Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
ТенисЃоковиќ убедлив против Рубљов за ново полуфинале на Австралија опен Ново полуфинале во Мелбурн за деветкратниот победник на Отвореното првенство на Австралија во тенис за легендарниот шампион Новак Ѓоковиќ. Трофејниот Новак Ѓоковиќ претпладнево на фуриозен начин со максимални 3-0 по сетови 6:1, 6:2 и 6:4. во четвртфиналето на Грен слемот во Мелбурн го совлада Андреј Рубљов и по десети пат во кариерата обезбеди место меѓу четирите најдобри тенисер на турнирот во Австралија. Најдобриот српски тенисер одигра уште еден извонреден меч на овогодинешниот Австралија Опен. Два дена по убедливиот триумф над Австралиецот Алекс Де Минор, Ноле денеска во ист стил во четвртфиналето играше против рускиот тенисер Рубљов, моментално шестопласиран на АТП листата. Српскиот ас по само два часа и четири минути го „збриша“ од теренот одличниот Рубљов. Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде Американецот Томи Пол, кој рано утрово, по наше време, го победи сонародникот Бен Шелтон. Во првото полуфинале на Грен слемот во Австралија ќе играат третиот носител Стефанос Циципас од Грција и Русинот Карен Хачанов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаВечерва трето вонредно прскање против комарци во ДрачевоДрачево е најголемото жариште на епидемијата со „западен нил“, барем според досегашните потврдени случаи. Најголема загриженост предизвикуваат токму застоените води кои можат да се забележат на јавните површини тука, токму како што е случајот со овој канал. Тука, има соодветни услови за размножување на комарците кои го пренесуваат вирусот. На состојбата влијае и близината на Маркова река која на делови им нуди слични услови на инсектите, исто како и длабоките одводни канали околу населбата. Жителите на Драчево велат дека и покрај прскањето комарци има. Дел стравуваат и за своето, но повеќе за здравјето на децата, бидејќи знаат за нивните сограѓани кои поради тешка форма на болеста завршија во болница. Дел од граѓаните сметаат дека неоходни се дополнителни мерки за да ги заштитат граѓаните во поризичните области. Во Драчево повторно ќе се прска од копно, потврдуваат од Центарот за јавно здравје. Од Општина Кисела вода велат дека третото прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот вечерва, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци, а препораката до граѓаните е во овој период да ги затворат вратите и прозорците од своите домови. Во меѓувреме, од Инфективната клиника за Канал 5 потврдуваат дека има нови пациенти со воспаление на мозокот и мозочните обвивки кои се примени во болница, дел не се од Скопје, но кај нив се уште не е потврден вирусот, па засега остануваат триесетина кај кои со тестови е детектиран „западен нил“. Од нив 20 се хоспитализирани, а петмина се во критична состојба, на респиратор, сите се повозрасни, со хронични болести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаПожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, битолско33 часа непрекинат оган во битолскиот регион во општините Битола, Могила и Новаци. Најтешката битка пожарникарите ја имаа во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Голема помош во селото Лознани бил младиот Алекснадар Чепиговски од село Ивањевци кој со својот трактор орал директо низ пожарната линија и изгаснал голе дел од пожарот. „Јас со мојот трактор влегов директно во пожарот ја имав и прскалката и почнав да гасам. Бев многу внимателен да не настрадам, но она што можев направив и помогнав“, раскажува Александар Чепиговски село Ивањевци. Тимови од од противпожарната единциа Битола, Кавадарци и Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со жителите од селата ги совладаа пожарите. „Пожарите почнаа сите во исто време, може да се дел подмеметнати, дел да се од стрништа. Голема благодарност до жителите кои многу помогнаа со пожарите“, Тони Коњановски градоначалник на Битола. Првиот човек на ДСЗ Стојанче Ангелов објаснува дека вчерашниот ден бил најтежок со пожарите. Активен е пожарот кај скопско Студеничани. „Вчерашниот ден беше најтежок, пожарите во битолско се изгаснати има делови кои се на непристапен терен. Во Студеничани има оган во непристапен терен“, објаснува Ангелов. Едно лице било повредено со изгореници на дланките кое е на домашно лекување. На ниво на цела држава активни се шест пожари, два пожари се под контрола. ДСЗ и ЦУК со апел да се внимава со палење на огнови на отворено, бидејќи е кривично дело. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиењеГостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите.Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена пред малку на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. За да ги уверат граѓаните во исправноста, функционерите пиеја вода од јавната чешма пред општината. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска. Бети, дали со ова конечно се става крај на кризата во градот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: АХВ Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter