Ѓоковиќ со хит порака до Јокиќ: Кога ќе одиме на тенис, Јокара? (ФОТО) - Канал 5

Ѓоковиќ со хит порака до Јокиќ: Кога ќе одиме на тенис, Јокара? (ФОТО)

Никола Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до првата НБА титула во историјата.

Ѓоковиќ со хит порака до Јокиќ: Кога ќе одиме на тенис, Јокара? (ФОТО)

Тоа му успеа со сензационалните настапи во текот на плеј-офот и особено против Мајами Хит во финалната серија, па едногласно беше прогласен за негов МВП. Српскиот центар добива честитки од сите страни, а сега пристигна и онаа на Новак Ѓоковиќ, рекордниот освојувач на 23 Грен слем титули. За потсетување, српскиот тенисер во неделата го освои Ролан Гарос и со тоа стана тенисер со најмногу ГС титули во историјата.

„Честитки брате! Ти си најдобар“, напиша Ѓоковиќ покрај фотографијата на која Јокиќ јава додека ги носи своите трофеи. Ѓоковиќ потоа сподели уште неколку фотографии од него и Јокиќ кои ги добил од своите обожаватели. На една од нив две момчиња држат тениски рекети. „Кога ќе одиме на тенис, Јокара?“ Ѓоковиќ го праша Јокиќ и со тоа ги воодушеви љубителите на спортот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата жена

Светската здравствена организација соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.

СЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата жена

СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во Биолошки институт во Сибир.

Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни.

Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“.

СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“.

Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Ненадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово,  предизвика големи штети во непалскиот округ Горка.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации.

Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче.

Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи.

Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер