Ѓоковиќ за одлуката на Синер да им даде отказ на тренерите: Не знам зошто го направи тоа - Канал 5

Ѓоковиќ за одлуката на Синер да им даде отказ на тренерите: Не знам зошто го направи тоа

Јаник Синер, лидерот на АТП ранг-листата, го изненади тенискиот свет со одлуката да ги отпушти двајцата свои тренери, Улисес Бадија и Марко Паничи, пред Вимблдон. 

Ѓоковиќ за одлуката на Синер да им даде отказ на тренерите: Не знам зошто го направи тоа

Тој самиот рече дека ништо сензационално не се случило и дека едноставно решил да направи нешто различно, но многумина беа шокирани од таа одлука. Еден од нив е Новак Ѓоковиќ.

За многумина, најдобриот тенисер на сите времиња, освојувач на 24 гренд слем титули, 40 мастерс и вкупно 100 АТП турнири, беше замолен пред почетокот на Вимблдон да го коментира потегот на Синер. Тој ја пофали работата на отпуштениот дуо, со кого самиот соработуваше, и призна дека е изненаден.

Ѓоковиќ: Мислам дека се одлични професионалци

„Работев со Мек и Ули, мислам дека се одлични професионалци и многу придонесоа за мојот успех. Искрено, не знам зошто Синер го направи тоа. И мене ме изненади бидејќи мислев дека неговата игра и физичка подготовка значително се подобрија во последната година и пол, а тие беа важен дел од тој тим“, рече Ѓоковиќ.

„Тешко е да се генерализира, секој играч е уникатен. Понекогаш се разликувате затоа што едноставно повеќе не се совпаѓате. Барате нешто ново, свежо...“, додаде тој.

Синер освои 19 турнири во својата кариера, вклучувајќи три Гренд слем титули. Тој е двократен победник на Австралија Опен (2024, 2025) и победник на САД Опен (2024). Оваа година играше во финалето на Ролан Гарос, а на Вимблдон стигна најдалеку во 2023 година, кога беше поразен во полуфиналето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на средби со конгресмени на САД во Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на одвоени средби, се сретна со конгресмените Кит Селф и со конгресменката Клаудија Тенеј.

Мицкоски на средби со конгресмени на САД во Вашингтон

„Денеска остварив средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.

На средбата разговаравме за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за нашите две држави.“

„Остварена средба со конгресменката Клаудија Тенеј од републиканската партија, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД.

На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји.

Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка.“, објави на ФБ премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неда Украден на 76 години, објави снимки од одморот: Не ѝ треба фотошоп (ФОТО)

Неда Украден привлече внимание со нови фотографии од одмор. 

Неда Украден на 76 години, објави снимки од одморот: Не ѝ треба фотошоп (ФОТО)

76-годишната пејачка позираше во виолетов костим за капење во џакузи на Ртањ, а објавата брзо предизвика бројни реакции од нејзините следбеници.

Комплиментите брзо почнаа да се редат во коментарите. Следбениците ѝ велеа дека изгледа одлично и го пофалија нејзиниот изглед и енергија, но не сите беа подеднакво воодушевени.

Некои коментатори се сомневаа дека фотографиите се дополнително обработени. „Не е потребен фотошоп“, ѝ рече еден следбеник, додека други коментираа и за можната употреба на филтри и уредување фотографии.

Неда Украден претходно објавуваше фотографии од одмори и во костими за капење на социјалните мрежи, а нејзиниот изглед често предизвикува голем број реакции од нејзините следбеници.

Неодамна го прослави својот 76-ти роденден

Пејачката го прослави својот 76-ти роденден на крајот на август. Родена е на 16 август 1950 година во Имотски, а во текот на својата децениска кариера сними бројни хитови и остана една од најпрепознатливите пејачки на регионалната музичка сцена. Повеќе од 400.000 луѓе ја следат на Инстаграм, со кои редовно споделува фотографии од настапи, патувања и приватен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаштаров сепак ќе игра за Македонија, Србите ја намалија еуфоријата

Откако периодов во фокусот на јавноста во Србија е Матеј Гаштаров со првотимскиот статус во Црвена Звезда, автоматски започна со приказната и за потенцијален негов „репрезентативен“ трансфер од Македонија во Србија.

Гаштаров сепак ќе игра за Македонија, Србите ја намалија еуфоријата

Како што е добро познато, Гаштаров е младински репрезентативец на Македонија со официјален повик за А репрезентацијата од денеска со официјализирање на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните мечеви во Лигата на Нациите.

Сепак, откако Гаштаров стана првотимец на Звезда, го доби пасошот на Србија, но со причина. За да може да биде „џокер“ У21 играч за тимот. Само, и исклучиво поради тоа и стартуваа шпекулациите за негово преселување во дресот на Србија. Еден од водечките луѓе во Фудбалскиот сојуз на Србија, Ранко Стојиќ пред десетина дена во едно интервју јавно кажа дека ќе се обидат да го преусмерат Гаштаров, но на сите тие шпекулации денеска им дојде крајот.

Селекторот Седлоски и официјално го повика Гаштаров, и објасни дека во личниот разговор со играчот на Црвена Звезда јасно е ставено до знаење за кого Гаштаров планира да игра.

Медиумите во Србија неволно ја пренесоа попладнево таа информација, очигледно сметајќи го ова за некаков си неуспех. Со кој што ќе мора да се помират очигледно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер