Дали ЕК ќе го продолжи рокот и по 6 септември, 9 земји бараат да се олесни воведувањето на новите гранични проверки
2Дали ЕК ќе го продолжи рокот и по 6 септември, 9 земји бараат да се олесни воведувањето на новите гранични проверки
ТенисЃоковиќ во четврт-финалето на Индијан Велс Вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со победа над Хрватот Марин Чилиќ извојувана во меч кој траеше 105 минути се пласираше во четврт-финалето на Мастерсот во Индијан Велс.Ѓоковиќ со резултатски пресврт по убедливо загубениот прв сет со 6-1 , успеа да слави победа над сезонава одличниот Чилиќ со 2-1 по сетови 1-6, 6-2 и 6-3 и да си обебзеди место меѓу осумте најдобри на Мастерсот 1000 во Индијан Велс. Противник на Ѓоковиќ во четврт-финалето ќе биде Французинот Жилиен Бено кој во осминафиналето беше подобар од Шпанецот Фелисијано Лопез со 6-3 и 7-6. Преостанатите четвртфинални двојки се : Долгополов – раониќ, Андерсон – федерер и Иснер – Гулбис. Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер по елиминациите на Надал, Вавринка, Бердих, Цонга.. се главните фаворити за освојување на титулата на првиот Мастерс во 2014Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБред Пит позираше за социјалните мрежи со многу помладата девојкаХоливудскиот заводник, 62 годишниот актер Бред Пит и неговата 29 години помлада девојка, Инес де Рамон, беа меѓу илјадниците гости на раскошната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси. Иако сè уште нема фотографии од невестата – таа успеа сè да задржи во тајност – познатите личности споделуваат свои фотографии на Инстаграм. Така, Инес и Бред се појавија на социјалните мрежи – што е и нивна прва заедничка фотографија на Инстаграм – благодарение на фризерката Лаура Занолета, која ја објави сликата. „Мојот омилен љубовен пар“, напиша Лаура во описот. Како што може да се види на фотките, Бред и Инес биле совршено стилизирани. Бред избрал елегантен црн костум, додека Инес носи чипкан црна фустан со спуштени прерамки. Бред Пит и Инес де Рамон ја започнаа својата љубовна приказна уште во 2022 година, и иако од самиот почеток се обидуваа да не откриваат никакви детали за себе, секој нивни чекор привлекуваше сè поголемо внимание. Неодамна, тие официјално живеат заедно, а како што тврдат извори блиски до двојката, нивната врска е многу сериозна.Тагови: Бред Пит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
МакедонијаМицкоски: Продолжуваме да испорачуваме проекти – Битола е меѓу главните приоритети на ВладатаНајпрвин поздрав до жителите на ова населено место во Општина Битола кои денеска се со нас овде. Да ги поздравам и медиумите, да ги поздравам битолчани, се разбира.Добар ден и од мене. Најпрвин поздрав до жителите на ова населено место во Општина Битола кои денеска се со нас овде. Да ги поздравам и медиумите, да ги поздравам битолчани, се разбира. Јас немам што да додадам дополнително на тоа што претходните говорници го кажаа, и градоначалникот и министерката, поврзано со овој проект, но и генерално со проектите за Општина Битола. Можам само да кажам дека продолжуваме и понатаму да бидеме посветени на испорачување на проекти, тоа коешто е за нас еден од врвните приоритети. За жал, изминативе децении направени се многу пропусти и за жал ги немаме сите ресурси на светот за да можеме сите тие пропусти да ги санираме. Но, се трудиме да работиме по приоритети еден по еден да ги решаваме, а притоа да не создаваме нови проблеми. Што се вели, да работиме, да го оставиме срцето на терен. Кој работи понекогаш и греши. Јас сакам однапред да се извинам за понекоја грешка којашто ќе се направи во текот на работењето. Не греши само оној којшто ништо не работи. Во политиката има и такви, коишто се навикнати на гледање сеир, наместо да ги засукаат ракавите и да направат нешто за граѓаните. Но, тие ќе останат секогаш на маргините на политичката сцена и ќе бидат дел од естрадата, а ние коишто сме ги засукале ракавите и сме влегле во решавање на проблемите, ќе продолжиме и понатаму да работиме и однапред се извинувам ако во тој процес на работа ќе се создаде и некоја грешка, ќе се направи некоја грешка, не била намерна. Ќе се потрудиме да такви грешки има се помалку, а тие коишто ќе се случат да ги поправаме. Честитам на градоначалникот, на Општината, благодарност и до советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Битола, на пратениците коишто доаѓаат од Битола, коишто се борат за проект повеќе да биде реализиран и инвестиран овде во Битола, на министерката, на колегите од Владата, кои имаат една цел, а тоа е како да забрзаме и како да ја направиме Македонија подобро место за живеење. Јас од името на Владата, како претседател на Владата, можам да кажам дека Битола е еден од нашите главни приоритети и ќе остане да биде еден од нашите главни приоритети. Дел од проектите ги споменаа претходните говорници, но тука пред сè сакам да го споменам автопатот којшто забрзано се гради, којшто треба да ги поврзе Битола со Прилеп. Но, и исто така, сериозно се размислува и очекувам многу скоро да почнеме и со реализација на уште едно решение, а тоа е експресно поврзување на Битола со граничниот премин Меџитлија со што драматично ќе се забрза движењето и ќе се растерети градот од гужвите коишто се случуваат. Така што, уште еднаш, благодарам на сите коишто испорачуваат проекти и повторно ќе кажам однапред се извинувам за некоја грешка, којашто е направена, не била намерна, а ќе се трудиме во иднина такви грешки да има сè помалку. Не греши само оној којшто ништо не работи, истакна премиерот Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДали ЕК ќе го продолжи рокот и по 6 септември, 9 земји бараат да се олесни воведувањето на новите гранични проверкиДевет европски земји бараат Евопската комсија да ги продолжи привремените олеснувања за новиот систем за влез излез , бидејќи државите не биле подготвени за неговата целосна примена.Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија во заедничко писмо од 7 јули, како што објавува политико му порачуваат на еврокомесарот за внатрешни работи Магнус Брунер дека првите месеци од функционирањето на системот покажале значителни потешкотии на граничните премини кои не смеат да се потценат. Иако ја поддржуваат имплементацијата на новиот Систем, министрите бараат Европската комисија да им овозможи на земјите и по 6 септември годинава да продолжат да го користат итниот механизам, кој истекува на почетокот на септември.. Итниот механизам им овозможува на граничните служби, во исклучителни ситуации, привремено да го суспендираат земањето отпечатоци од прсти и скенирањето на лицето за да се намалат гужвите на граничните премини, додека и натаму се евидентира секој патник што влегува или излегува од Шенген-зоната. Во писмото министрите бараат Европската комисија навреме да достави и писмени гаранции дека оваа можност ќе остане во сила и по истекот на сегашниот рок. Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, вели дека законодавството веќе предвидува одредени флексибилности, меѓу нив и можноста привремено да се прекине собирањето биометриски податоци во периодите на голем метеж, но нагласува дека Комисијата останува во „близок и конструктивен контакт“ со земјите кои имаат проблеми на одделни гранични премини.Според Ламерт постои силна заедничка волја системот успешно да профункционира насекадеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter