Ѓоковиќ со фотографија од магнетна резонанца ја покажа повредата на мускулот - Канал 5

Ѓоковиќ со фотографија од магнетна резонанца ја покажа повредата на мускулот

Најтрофејниот светски тенисер во историја одговори на коментарите добиени по предаденото полуфинале против Зверев на Грен слемот во Мелбурн. 

Ѓоковиќ со фотографија од магнетна резонанца ја покажа повредата на мускулот

Популарниот Ноле му го предаде полуфиналниот меч во Мелбурн на Александар Зверев, поради повредата со која се здоби на дуелот против Карлос Алкараз во четврт-финалето.

По таа одлука Ѓоковиќ не само што беше исвиркан додека го напушташе теренот „Род Лејвер“, туку имаше и такви кои отидоа чекор понатаму и отворено го обвинија дека „глуми“ повреда.

Меѓу нив беа тениските легенди Џон Мекинро и Борис Бекер.

Поради сите овие коментари Ѓоковиќ објави видео од повредата на кое јасно се гледа дека мускулот е напукнат. Само ова ќе го оставам овде за сите спортски ’експерти’“, напиша Ѓоковиќ во описот на својата објава.

Сега се очекува изјава од тимот на Ѓоковиќ за тоа колку време ќе трае рехабилитацијата на легендарниот шампион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Левица има јавен договор со Мицкоски

Левица повторно ја игра улогата на сателитска партија на ВМРО-ОКГ. 

СДСМ: Левица има јавен договор со Мицкоски

Наместо да биде дел од опозицијата, таа продолжува да ја штити власта на Христијан Мицкоски со напади врз СДСМ и со спречување на секој обид за опозициско обединување.

Левица не е опозиција. Тоа е партија за ништо.

-Партија против НАТО во земја членка на НАТО.

-Партија против ЕУ во земја кандидат за членство во Европската унија.

-Проруска партија во земја чиј стратешки партнер е Соединетите Американски Држави.

Во земја каде што 77 отсто од граѓаните се за ЕУ интеграција, а 72 отсто се за НАТО, Левица отворено се позиционира против волјата на мнозинството граѓани.

Тоа е нејзината единствена улога, да создава поделби во опозицијата и да му помага на Мицкоски да остане на власт.

Се знаат сите кои од Левица одеа на средби со Мицкоски. Се знае и кои пратеници останаа во собраниската сала заедно со ВМРО-ОКГ во моментот кога опозицијата ја напушти седницата по напредите на Мицкоски.

Тоа не е опозициско однесување. Тоа е јавна и јасна соработка со власта.

Левица нема таен договор со Мицкоски. Договорот е јавен и јасен.

Левица е создадена и финансирана за да ја разбие опозицијата, да ја напаѓа СДСМ и да му обезбеди на Мицкоски дополнителен глас во Собранието кога му е потребен.

Кога ВМРО-ОКГ нема одговори за реформите и за европскиот пат, Левица излегува со лажни обвинувања за да го одбрани режимот.

Левица не е опозиција. Таа е продолжена рака на Мицкоски.

Граѓаните веќе ја препознаа оваа улога. Сателитските партии како Левица постојат само додека трае потребата од нив. Кога ќе заврши таа потреба, ќе исчезнат исто како што исчезна и ЗНАМ.

Скопје, 15.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена убиена на улица во Германија: Сведоците го задржале осомничениот сопруг

Жена е убиена во центарот на Келхајм, Германија, а нејзиниот сопруг, кој е осомничен за нападот, е уапсен откако сведоците го совладале и го држеле додека не пристигнала полицијата, соопштија денес властите.

Жена убиена на улица во Германија: Сведоците го задржале осомничениот сопруг

Според полицијата во Хесен, маж ја нападнал својата сопруга со нож синоќа на улица, нанесувајќи и смртоносни повреди, а жената починала на местото на настанот, објавува „Дер Шпигел“.

Сведоците на нападот интервенирале и го задржале осомничениот додека не пристигнале брзата помош и полицијата, кои потоа го уапсиле.

Мажот бил повреден за време на апсењето, соопштија полицијата и обвинителите во Франкфурт.

Мотивот и околностите на злосторството сè уште не се познати.

Истражителите спроведоа истрага на лице место и форензичка работа во текот на ноќта, а полицијата соопшти дека имало многу сведоци бидејќи нападот се случил на прометна локација во близина на пазар, каде што има неколку продавници и објекти.

Свештеници биле и на местото на настанот за да им дадат поддршка на присутните, а полицијата нагласила дека сведочењето на таков настан претставува голем психолошки товар за очевидците.

Келкхајм, град со околу 28.000 жители, се наоѓа во округот Мајна-Таунус, во близина на Франкфурт на Мајна.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компанијата Sivriler Group во посета на ТИРЗ Скопје - нова потенцијална инвестиција

Директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари работна средба со Ахмет Сиври, директор на турската компанија Sivriler Group, која разгледува можност за реализација на нова инвестиција во Македонија. 

Компанијата Sivriler Group во посета на ТИРЗ Скопје - нова потенцијална инвестиција

На средбата беа презентирани можностите што ги нудат технолошките индустриски развојни зони, условите за инвестирање, како и поддршката која ДТИРЗ ја обезбедува за компаниите во секоја фаза од инвестицискиот процес.

Во рамки на посетата на ТИРЗ Скопје, претставниците на компанијата се запознаа со инфраструктурните капацитети и условите кои се нудат за инвеститорите. Истовремено, беше разгледан и инвестицискиот проект, кој предвидува вложување од 25 милиони евра и отворање на повеќе од 100 нови работни места. Согласно првичните планови, инвестицијата на Sivriler Group ќе биде насочена кон воспоставување производствен капацитет кој ќе биде извозно ориентиран.

Директорот Димовски истакна дека ДТИРЗ останува посветена на активното привлекување нови инвестиции и создавање услови за долгорочен развој на компаниите, преку брза и ефикасна институционална поддршка. Тој посочи дека секој инвеститор кој ја препознава Македонија и ТИРЗ како атрактивна дестинација за развој на својот бизнис е доказ дека земјата располага со конкурентни услови и стабилно деловно опкружување.

Претставниците на Sivriler Group изразија задоволство од условите за инвестирање и од можностите што ги нуди Македонија, нагласувајќи дека посетата претставува значаен чекор во понатамошната евалуација на инвестицијата и продолжување на разговорите за нејзина реализација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер