во првиот сет Плишкова направи брејк за водство од 2:1 во гемови, а по 4:2 за тенисерката од Чешка, Ѓорческа имаше серија од четири гема со два брејка за да го добие сетот со 6:4 во гемови. Во вториот сет единствениот брејк во четвртиот гем го направи Лина кога по 14 одиграни поени поведе со 3:1 во гемови и предноста од брејк ја зачува до крајот на сетот за 6:3 во гемови и конечни 2:0 во сетови.

Следна противничка во втортата рунда на македонската тенисерка ќе и биде Софија Костулас од Белгија, која денеска ја победи Вероника Фалковска од Полска со 2:0 во сетови (76(1) 6:4).

За Ѓорческа денеска останува уште еден меч. Во конкуренција на двојки со Чагла Бујукакчај од Турција треба да го завршат мечот од првото коло против словенечките тенисерки Далила Јакупович и Ника Радишич. Словенечкиот дубл води со 1-0 во сетови, а во вториот сет резултатот е 1:1 во гемови. Мечот почна во понеделникот и беше прекинат поради дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар

Министерството за здравство ја информира јавноста дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар.

МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар

Во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, во Општата болница во Гостивар се регистрирани:

- 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани;

- 140 прегледи на Педијатриското одделение, од кои 105 нови и 35 контролни;

- девет прегледи во Ургентниот центар.

Клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна, а бројот на хоспитализирани лица останува низок. Сепак, поради зголемениот број заболени во краток временски период, состојбата се третира како активен епидемиски настан и се спроведуваат сите потребни епидемиолошки, лабораториски и превентивни активности.

Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар врши теренски увиди, епидемиолошки анкети и прибирање податоци од заболените. Досега се доставени околу 140 формални пријави за заразна болест, кои се обработуваат од страна на епидемиолошките тимови на ЦЈЗ Тетово и Институтот за јавно здравје.

Институтот за јавно здравје е вклучен во истражувањето со стручна и лабораториска поддршка, а заедничките тимови продолжуваат со анкетирање на заболените, анализа на можните заеднички изложувања и микробиолошко испитување на земените примероци.

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, надлежен за прогласување епидемија на подрачјето на Гостивар е Центарот за јавно здравје Тетово. По спроведените теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, надлежниот Центар денес ќе донесе соодветна одлука.

Во тек се:

- епидемиолошко истражување и активно следење на новите случаи;

- микробиолошки испитувања на примероци од пациенти;

- испитувања на примероци од водата и процена на можните извори на зараза;

- надзор над водоснабдувањето и санитарно-хигиенските услови;

- координација со Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и локалните институции.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги следат официјалните препораки, да одржуваат редовна хигиена на рацете, а лицата со повраќање, дијареја, покачена температура или знаци на дехидратација навремено да побараат медицинска помош.

Јавноста ќе биде редовно и транспарентно информирана за лабораториските резултати, движењето на бројот на заболени и за сите дополнителни мерки што ќе бидат преземени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија на германски автопат: Автомобилот се движел во спротивна насока, загинаа две лица

Две лица загинаа, а три деца се тешко повредени во сообраќајна несреќа предизвикана од возење во погрешна насока на автопатот А45 во Хесен, објавија денеска германските медиуми. 

Трагедија на германски автопат: Автомобилот се движел во спротивна насока, загинаа две лица

Автомобилот, со кој во погрешна насока управувала 34-годишна жена, се судрил челно со возило управувано од 70-годишен маж во близина на Флорштат, соопшти Централната полициска управа на Хесен, пренесува весникот „Билд“.

„Според првичните сознанија, жената се вклучила на автопатот А45 кај клучката Флорштат (Хесен) во неделата, околу 01:52 часот по полноќ, движејќи се во погрешна насока. Неколку минути подоцна, нејзиниот автомобил со голема брзина се судрил со возилото на еден пензионер, кој се движел правилно во својата лента кон Хан“, соопшти утрово локалната полиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Со шеснаесеттиот центар за е-услуги во Крушево ги доближуваме услугите до секој граѓанин

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, денеска го промовираше новиот Центар за услуги во Крушево.

Андоновски: Со шеснаесеттиот центар за е-услуги во Крушево ги доближуваме услугите до секој граѓанин

Станува збор за шеснаесеттиот Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој на граѓаните им се овозможува полесен пристап до електронските услуги и непосредна поддршка при нивното користење.

Со отворањето на Центарот, дигиталната трансформација станува подостапна за жителите на Крушево и околните населени места. На овој начин директно се отстрануваат бариерите поврзани со возраста, степенот на дигитална писменост и местото на живеење.

„Ова е шеснаесеттиот ваков центар на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните ќе добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги. Со отворањето на Центарот во Крушево директно ги отстрануваме бариерите поврзани со возраста, дигиталната писменост и местото на живеење, со што ги доближуваме услугите до секој граѓанин“, истакна министерот Андоновски

Градоначалникот Нико Чонески ја нагласи важноста на Центарот за жителите на Крушево, кои отсега ќе имаат непосредна поддршка и поедноставен пристап до јавните услуги достапни по електронски пат.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со проширување на мрежата на центри за услуги, со цел придобивките од дигитализацијата да бидат рамномерно и практично достапни за сите граѓани, независно од нивната возраст, дигитални вештини или местоположба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер