Ѓорческа избори пласман во следната рунда на турнирот во Србија - Канал 5

Ѓорческа избори пласман во следната рунда на турнирот во Србија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во второто коло од ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Турнирот во Србија се игра за награден фонд од 30.000 американски долари.

Ѓорческа избори пласман во следната рунда на турнирот во Србија

Ѓорческа во мечот од првото коло за противничка ја имаше Романката Стефанија Бојика, која во вториот сет го предаде мечот. До моментот на прекин Ѓорческа водеше со 1-0 во сетови и 1:0 во гемови во вториот сет.

Следна ривалка на македонската тенисерка ќе и биде Виторија Паганети од Италија, која денеска ја совлада Рада Золотарева со 2-0 во сетови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Времето на СДС и ДУИ заврши, така треба да заврши и заштита на Филипче, Заев и другите

Времето на СДС и ДУИ заврши, така треба да заврши и заштита на Филипче, Заев и другите од нивните инсталации во правосудството.

ВМРО-ДПМНЕ: Времето на СДС и ДУИ заврши, така треба да заврши и заштита на Филипче, Заев и другите

Јавноста со години е сведок и гледа како правосудството, кое само себе се доведе до 2% доверба, не постапува еднакво кон сите. За едни, со тешки криминални дела и скандали, како на Венко Филипче за модуларните е заштитник, други експресно гони и суди и за мали прекршоци.

Едни од заштитените од правосудните органи, несомнено, се корумпираните и криминални структури во СДС и ДУИ, како што Венко Филипче, Зоран Заев, роднините на Ахмети и такви како нив.

Секогаш кога трагите за криминалот водат кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, се активираат нивните инсталации во правосудството и правдата стои во место, истраги нема, обвиненија паѓаат, се укинуваат пресуди.

Не може за трагедијата со 14 жртви во модуларната болница во Тетово да нема виновници, за случајот Ласкарци со 16 да се укине пресудата, а за случајот Мазут тежок 167 милиони евра, да нема ниту истрага. Тоа не е правдата која граѓаните ја бараат и очекуваат, тоа е правда која штити поединци.

На инсталираните и мал дел од корумпирани судии и обвинители, кои во време на власт на СДС и ДУИ, работеа по принципот за едни законот важи веднаш, а за луѓето блиски до овие партии секогаш да имаат изговор, одложување или заштита, треба да им е јасно дека нивното време одамна заврши.

Македонија заслужува независно и професионално судство и обвинителство, а не политички бастион во кој одлуките зависат од партиските и бизнис интереси на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за систем во кој нема недопирливи, нема привилегирани и нема да има заштитени. Правда и одговорност мора да има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

Отворањето предмет од ДКСК за можен судир на интереси кај едно лице не е истрага за проневера на 5,5 милиони евра.

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

Судир на интереси за член на Комисијата кој учествувал и како изведувач е само еден сегмент, за целиот скандал потребно е истрага од Обвинителството по трагот на парите.

Арамијата Мицкоски излажа дека прославата чинела „нула денари“. Јавноста дозна дека биле потрошени 5,5 милиони евра. Потоа молк, се кријат докуименти, договори, анекси, исплати, фактури. Се крие дури и данок дали е платен.

Така функционира организирана криминална група – крие за да не се откријат провизиите, матните зделки и злоупотребите.

Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски и имаат право да знаат каде завршил секој денар.

Затоа Јавното обвинителство мора веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација, да го следи текот на парите и да утврди како биле носени одлуките.

Каде е одлуката на Собранието на акционери на Лотароија која мора да постои согласно закон?

Кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари? На која седница била донесена одлуката, кој гласал за неа и врз основа на кој закон?

Како е можно јавен повик да трае само пет работни дена и со пристигнала само една понуда а по три дена веќе да се најави настапот на Гета?

Мора да се утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога и од кого бил договорен и кога бил исплатен.

Колку заработиле „Стардаст“, односно „Авалон“, и како биле вршени исплатите додека компанијата имала блокирана сметка?

Дали е платен данок воопшто?

Каде завршиле приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали за овие приходи бил платен данок?

Ова се премногу отворени прашања, премногу матни зделки. Премногу сокриени документи.

Ако сè чисто и законски, документите немаше да се кријат.

Да немаше што да сокрие, арамијата Мицкоски немаше да ги лаже граѓаните дека прославата чинела „нула денари“.

СДСМ бара целосна истрага од Јавното обвинителство.

Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“. Не можете да ги трошите парите на граѓаните, да ги лажете и потоа да ги криете одговорите.

Доаѓа времето на вистината и правдата.

Скопје, 16.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РСБСП: Европска недела на мобилност – помалку автомобили, повеќе простор за луѓето

Во периодот од 16 до 22 септември, РСБСП ја одбележува Европската недела на мобилност, кампања која поттикнува промена на секојдневните навики во движењето и избор на поодржливи, побезбедни и поеколошки начини на транспорт.

РСБСП: Европска недела на мобилност – помалку автомобили, повеќе простор за луѓето

Градовите денес се соочуваат со сè поголем број автомобили на улиците, што резултира со сообраќаен метеж, загаден воздух, бучава и намален квалитет на живот. Затоа Европската недела на мобилност потсетува дека секое патување не мора да започне со автомобил.

Пешачењето, возењето велосипед и користењето на јавниот превоз не се само алтернатива – тие се инвестиција во почиста животна средина, поздрави граѓани и побезбедни улици.

Секој ден кога ќе го оставиме автомобилот дома и ќе избереме да пешачиме, да возиме велосипед, да користиме јавен превоз или друг алтернативен превоз придонесуваме за намалување на загадувањето, ослободување на урбаниот простор и создавање похумани градови по мерка на човекот.

Но, одржливата мобилност е и прашање на безбедност. Улиците треба да бидат места каде децата безбедно ќе одат на училиште, каде постарите лица ќе можат без страв да се движат, а велосипедистите и пешаците ќе бидат рамноправни и почитувани учесници во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги повикува граѓаните во текот на Европската недела на мобилност да направат мал, но значаен чекор кон одржливи навики на движење.

Оставете го автомобилот кога тоа е можно.

✅ Пешачете до блиската дестинација.

✅ Изберете велосипед.✅ Користете јавен превоз.

✅ Споделете превоз со други лица.

Малите промени во секојдневното однесување носат големи придобивки за сите – почист воздух, поуредени градови, помал метеж и поголема безбедност во сообраќајот.

Да создадеме градови во кои приоритет ќе бидат луѓето, а не автомобилите.

#СекојЖивотЕВажен

РСБСП – Мобилност за сите. Безбедност за секого.

#ЕвропскаНеделаНаМобилност #МобилностЗаСите #СекојЖивотЕВажен #РСБСП #ОдржливаМобилност #БезбедностВоСообраќајот #ПешачиПовеќе #ВозиВелосипед #КористиЈавенПревоз #ПомалкуАвтомобилиПовеќеЖивот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер