ТенисЃоковиќ – Степанек на стартот на финалето од Дејвис купот Големото финале во Дејвис купот меѓу тениските селекции на Србија и Чешка ќе стартува утре со мечот Новак Ѓоковиќ – Радек Степанек беше одлучено со денешната ждрепка во Белград.Србија и Чешка од петок до недела во Комбанк арената во Белград ќе играат за популарната „салатара“ трофејот од Дејвис купот. Ѓоковиќ и Степанек од 16 часот ќе го означат почетокот на големото финале во Девис купот , по овој меч на теренот во Комбанк арената ќе следува мечот Душан Лаковиќ – Томаш Бердих. Сабота како и на сите дуели во Девис купот е резервирана за мечот во двојки . Финалниот дуел кој се игра до три победи финишира во недела со уште два сингл меча, Ѓоковиќ – Бердих и Лајовиќ – Степанек. Домаќинот Србија предводена од вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ требаше да биде фаворит во финалето , но отсуството на повредениот Јанко Типсаравиќ и на суспендираниот Виктор Троицки донесе до значителна промена во односот на силите , што значи дека во следните три дена Белград ќе биде домаќин на супер интересно финале од Дејвис купот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредениДванаесет лица загинале, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран. Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Некои од повредените се во критична состојба. Проектилот погоди дел од аеродромскиот комплекс каде што се наоѓаат терминалите 3 и 4 за домашни летови. Ова беше трет напад врз аеродромот во Ријад во рок од неколку дена. 🇸🇦🇺🇸A US citizen is DEAD after Saudi airport attack 12 lives lost, over 300 wounded and counting… King Khalid Airport in Riyadh is in total CARNAGE. Officials insist the conflict is "contained," while ballistic missiles flatten civilian departure lounges and KILL travelers from nine other nations. This isn't distant crossfire anymore, it's a full-scale international inferno. Writer: Bri https://t.co/eBvPg9qvO0 — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 10, 2026 По нападот, сите аеродромски операции беа привремено прекинати, а летовите наменети за Ријад беа пренасочени кон други аеродроми. Очевидец изјави за Ројтерс дека по експлозијата видел неколку повредени лица како лежат во терминалот. Друг повреден патник раскажа дека видел нешто на небото непосредно пред ударот, по што дел од таванот се урнал во близина на излезот за качување во авион. Саудиската управа за цивилно воздухопловство претходно извести за жртви, повредени лица и материјална штета како последица на претходни напади. Тројца саудиски државјани загинаа во нападите на 8 октомври, додека еден судански државјанин почина претходниот ден во посебен напад врз аеродромот во Ријад. По најновиот напад, Хутите изјавија дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, кој тие го прогласија за зона на воени дејствија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтоле Наумов на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе НаумовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаСДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо МихајловПред 85 години партизаните излегоа за слободна држава. За слобода. За достоинство на човекот. Против фашизмот!Не за поделба. Не за понижување на народот. Не за да го викаат талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Тој речник не е од 11 Октомври и вредносите на НОБ. Тој речник е од друга традиција. СДСМ ја памети својата, секогаш на вистинската страна на историјата. Антифашизмот не е споменик туку обврска. Обврска да се живее во мир и слога, не во закани и раздор. Обврска законот да важи за сите, не само за оние што немаат кабинет. Обврска зборот да биде слободен, а медиумот да не биде во мрак. Обврска државата да работи за себе, не за интерес на друга земја. Иднината е во Европа. Во подобар стандард. Во плата од која се живее достоинствено и добро. Во пензија што не се крои секој месец. Во чиста и здрава вода. Во млади што остануваат дома, не затоа што им е речено да бидат патриоти, туку затоа што имаат работа, дом и иднина. Патриотизам е како се живее денес и што им се остава на децата утре. Да не мораат да земаат бугарски пасоши. Да не мораат да глумат патриоти заради личен интерес, туку вистински да ја сакаат и да ја почитуваат својата татковина. Лажниот патриотизам не смее да биде пат кон власт. Македонија не е депонија за туѓ проект. Не е рудник за туѓа муниција. Не е хардвер за туѓа дигитализација. Не е ходник за туѓа агенда. Не е каса за провизија. Македонија е заедничка татковина. Се работи за сопствената татковина, се живее со соседите. Доколку е потребно и се преговара, не се провоцира. Предците се бореа да имаме држава. Денешната генерација има битка за иднината. Битка против корупцијата и криминалот, за подобар живот, повисоки плати. Битка за слобода на говор и медиуми. Битка за нормален и достоинствен живот. Битка да живее чесниот свет, не банда. Заедничка битка за Европа. СДСМ е наследник на таа борба. Со демократски средства. Со вистина. Со глас на народот. Државата ќе ја вратиме во служба на народот. Иднината не е во поделбите. Иднината е во Европа, во правда и во слобода. Скопје, 11.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter